ripce -> RE: Често мислам на... (13.12.2009 12:56:06)
|
На една другарка од детството која живееше на најгорниот кат од зградата, па се собиравме сите другарки, еден ден со кукли, друг со докторски прибор, трет со карти и си игравме таму цел ден. Некаде после основно кога завршивме, се запишуваме средно училиште се преселија да живеат во Струмица, некое време бевме во контакт се слушавме на тел, си праќавме СМС, неколку пати се видовме, ама во последниве години контактите ни се изгубија. Баш пред некое време често ја мислев и барав да видам дали има профил на фејсбук, не ја најдов, и кога гледам вчера таа ми пратила покана за пријателство и приватна порака. Баш се израдував.
|
|
|
|