Gardenia -> RE: Арогантни продавачи (14.6.2013 12:27:36)
|
Факт е дека работата со луѓе е најтешка,еве и јас работам со странки и знам какви може да бидат напорни секој со своите барања,желби,меѓутоа се трудам да не ги навредам иако ми доаѓало да ги пратам у пм,па така и јас очекувам од лица кои работат услужна дејност да ме испочитуваат како купувач.Често ми се случува во бутик или колонијал да ми се погодат намуртени продавачки,си чита нешто,па си разговара на телефон пола саат,а тебе ти треба нешто да ја прашаш,не те ни регистрира.Еднаш во еден маркет ми се има случено да прашувам една три работи колку пари чинат и на секое го добивав одговорот "незнам",и си излегов.Јас разбирам дека не се добро платени,ама па веќе кога работиш на едно место треба да си професионален,никој од страна не е крив
|
|
|
|