Весна -> RE: Те нема, а сакав да ти кажам ... (3.3.2010 19:51:56)
|
Бабучко моја најсакана, се надевам дека ме надгледуваш и си замислувам колку ли само се радуваш на моето мајчинство. Ја гледаш правнука ти Јана како расте? Смешна е, нели?! Бабучко, сакам да ти кажам дека многу ме радува таа. И знаеш кога не` споредуваа тебе и мене во еден наш поглед што го имаме, оној муртечкиот, е па и Јана го има истиот, си забележала?! Засекогаш ни се преплетени душите, Јана има дел и од твојата. Те сакам бабучко, ми недостигаш до небо и назад!
|
|
|
|