Mila mamicka -> RE: Со или без свекрва дома? (15.9.2014 11:45:24)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010 Me interesira samo vie sto se falite od svekrvite, dali koga ne bi vi gi plakjale smetkite , koga od zdravstveni pricini nema da mozat decata da vi gi cuvaat i koga nekogas ke mora i finanskiski da gi potpomagate dali i togas ke sakavte da ziveete vo zaednica??? Михаела 2010, свекрва ми и свекор ми ни сега не ми ги плаќаат сметките, ниту пак ме издржуваат. И двајцата со мм сме вработени, земаме доволно пари, и имаме за убав живот. Свекрва ми е толку добра жена, и толку многу има направено за мене, што и утре да легне во постела, не дај Боже, и да не може веќе никако да ми помага, пак би живеела во заедница со нив, и би им помагала на секаков начин. Искрено да ти кажам, имам размислувано што би било доколку се случи тоа, и сум го донела тој заклучок. Како досега, тие нас ни помагаат, од утре да треба, од било какви причини, спремна сум за обратната ситуација. Постојат вакви свекрви дефинитивно, познавам вакви свекрви и им завидувам!!! Можеби како ке се поставиш така ке ти биде... Искрено да кажам, нема некоја моја другарка или пријателка, која што ја запознала мојата свекрва и нашиот однос, да не ми рече дека ми завидува што ја имам. Не сакам да излезе дека многу се фалам, ама навистина не можам да кажам лош збор за неа. Неа не можеш да ја видиш намуртена, секогаш ги стави туѓите (читај нашите) потреби пред своите, секогаш е насмеана, готви по наша желба, и никогаш, ама никогаш ми нема преречено дали ми е растурено дома, или пак сум си купила нешто ново и сл. И тоа што најмногу ме радува е дека никогаш не ме озборува пред пријателки, комшии и сл. Можеби ќе речете, од каде знаеш дали не ти зборува позади грб, ама па секоја нејзина пријателка ми има речено, абе што снаа беше ти, свекрва ти цело време те фали. Е таква е мојата свекрва, и затоа многу си ја сакам, и со задоволство и викам мамо. А секако, многу зависи како ќе се поставиш и на почетокот, ние одма после свадба се договоривме како ќе се функционираме заедно, и фала Богу, досега (4 годин) добро ни оди.
|
|
|
|