|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
16.7.2011 2:02:17   
elenaanamarija
a inace moite sveki i svekor ko luge se ok, na momenti gi prifaka ludiloto ama toa e sto vikate sudir na generacii, tesno mesto za ziveenje ama toa e sega sto sme drobele toa ke srkame, pa znaevme kaj odime koga se mazevme neli? ako nema izlez cao prijatno, nikoj ne e zavisen od niv, pa ne sme se mazele za niv, neli?

(Одговор на членот elenaanamarija)
Непосредна врска до пораките: 401
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
16.7.2011 15:28:23   
Axel
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenaanamarija

ic da ne vi cue, zborele,komentirale ic da ne se zamarate polesno ke vi bide.....pozzz do site mamicki


Se soglasuvam so ova i jas porano se nervirav, no iskustvo si e iskustvo sega uvo ne me boli. A, za da ve raspolozam malce eve vi sliki od kauci za svekrvi:





(Одговор на членот elenaanamarija)
Непосредна врска до пораките: 402
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
16.7.2011 15:28:58   
Axel
Slikive gi nema, kako prikacuvate sliki?

(Одговор на членот Axel)
Непосредна врска до пораките: 403
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 8:21:55   
Fenix
Ќе пробам да се потрудам да бидам концизен и непристрасен. Јас сум горенаведениот сопруг кој ете така безболно е сквернавен без ни малку самокритичност од госпоѓата. Нема да навлегувам во дебатни дуели кој и зашто е крив, само ќе пробам да дадам реплики на нејзините обвинивања. Не очекувам некој да ја заземе мојата страна во случајов затоа што половиот баланс тука е нарушен и блика пристрастност.

Во кратки црти, мојата мајка ме израсна скоро сама затоа што имам апатичен татко и алкохоличар кој никогаш не се завзема за фамилијата. Него дури и јас можам да го обвинам за едипов комплекс и плејада од комплекси кои доведоа до неговата неадекватност и системски распад до тоа што е денес. Да не беше константната желба на мојата мајка да се труди да го одбегнеме неговиот пат немаше да бидам кај што сум сега. Работам сам од 17 години, и на оваа возраст можам, барем материјално да се чувствувам сигурен дека сум подготвен да одгледувам и да се грижам за фамилијата.

Сопругата ја запознав по долга селекција и пропаднати врски, ме заинтригира нејзината сила, своеглавост, храброст и пред се убавината пред која сеуште се поклонувам, само што мојата ригидност не ми дозволува изливи на емоции...незнам убеден сум дека тоа е слабост, можеби и грешам но ја сакам неа и нашата ќерка од се срце.

Проблемите, според мене се јавија заради турбулентниот старт на нашата врска, моето его мораше да расчисти со духовите од минатото, а марфи е таков да дозволи Супернова да е сведок на сето тоа. Никогаш не беше намера неа да ја повредам. Тој период траеше кратко, месец, два.. во кои се сомневам дека и таа (Супернова) не остана покусо да компензира за мојата т.н. нелојалност.

Работите се средија, или барем делумно но турбулентноста остана. Нашите фамилии се различни и со различни сфаќања. Супернова е порасната како единка, навикната да биде принцеза во секој дворец, јас сум растен со сестра и тој мој ако така можам да го наречам принцлук заврши одкога се роди сестра ми, па некако научивме да се сакаме и се да делиме.

Во времето во кое живееме треба да се прават компромиси, посебно финансиски, неможам јас да се жалам многу од таа страна но фамилијата на Супернова не е на истото ниво, сепак сакаше да форсира голема свадба. Јас сум повлечен човек и не сум благонаклонет кон такви фешти, па организиравме мала церемонија... Тоа неа длабоко ја навреди, се промени после тоа.

На раѓањето на нашата ќерка, и излегувањето од болница се случи недоразбирање, не обвинувам нит бранам никој, ако она сака да верува во тоа слободно, јас би сакал да останам неутрален и во тој конфликтен момент на мајки шајки баби и дедовци сам си ја однесов невестата и детето дома, за никој да не остане покусо, но ете, Супернова остана навредена како нејзините дошле од велес и неможеле да го реализираат премедетираниот план. Не можеше ни мајка ми искрено, и неа ја избркав.

После тој чин, мислам беше мирен период. Моите родители не дошле во мојот стан на гости повече од 3 пати, нејзините исто 2 или 3 пати. А и обајцата идеме во посети.

