|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Нешто неверојатно :)
20.8.2009 13:40:59   
profesorica
user posted image
Станува збор за семејство кое што е невозможно да не ве остави без здив.
http://www.sixgosselins.com/about/about.html

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Нешто неверојатно :)
20.8.2009 18:37:28   
katence
user posted image user posted image gi imam gledano na televizija mnogu se interesni samo na zalost momentalno se razveduvaat.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Нешто неверојатно :)
20.8.2009 20:43:39   
Iva
Не сум знаела дека се разведуваат, баш се слатки и јас ги гледам на телевизија.

(Одговор на членот katence)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Нешто неверојатно :)
9.10.2009 13:41:30   
mother 29
БЕБЕ ПРЕЖИВЕАЛО 20 МИНУТИ БЕЗ КИСЛОРОД ВО УТРОБАТА НА НЕГОВАТА МАЈКА
Новороденче од америкнската сојузна држава Ариозна преживеа 20 минути без кислород во мајчината утроба, откако мајаката, која  била пред породување, доживеала мозочен удар и починала на пат кон болница.
user posted image
Докторите со царски рез го извадиле детето од утробата, во која тоа без кислород минало цели 20 минути.

Според докторите, шансите за да преживее новороденчето биле многу мали, бидејки работата на срцето била незабелжлива поради што сметале дека бебето е веќе мртво.

Откако го извадиле девојчето од мајчината утроба, веднаш го приклучиле на апарат кој ја намалува температурата во мозокот со цел да може непречено да работи.

На апарати девојчето било приклучено 72 часа и цело време било под надзор од докторите.

- Апаратот на кој го приклучивме новороденчето, целосно го успорува метаболизмот за да може мозокот полесно да ја совлада тешката физичка состојба и да не дојде до оштетување, изјави претставник на болницата.

По кратко време бебето не давало знаци дека ќе преживее и од болницата го повикал  таткото за да  дозволи да го исклучат девојчето од апаратот што го одржувал во живот. Но, лекарите сепак решиле да причекаат уште 24 часа за да видат дали нешто ќе се промени во здравствената состојба на бебето.

За време на прегледот на мозочната активност кај новороденчето, тоа почнало да реагира, а активноста на мозокот била нормална како кај здраво бебе. По неколку дена таткото си го земал девојчето дома.

Докторите кои помагаа во лечењето на новороденчето велат дека е вистинско чудо што бебето преживеа.
user posted image  user posted image  user posted image  

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Нешто неверојатно :)
9.10.2009 13:50:31   
elle
тоа е еден доказ дека господ прави чудаuser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Нешто неверојатно :)
9.10.2009 13:58:55   
mami
леле..колку сакам приказни со срекен крај...user posted image user posted image user posted image user posted image за бебушката

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Нешто неверојатно :)
9.10.2009 14:04:28   
profesorica
браво за чудотоuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Нешто неверојатно :)
31.10.2009 14:42:21   
mother 29
Жена трудна со 12 бебиња

Жена наскоро ќе го сруши рекордот раѓајки 12 бебиња.
Учителката од Тунис, очекува 6 момчиња и 6 девојчиња, со што ќе го сруши рекордот од 8 деца поставен од Nadya Suleman во Јануари.
Мајката чие име допрва ќе го изјавуваат, е во нејзините триесетти и живее во град југо-западно од главниот град на Тунис. Таа била на третмани за плодност поради претходните два кои биле неуспешни.
Таткото во очекување, учител во средно училиште, изјавил дека тој и неговата жена мислеле дека станува збор за близнаци но биле пресреќни кога разбрале дека се дванаесет.
Тој изјавил дека неговата жена сакала природно породување, но експертите ги советувале дека е невозможно и дека шансите за преживување на сите се мали.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Нешто неверојатно :)
1.11.2009 21:25:13   
mami
ајдеее..е ова е веќе премногу...и онаа со 8 беше грозна а не па оваа со 12..се тоа убаво но кога само ке ми текне каков и колкав ке и биде стомакот, целиот ишаран со стрии(мислам нема шанса да не и испука) ауу ужас...

