sandriana RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule Не знам дали сум баш за оваа тема ама не најдов слична. Значи си имам голем проблем кој од ден во ден се поголема нервоза ми набива и веќе не знам што да правам. Ние сме скоро 15 месеци дете убаво си јадеше за ручек се што ќе му се направи и даде ама во последно време почна да ми го одбива ручекот. Значи ќе касне 3-4 лажици и не сака повеќе вика, бутка се трга пробавме со се и сешто, јас кога сум дома ај може ќе изеде и некоја лажица плус ама со татко ми пошто он ја чува не сака бре луѓе и точка. Ќе помине некој пола саат а пошто е гладна ќе бара пак да јаде,ручекот ако пак и го понудиме истата приказна и на крај ќе и дадат кифла, леб или ѓеврек со јогурт кашкавал и така слатко ќе се изнајаде среќна задоволна и готово. И така секој ден. И почнав да се нервирам не може да расте на овошје, ѓеврек, јогурт и кашкавал. Со млечните работи нема гајле и овошје доста јаде во текот на денот ама ручекот. И ме загрижува не знам веќе што да правам и како пак да се вратиме на она како што си јадеше. Некој совет ако имате давајте се е добродојдено. ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR Знае дека ќе го добие тоа што го сака да мајчински енормално дека важно е да јаде ама тоа не е храна за секој ден.Пробај да руча кога е прилично гладна и не одстапувај.создади навика во исто време, или омиленото кифла ,геврек нека биде како уива.Па нагласи и дека тоа се јаде пред спиење сега не.Тешко ни е ,нешто и не разбраат но пробај да бидеш упорна.Пиши како е се одвива па може нешто плус е се сетам.Зависи од навиките и од храната која ја јаде.А можеш пример во текот на ручекот да додадеш ете да речеме некое залче кашкавал,или кисело млеко, па полека ќе се навикне и да јаде само ручек ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule Све од тоа е испробано пред ручек не и даваме ништо за да биде гладна, си седнува се а ако и понудам кашкавалче или со кисело млеко како додаток тоа ќе го јаде а за ручекот ми затвара уста. Не правеше така ама пред некое време беше настината и помалце нормално апетит и од тогаш навака нејќе да чуе. И и се објаснува и полека без нервоза со песнички со цртани, и не попушта. Во ситуација е ќе седи гладна ама нема да го јаде. Затоа се нервирам. И сега мајка како мајка ќе ја држам некое време ама не можам цел ден да ја држам гладна нити па сакам да и го нудам цел ден ручекот. Ќе се лути а знае и намерно да заспие А не беше такво ама одкако настина еве скоро две недели тоа го прави. Мислевме ај да не и е здосадена храната пробавме и друго да и понудиме не и блендираме пошто сака да си џвака сама ама пак ништо. Ќе си го изеде она нејзе што и одговара и готово. Почна да ме фаќа страв да не и ослабнекрвта пошто ја гледам на моменти ќе стане од спиење и уште саат време после тоа е поспана па се гушка зева. Не знам стварно, немам памет. Да сум дома нонстоп ќе и го најдам крајот проблемот е што тој период е со татко ми или сестра ми. За викенд со мене ај може ќе се убедиме некако ама на нив им прави голем проблем. ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue а да пробаш ручек со тебе да јаде ти кога ке дојдеш од работа. Ќе седнете сите заедно на маса или ако не е маж ти дома, тогаш само ти и таа и ќе јадете исто..Ќе и ставиш неа тањир да те гледа дека од истото и ти си ставаш за тебе и ќе и даваш на неа од нејзин тањир и ти ќе јадеш од свој, па остави ја малку сама да јаде и така. Во принцип децата сакаат да прават се што прават и нивните родители па може ова да ти успее ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue и уште нешто. гледав една емисија со мајки од Англија кои имаат сличен проблем и ги носеа децава кај некоја жена специјалиста за ова и таа прво што направи и стави на децата во тањир неколку зеленчуци сирови - на пример мало праче брокула, морков, карфиол, пиперка и гледаше тие да бидат во различна боја, да е шарен тањирот. Ги поттикнуваше децата да го допираат, да го мирисаат, да го лижнат зеленчукот...полека, со секое од сетилата да го испитаат и на крај да го стават во уста...без да ги сили или принудува на нешто...децата од љубопитност едно по едно бутаа у уста...и тоа што им се допадна по вкус им го даде да го јадт и исто и следен пат...на мајките им рече за ручек да им дадат од тој зеленуч на тањир за да може детето само да го грицка, па потоа да воведат на ист начин и друг зеленчук и така се додека детео не ги прифати сите вкусови...И кај сите деца успеа оваа терапија ИЗВОРНА ПОРАКА: tincule Добра ти е идејата ќе пробам и со мене и се ама проблем е што идам во смени на работа и кога сум втора од 12 до 20 ме нема дома тој период. И немам контрола што како инаку јас да сум си секој ден дома во 4 ќе се убедиме некако. Затоа и ми се нервозите сите попуштаат после некои 30 минути молеље и тоа е тоа. Ама деновиве ќе пробам обавезно па баш да видам дали почнува некои вкусови да не ги сака или едноставно ја мрзи да џвака да се замара и прекинува. Фала ви во секој случај.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
|