elenak -> RE: Блендирано/пасирано не сакам да џвакам... (4.8.2016 10:09:43)
|
Јас кренав раце од нервирање околу јадење, што јаде јаде, како го јаде, колку јаде не можам веќе да се замарам. На 4,5 години уште блендираме овошје, освен банана и јагода друго овошје на парче со рака не се јаде и крај! Нагони за повраќање добива. Исто ручекот го пасирам сеуште или заради неа се што ставам зеленчук претходно рендам или во сецко го ставам. Не е дека не џвака, месо динстано јаде, леб намачкан јаде, бисквити, чоколадо се што и е по ќеф, а зеленчук и овошје не и оди никако. Она што има лушпа пак, грашок,грав,леќа не ни проба. И што да правам, се тешам дека еден ден кога ќе порасне ќе разбере дека не секогаш се јаде тоа што ни е вкусно, дека некогаш јадеме и нешто што ни е помалку вкусно и ќе пројаде се (како мене) :)) Пак си велам добро е што барем јаде, сама си бара кога е гладна, е проблем што сме ограничени во изборот само.
|
|
|
|