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Нешто неверојатно :)
10.11.2009 14:29:50   
profesorica
Најниската мајка на светот повторно трудна

Стејси Хералд, најниската мајка во светот наскоро ќе го роди своето трето дете, и покрај предупредувањата од лекарите дека бременоста сериозно може да и го наруши здравјето.
user posted image
Триесет и петгодишната Американка од Кентаки, висока само 120 сантиметри, и претходно ги игнорираше советите на лекарите и сега е мајка на две здрави деца. Стејси никогаш не ја достигна својата нормална висина бидејќи боледува од osteogenesis imperfecta, болест која предизвикува кршење на коските и недоразвиеност на белите дробови.

Стејси и нејзиниот сопруг Вил, кој е висок 175 сантиметри со нетрпение го чекаат раѓањето на приновата. Сепак, Стејси признава дека третата бременост и е „неудобна“ и оти поголемиот дел од времето е в кревет. Но, и покрај сите препреки, таа и нејзиниот сопруг сакаат уште деца. Двојката се запозна во 2000 година, додека заедно работеле во супермаркет и очајнички сакале да основат семејство.
user posted image
Кога првпат остана бремена, докторите ја предупредија дека бебето, како што ќе расте во нејзината утроба може да почне да и ги уништува органите.

- Цел живот родителите ми велеа дека можам да направам се што ќе посакам. Но, потоа лекарите ми рекоа дека не можат да основам семејство. Тоа навистина ме заболе, вели Стејси.
user posted image
Ќерката Кетери се родила со царски рез, а девојчето ја наследило болеста на Стејси, што значи дека никогаш нема да порасне до нормална висина. Двојката продолжила да живее со вообичаеното темпо, а две години подоцна се родила нивната втора ќерка Макаја, а сега се очекува и раѓањето на синот.

- Со текот на времето, станува се потешко и потешко. Во моментов не можам да ја гушнам својата ќерка. Сепак, сите мои деца се чудо, тие ми се најубав подарок, вели Стејси.
user posted image


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Нешто неверојатно :)
10.11.2009 14:37:47   
mother 29
немам коментар

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Нешто неверојатно :)
17.11.2009 15:23:59   
mother 29
Кришна и Тришна успешно раздвоени

Лекарите од Австралија денеска успешно ги  раздвоија близначки од Бангладеш, после 27 часа операција во која учествуваа 16 лекари и медицински сестри. 

Кришна и Тришна, кои на 22 декември ќе наполнат три години, родени се со составени глави, а живееја во Дом за деца без родители, во главниот град на Бангладеш Даки.
user posted image
Лекарите морале да го раздвојат мозокот и крвните садови, а операцијата е завршена утрово.

Началникот на хирургија во детската болница во Мелбурн Лео Донан, изјави дека успехот на операцијата е „надреален“, но дека на девојчињата им претстои тежок период.

- Да се видат како одвоени човечки личности претставува неверојатен момент, рече Донан.
user posted image
Пред да бидат префрлени на одделението за интензивна нега, девојчињата ќе бидат подложени на реконструктивна операција.

Кришна и Тришна се донесени во Австралија пред две години со помош на австралиска добротворна организација за деца, која им помага на деца на кои им е потребна медицинска помош.

Извршниот директор на таа фондација, Маргарет Смит рече дека процедурата била многу стресна за сите и оти претставува голем чекор, но дека се уште не сака премногу да се возбудува.
user posted image
Кога стигнале во Австралија, животот на девојчињата беше во опасност, а пред конечното раздвојување, имале неколку подготвителни операции, пренесува Би-Би-Си.

Лекарите претходно проценувале дека постојат само 25 отсто шанси дека раздвојувањето на близначките ќе биде успешно, односно дека едната од сестрите би можела да почине, а 50 отсто шанси, да претрпат оштетување на мозокот.






Извор: МИА



Објавена на 17 11 2009 14:14:54



(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Нешто неверојатно :)
4.12.2009 9:34:19   
profesorica
Се роди бебе тешко рекордни 8.7 кила

Докторите се намачиле додека да го извадат малиот Индонезиец од утробата на мајка му бидејќи има многу долги нозе ЏАКАРТА, 24 септември - Индонезијка роди машко дете тешко 8,7 килограми, што е најтешкото новороденче забележано во историјата на земјата, соопшти вчера докторот.

Бебето, кое уште нема име, долго е 62 сантиметри и се роди со царски рез во државна болница во провинцијата Северна Суматра, изјави гинекологот кој учествувал во целата операција.

"Тешкото бебе ја издржа операцијата, која беше многу тешка, особено кога го вадевме од утробата. Имаше многу долги нозе" изјави Бинсар Ситанганг.