Животот течеше монотоно, жена ми како да ја изгуби желбата да биде присутна и постојано почна да одбира кавги за се и сешто. Признавам 2 биле физички, во првата се скачкавме затоа што она нанервирано бришеше венецијанер ролетни, ги иксриви сите, кога пробав да и покажам како се прави тоа без да уништи се започна со вербална расправија, ЖЕНО ЕДНА ТРГНИ СЕ НЕ МИ СЕ МЕШАЈ.... ако не се смешав, ќе требаше да купам нови завеси..

Немам примедби за нејзината мајчинска дарба или грижа кон бебето, никогаш нит јас нит некој од мојата фамилија ја навредил или и спомнал нешто околу тоа, напротив добиваше пофалби од сите страни.

Проблемот почна да се јавува со нејзината исклученост од минатиот живот, излегување, цигари, журкање, пиенки....тоа веќе го снема. Па стана тажна, повлечена, почна да бара мани по дома, нема регал, нема гардеробер за кондури бла бла. Ја испратив кај нејзините и дадов куп пари за кога се врати да биде акомодирана.

Ни тоа не реши ништо. Одкога ќе ги завршеше обврските околу детето, не отвараше книга (а има 26 години и 6 испити недовршени), не ја интересираше филм, музика...муабет со мене... Ништо, како да се претвори во незадоволен цимер. ПРобав, почнав да излегуваме повеќе, детето доаѓаше со нас во кафичи и сл.

Деннта на големата караница од која веќе месец дена сме разделени и си го немам погледнато чедото, вечерта претходно започна неиспровоцирано со навреди од типот "ЗЕМИ СИ ЈА МАЈКА ТИ, ИДИ СО СЕСТРА ТИ ВО ИНЦЕСТ, УМРИ ДА ДАЕ ГОСПОД!. Се колнам дека со никаков збор тоа не го испровоцирав таа вечер и оставив така да помине.

Кога ќе размислам, можеби беше вина што ја чувствуваше кај себеси, доза несигурност, бидејќи само 20тина дена претходно замина во Велес кај родителите да спреми 3 испити додека мајка и и помага со детето. Ништо од тоа, не положи ништо, се врати (за земав) и не ја прекорив.

Очигледно виде дека сите рационални адути да предизвика драма ги исцрпе па прејде во фикција, мајки, шајки, сестри.

-
Јас не сум светец, јас не сум најпаметен и најдобар, ама мислам дека сложна фамилија се залага за прогрес и подобро утре, а мојата жена е човек која задскриена зад крилата на родителите мисли дека може како pupper master да ги влече сите конци, да ја навредува мајка ми која со НИШТО не и одмогнала.. Можеби се плаши или мисли дека јас и налагам да дојде на зрелоста на мајка ми толку рано.... Незнам јас како другите ме перцепираат но немам лоши намери и ја сакам мојата сопруга и мојата ќерка. А пак она, сопругата, напати ми има признаено дека пре би сакала да ми биде вид на конкубина, да ужива во својата слобода под закрила на родителите кои никогаш не би ја суделе.

Така да, штознам, дајте клада, пошто човек да живее одделен од своите најмили без никакви, дури смешни причини, нема ни потреба да живее. Кога ќе дојдеш на некоја возраст веќе ја губиш желбата да покнуваш се одново.

- Б.Д.

(Одговор на членот Supernova)
Непосредна врска до пораките: 404
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 8:42:04   
Fenix
Надополнување -
Последната караница, коа заврши со нејзините извици да ја Е*ам сестра ми, да идам во инцест со неа, Да спијам со мајка ми, ги изигнорирав.
Наредното утре она се разбуди лошо расположена и јас ја изнесов ќерката сам на прошетка. Кога се вратив, она беше во истото мрачно расположение.
Ќотекот, кој го спомнува е сцена која се одви на овој начин:
Седеше на тераса и сакав да ја повлечам за репот за да ја бакнам во вратот. Не насилно, не нежно...можеби сексуално. Ама никако со некој тон на гнев или наговестување на кавга.
Се оттргна, стана и посегна по лажица на масата и замавна. Во собата позади со со стаклени прозори спиеше ќерката. Се изнервирав и ја фатив за рацете да ја заджам за лажичата да не се претвори во стол или нешто опасно.
На тоа извика "ЌЕ МИ ПЛАТИШ ЗА ОВА" - значи ова следи утрото после нејзиниот монолог како јас треба да спијам со сестра ми и мајка ми.
Ми прекипе, се тргнав и се затворив во работната соба. По неколку саати со интервенција на нејзиниот татко кој работи во полиција дојде марица.
Ми беше смешно, се чуствував праведен, не ги пуштив да влезат еден саат. Одкога влегоа и извршија евалуација, видоа макар да не демонстрираа наклонетост што е ситуацијата.
На некој начин само мојата сопруга и мојата мајка си бодеа очи една на друга, смешно ко некој лезбејки кет фајт.

