Весна -> RE: Со или без свекрва дома? (11.4.2010 23:37:38)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Весна Ау луѓе, па зарем јас сум изрод на темава?! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Јас многу си ја сакам и не би ја пуштила да мрдне од дома. Ах, колку би сакала на сите да ви ја покажам, да ја запознаете, неверојатна жена, блесава е целосно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] . Си се слушаме и помагаме постојано. Ептен ми се има погодено. Барабар со нас си гледа филмови (научна фантастика), ’скајпа’ со другарките, штрачка по интернет, праќа откачени клипчиња, душа е! А свекор си немам, за жал, починат е веќе шест години. И тој бил прекрасен човек и прекрасен брак имале. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Но, секако мамичка ми е само една и најсакана, најдобра, незаменлива. Често ми недостига, посебно сега во бременоста, бидејќи сакам и со неа да ја споделам радоста што расте во мене. Ама ај, среќа близу ни е Куманово, па ми доаѓа на викенди [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley14.gif[/image] И така ми ви, свекрвицава ми е закон! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Ај да си се цитирам, т.е. да си го повлечам зборот [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]. Јес да е закон женава, се` уште ми е драга, но откако Јана ни се роди некако не си ја знае границата до кај и е - долга приказна, илјада биднини и небиднини. Башка ќе ја замолам да не тропа со чиниите дека Јана спие и многу се штрека, таа само ќе ми рече - е де, па треба да се научи на бука-, косава ми се крева, а ќерка и` кога спие седи како попче, ни да шушне зашто тоа и` пречи на ќеркичката и` која ете не ја научила да спие во бука по цели 24 години. Еееее ова се вика „ко ме је вукао за језик!“ Заклучок: БЕЗ СВЕКРВА ДОМА! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
|
|
|
|