Бебето е во добра здравствеа состојба иако веднаш по раѓањето му дале кислород бидејќи имало проблеми со дишењето, изјави гинекологот.

"Има силен апетит, јаде скоро секоја минута. Бебето е неверојатно, плаче многу поинаку од другите бебиња, многу е гласно".
Растот на бебето најверојатно се должи на тоа што мајакта Ани (41) е дијабетичар, вели докторот Ситанганг.
Таа била донесена во болница поради компликации во деветтиоот месец од бременоста. Ова $ е четврто дете и единствено кое не е родено на традиционален начин со бабица.
Ако нивото на шеќерот кај трудницата е високо, бебето прима премногу глукоза и расте повеќе, велат од Американскиот колеџ за акушери и гинеколози.

Според вебсајтот Индонезискиот музеј на рекорди, најтешкото бебе до сега во Индонезија кое тежеше 6,9 килограми, се роди во 2007 во предградие на главниот град Џакарта.

user posted image

извор:ВЕСТ


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Нешто неверојатно :)
17.1.2010 19:40:43   
mother 29
Brangelina se razveduvaat!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Нешто неверојатно :)
17.1.2010 19:53:18   
April
оваа вест мене не ми е толку неверојатна user posted image таа е тотален фрик, тоа и се очекуваше од неа...да сака слободен брак...

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Нешто неверојатно :)
18.1.2010 11:42:25   
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Италијанка роди шесторка

Една Италијанка во градот Беневенто, во близина на Неапол, роди шесторка- четири девојчиња и две момчиња.
user posted image
Тежината на бебињата варира од 610 до 800 грама, што не е изненадување со оглед на фактот дека бебињата се родени по само 29 недели бременост, односно на почетокот на осмиот месец, јавија агенциите.

Сите бебиња се приклучени на апарати за дишење.

Лекарите сметаат дека овој случај веројатно е последица на лечење од стерилитет на 30-годишната мајка, а не на оплодување ин витро.

Италијанскиот закон забранува вметнување во матката на жената повеќе од три ембриони развиени во лабораториски услови.








ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

Леле срциња се надевам ќе биде со во ред со сите нека се живи и здрави

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Zamisli ezat od 600 do 800 grama.Edna vekna leb.Zamislite kolku se sitni i malecki


ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Нека се живи здрави вистински мажи и прекрасни девојки ќе станат тие Секоја чест на мајсторот.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Нека се живи здрави вистински мажи и прекрасни девојки ќе станат тие Секоја чест на мајсторот.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Rossana

Slatki dusicki neka se zivi i zdravi


ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Видете ја оваа слика на Надја Сулејман само осум дена пред раѓањето на нејзините бебиња и тоа осморка,кои се дел од нејзините 14 деца.

33-годишната мама единствено бара донации и да формира семејство вебсајт за да им помогне на нејзиното растечко семејство.

Според Надја, таа е "горда мајка на 14 деца" и oсморките "се сите здрави и растат.
user posted image « PreviousNext » The Octuplets Mom Flaunts Baby Belly Posted in The Octuplets Mom Flaunts Baby Belly user posted image Zoom user posted image


(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Нешто неверојатно :)
23.1.2010 8:31:05   
profesorica
Слепа жена уловила сом тежок сто килограми

Шејла Пенфолд влезе во книгата на Гинисовите рекорди откако на одмор во Шпанија, успеа да улови сом тежок сто килограми. Но, тоа што уште повеќе изненадува е фактот што жената е делумно слепа. Во фаќањето на огромната риба и помогнале нејзиниот сопруг и синот.
user posted image
-Бев исцрпена, но и пресреќна . Сè уште чекорам со насмевка на лицето. Ова е доказ дека и слепите лица можат да направат нешто големо, односно да соборат некој рекорд, истакнува Пенфолд.
user posted image
Рибата е фатена во реката Рбро, во близина на Барселона и тоа е најголема риба која некогаш била фатена од жена во Шпанија.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Нешто неверојатно :)
23.1.2010 16:35:05   
Матеа
Осумнаесет-месечно бебе е извлечено од под урнатините во Хаити, 72 часа по катастрофалниот земјотрес што ја погоди карипската држава.