Сопругата тогаш замина со татко и и исклучи секаква комуникација, 23 дена. Тек вечерва јас го најдов овој топик, не сум спиен нит јаден по пропис веке 20 дена, Неможам да најдам логика, никој не е совршен, се трудам, ама гревовите кои сакаат тука да ми се препишат според мене се една банална детска индоленција, која не оди во прилог нит на бракот, ниту на љубовта ниту на можностите да се направат компромиси. На никој, посебно на никој татко не посакувам ова да му се случи, се што сум направил, ако краткорочно и навидум изгледало погрешно, се било корен за подобра иднина...

Читајќи дека е угушена и узурпирана во мојот тн. змиско гнездо дом, 2 пати бев до велес натоварен со нејзините работи, најбитните си ги зема првиот пат со полицијата а очигледно со постовите тука искажува дека несака ништо повеќе со мене или мојата фамилија. Јас 23 дена не излегов од дома чекајќи повик и желба за разговор и компромис, но телефонот и беше исклучен, скајп исто и сл.

Трврди еде дека ме сака ама би сакала и можела сама да го одгледува детето, што страшно ме повредува. Можеби е исплашена од мене и моите амбициозни погледи кон светот па сигурноста на домот и родителите и е подобар избор. Себично ја одбира својата кожа него ли иднината на тимот или фамилијата. Понекогаш се прашувам дали и воопште ме сакала или остана со мене само да ми врати за неправдите од почетокот на врската.....


тоа е тоа, секој со својата приказна.

< Поракaта ја уредил Fenix -- 18.7.2011 8:52:46 >

(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 405
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 8:50:42   
Julie1
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

Не очекувам некој да ја заземе мојата страна во случајов затоа што половиот баланс тука е нарушен и блика пристрастност.

Животот течеше монотоно, жена ми како да ја изгуби желбата да биде присутна и постојано почна да одбира кавги за се и сешто. Признавам 2 биле физички, во првата се скачкавме затоа што она нанервирано бришеше венецијанер ролетни, ги иксриви сите, кога пробав да и покажам како се прави тоа без да уништи се започна со вербална расправија, ЖЕНО ЕДНА ТРГНИ СЕ НЕ МИ СЕ МЕШАЈ.... ако не се смешав, ќе требаше да купам нови завеси..



Добредојде Феникс на РР, драго ми е дека ќе може да прочитаме мислење и од машка страна на оваа тема. Без разлика што мнозинството се жени, сметам дека добиваме многу реални и непристрасни мислења во повеќе ситуации. Јас неможам многу да коментирам за целата ситуација освен како и за оваа и за многу други недоразбирања знам дека приказната секогаш има две страни... Она кое би го осудила во секое семејство па и во Вашето е споменувањето на физичко насилство, за кое НИКОГАШ НИКОГАШ не постои оправдување...

_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 406
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 8:56:11   
dostickage
izvinete vaka sto navleguvam vo prikaznata,ne bi trebalo,no nejse koga go citam ova mislam samo na kutroto dete.

Fenix,izvinete vaka sto licno Vi se obrakjam ne ocekuvam da me poslusate no ne mozam a da ne Vi go kazam slednovo a toa e deka so ovie postapki sto gi pravite samo ke pridonesete da Vaseto dete ima atipicno detstvo so atipicni roditeli.

Primarno semejstvo po definicija vklucuva MAJKA,TATKO I DETE.I TOLKU.Mojata majka i mojot tako zaedno so negovata majka i negoviot tatko se POSIROKO semejstvo.

I jas rastev sama so majka,tatko mi e pocinat koga imav samo devet godini i tocno Ve razbiram kakvo cuvstvo imate prema Vasata majka.Taa e vrska sto nikogas nikoj ne moze da ja raskine.I ne treba.
No seto toa ne smee vo nikoj slucaj da vlijae na vaseto primarno semejstvo.
Sakajki da zastanete na stranata na majka VASETO DETE OSTANUVA SAMO.Kolku da go gledate dvajcata i kolku da go sakate nisto ne moze da go zameni prisustvoto i harmonijata na dvajcata roditeli.

