bibi -> RE: Тоше! Рингераја ТЕ САКА (16.10.2009 9:20:16)
|
да. со тага во душава се разбудив утрово сеќавајки се на тој ден. Моето сонце Сара имаше само 3 мес., ама ја чувствуваше тагата на мама. Сега, иако не те запознала, твоите песни и се најомилените и само твојот глас го препознава и му се радува кога ќе го чуе на телевизија. Беше АНГЕЛ и навистина имаше нешто натприродно во тебе. Затоа Господ и те зема.и, мислам како одмибнува времето се потешко и потешко станува, иако велат дека времето лекува се. Мислам, дека оваа тага за секогаш ќе ми остане во душава. И колку си поприсутен во медиумите, а СЕКАДЕ ТЕ ИМА, се потешко е човек да поверува дека те нема. А, и така е ти и бесмртен за сите нас и ќе продолжиш да живееш засекогаш, само твојот лик нема да го гледаме.Арно ама, јас верувам дека ти ќе не гледаш и чуваш сите нас зошто ти си АНГЕЛ ОД НЕБОТО.
|
|
|
|