Малата Вини Тилин успеала да преживее поради тоа што пронашла процеп што и помогнал да дише нормално. Бебето во целата трагедија поминало со неколку гребнатинки и е во добра здравствена состојба. Нејзините родители не ја преживеале несреќата.
Слична „среќа во несреќа“ доживеа е двегодишниот Реџесон Остин Клод, кој по 50 часа поминати под урнатините, бил извлечен ос страна на шпанските спасувачи.
Доставата на хуманитарната помош за Хаити и натаму е отежната поради блокираниот аеродром и уништената патна инфраструктура. Очајот на преживеаните најдобро се илустрира со податокот што некои патишта ги блокираат со тела на загинатите.


Исто така бебе од 23 дена, вчера било спасено од страна на спасувачките екипи. Бебето успеало да преживее благодарение на мајката која неколку часа пред земјотресот го надоила. Бебето е во добра состојба.

< Поракaта ја уредил Матеа -- 23.1.2010 16:40:46 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Нешто неверојатно :)
28.1.2010 8:34:27   
pacuvce
Еве нешто за добро утро...Колку би било убаво некогаш да можеме да си го дозволиме ова...Барем јас би сакала...Уживајте...user posted image user posted image user posted image  
 
 

Хотел Игло Какслаутанен


Окружен со прекрасната природа на Лапланд, овој хотел ви нуди 31 првокласни соби за сместување. Сместен е во областа Saariselka, близу до националниот парк Urho Kekkonen, и патот кој води до Nordkap и Арктичкиот океан. Во оваа пригода, ве носиме малку да поуживате во неговите несекојдневни убавини.Замислете се себеси сместени во игло напавено од снег. Потполна тишина. Внатре во иглото има светлина која малку го осветлува. Тоа ја прави атмосферата толку возбудлива, што во ниту еден момент нема да би биде здодевно, се` до моментот кога полека ќе западнете во удобен сон во вашите длабоки и удобни вреќи за спиење.Гостите на овој хотел имаат несекојдневна можност да уживаат во северните светла и милионите ѕвезди на небото. Исто така незаборавно искуство се и снежните олуи.

user posted image
user posted image

user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Матеа)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Нешто неверојатно :)
28.1.2010 8:35:20   
profesorica
user posted image user posted image user posted image и јас би сакала тука

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Нешто неверојатно :)
28.1.2010 8:38:43   
Еца
user posted image user posted image user posted image чао мачки отидов јас во Хотел Игло Какслаутанен user posted image

Немам зборови, прекрасноuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Нешто неверојатно :)
28.1.2010 8:39:13   
melody
E bogami i jas sto bi uzivalaaaa

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Нешто неверојатно :)
28.1.2010 8:42:26   
pacuvce
ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

user posted image user posted image user posted image чао мачки отидов јас во Хотел Игло Какслаутанен user posted image

Немам зборови, прекрасноuser posted image



Може јас да ти ги носам куферите???user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Нешто неверојатно :)
1.2.2010 9:06:02   
ripce
БРИТАНКА ВО ОБИД ДА ДОБИЕ ПОРОД Забременила благодарение на советот што го добила на интернет Лора Метсон на веб-страница за неплодност разговарала со жени што и' препорачале да направи тест за антипатернални цитотоксични антитела, што помогнало целосно да и' се смени животот user posted image
Лора со својот син Вилијам, кој го родила откако по осум
спонтани абортуси примила соодветна терапија По осум спонтани абортуси во две мачни години, Британката Лора Метсон (29) речиси се откажала од надежта дека некогаш со сопругот Пол ќе имаат свое дете. И покрај сериите тестови, лекарите не успеале да откријат зошто таа постојано ги губи неродените бебиња. Но откако наишла на веб-страница за неплодност и разговарала со жените што минале низ истите проблеми како таа, Лора добила информации што целосно и' го смениле животот, јавува британскиот весник „Дејли мејл“. Таа добила совет да направи специфичен тест на крвта кој открил дека страда од ретко нарушување поради кое нејзиното тело го отфрла фетусот како туѓо тело зашто содржи гени од нејзиниот сопруг. По терапијата во која и' биле инјектирани бели крвни зрнца од нејзиниот сопруг, Лора конечно забременила и го добиле синот Вилијам, кој сега има осум недели.Мојата бременост беше водена како по учебник. Моментот кога по породувањето ми го ставија Вилијам на градите, во мене се родија илјадници чувства што не можев да ги опишам - вели Лора.Таа го имала првиот спонтан абортус во јули 2005 година, а потоа и во ноември истата година. Ситуацијата се повторила во април, јуни и јули 2006 година, како и во февруари, април и јуни 2007 година.

- Кога жената спонтано го губи плодот лекарите обично не прават никакви тестови се' до третиот абортус, но мојот лекар ме прати на тестирање по вториот. Тестовите покажаа дека ни кај мене ни кај мојот сопруг нема никаков проблем. А јас повторно имав спонтан абортус. По петтиот абортус бевме подложени на исцрпно тестирање и кога сите резултати покажаа дека се' е во ред, лекарите ми рекоа дека веќе нема што да прават - вели таа.Нејзиниот сопруг Пол (39) има 11-годишен син од претходниот брак, а и сите нивни пријатели имале деца.Ме уништуваше помислата дека нема да можеме да имаме дете. Не верував дека станува збор за лоша среќа дури ни по петтиот спонтан абортус. Не сакавме да престанеме да се обидуваме, па по неколку години да жалиме што не сме ги испитале сите можности. Постојано одевме на тестирања и постојано резултатите беа нормални, а јас повторно имав спонтани абортуси. Тогаш, истражувајќи на интернет, сосем случајно открив една веб-страница за неплодност - вели Лора. Една жена, со која Лора разговарала преку форумот на таа веб-страница, и' препорачала да направи тест за антипатернални цитотоксични антитела, кој во Британија може да се направи во приватната болница „Портланд“ во западен Лондон. user posted image Тестот покажа дека причината поради која јас постојано имав спонтани абортуси е тоа што мојата крв воопшто не содржи заштитни антитела за „борба“ со гените на мојот сопруг. Затоа секојпат кога ќе забременев, моето тело го отфрлаше фетусот - вели Лора. Двојката била подложена на лимфоцитна имунолошка терапија, при која на Лора и' биле инјектирани бели крвни зрнца од нејзиниот сопруг: еднаш интравенозно и четири пати поткожно на рамењата. На овој начин била спречена „алергиската“ реакција во период од три месеци, со што на Лора и' била дадена можност да забремени. Таа успеала да забремени во септември минатата година, при крајот на „безбедниот период“. Терапијата ги чинела околу 1.000 фунти.Вредеше секое пени. Ако некоја жена ја прочита мојата приказна и како резултат на тоа успее да добие дете, ќе биде повеќе од вредно - вели таа.Повеќекратните спонтани абортуси се случуваат кај една од 300 жени. Обично не може да се најде причина за тоа, иако се смета дека биолошките механизми што ги оневозможуваат мајките да создадат имунолошки реакции неопходни за одржување на бременоста се причина за 50 отсто од абортусите.Експертите од Кралскиот колеџ за гинекологија досега укажуваа дека не постои доказ за придобивки од овој вид тестирање и терапија. Не станува збор дека терапијата не е ефикасна, туку анализата во 18 клинички тестирања покажа дека не прави голема разлика. Можеби била ефикасна во случајот на госпоѓа Метсон и прекрасно е да се знае дека по осум спонтани абортуси таа го добила многу посакуваното дете - вели националниот директор на Кралскиот колеџ за гинекологија Рут Бендер Атик.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Нешто неверојатно :)
4.2.2010 13:07:38   
mother 29
читам и не си верувам на очите :-(
Место мајчино млеко, бебиња јадат хамбургери

Британката Лин Солт (24) има 190 килограми и е мајка на тројка стари осум месеци, но наместо да ги храни со храна за бебиња и со мајчино млеко, таа им дава сендвичи и друг вид брза храна, јавуваат светските агенции.  Бебињата имаа шест месеци кога првпат им дадов да јадат хамбургер. Бидејќи се' уште немаат запчиња, јас им ја џвакам храната, па им ја давам. Понекогаш им подготвувам лазањи во микробрановата печка. Им давам и бебешка храна, но сметам дека сендвичите нема да им наштетат. Сакам да ја вкусат храната што јас ја јадам за да знам што ним најмногу им се допаѓа - вели Солт. Таа забременила од своето момче, но врската набрзо прекинала и сега живее со своите родители. Како невработена прима социјална помош, а многу од парите троши на храна. Солт вели дека избегнува на бебињата да им дава храна што е нормална за нивната возраст зашто се плаши да не станат анорексични. #



(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?