I jas i Vie znaete kolku i do den denes dlaboko vo sebe ni falat nasite tatkovci.Pa zarem mu go posakuvate toa na Vaseto dete.Sigurna sum deka ne.
Vasata majka kako taka go ima pominato poveke od polovina zivot,kako taka.Vasiot zivot doprva pocnuva.Za smetka na roditelite Vasi ili nejzini  nevazno propustate nezaboravni migovi pominati so vaseto dete sto nikogas nema da se nadoknadat.

Veruvam deka ni Vasata sopruga ne bara od Vas da ja istepate majka Vi,no se sto treba e da bidete raqcionalen.Pocituvajte si ja majkata i sakajte si ja,no VASETO PRIMARNO SEMEJSTVO SEKOGAS TREBA DA E NA PRVO MESTO.Ne smeete da dozvolite nitu Vie nitu Vasata sopruga ne smeete da dozvolite nikoj da vi go narusi semejniot mir.Ako si go sakate semejstvoto privilegija na mesanje ne smeete da mu ja dozvolite na nikogo.

Zaklucokot mu e sledniov:bidejki samite gore velite deka ja sakate soprugata i deteto najdobro e da soberete sili i da odite na bracno sovetuvaliste.Nitu edno semejstvo ne smee da bide rastureno i nitu edno dete ne smee da bide tazno!!!!!!Najmalku zaradi nekoj tret!!!!!

p.s.toa sto ne ste ja zele soprugata od bolnica so bebeto ne smee da ima nikakvi opravduvanja.Bidete srekni sto ne ste dobile kotek.Tie nejzinite izgledabile mnogu fini da bea nekoi drugi da go ostavis vo bolnica sama so vaseto novorodeno dete....nemam komentar.
Seto toa nosi vnatresen nemir sto nikogas ne se zaborava,za zaluser posted image

p.p.s.no za edno dete da ne bide tazno vredi se da se smolgnat sili i da se prebrodi se



(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 407
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 9:04:11   
Fenix
Во афектна ситуација ја имам удрено сопругата, тогаш девојка, во постновогодишна атмосфера (клоца, и 2 минути викање) затоа што 5 минути кокетирачки флертуваше пред мене на телефон со бивши ... просто кажано на англиски "fuck buddy" - познат во многу кругови како тежок нарко зависник, човек кој напати го опоменив да престане да се јавува...
2 Месеци подоцна мојата сопруга дури и се пофали нешто, дали шега или вистина...ама нема да коментирам.
Мојата сопруга сака драма, сака внимание... јас сакам мир. Затоа и нечинам може, такви ко мене ги посочуват со прст... конзервативни, слепци, ограничени, бла бла бла..

Вториот пат беше заради истиот испад "Имав вчера со....", шала или не незнам затоа што неможев да ја добијам таа вечер. бевме неколку дена скарани. Одкога го кажа тоа се скачавме кратко, во буквален превод лесен шамар...се скри, одспа, се врати исполнета со толкава сексуална енергија што....дај ти најди нзс сеа кој е крив, сакаат жените мир, грубост...нема нзс.

Последниов пат ко што напоменав пред 25 дена и полицијата, тоа беше нејзино сценарио, го чекаше тоа, да избега од домот во кои се очекуваат обрврски како и во секој дом, да се скрие кај мама и тато и да може од морална височина вака да плука по форуми. Не и посакувам зло, ако нема храброст да живее во фамилија и заедница, а сите имаат мани, никогаш нема да најде мир во животот. Таа има викано полиција и на првиот дечко...

Доколку некој би прашал било кој, не од мојата фамилија, што мисли за мене, насилник ќе биде последното на памет, unless се работи за бранење на ставови, некогаш во друштва кои мислам дека делам некое дискурсно нив.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

Не очекувам некој да ја заземе мојата страна во случајов затоа што половиот баланс тука е нарушен и блика пристрастност.

Животот течеше монотоно, жена ми како да ја изгуби желбата да биде присутна и постојано почна да одбира кавги за се и сешто. Признавам 2 биле физички, во првата се скачкавме затоа што она нанервирано бришеше венецијанер ролетни, ги иксриви сите, кога пробав да и покажам како се прави тоа без да уништи се започна со вербална расправија, ЖЕНО ЕДНА ТРГНИ СЕ НЕ МИ СЕ МЕШАЈ.... ако не се смешав, ќе требаше да купам нови завеси..



Добредојде Феникс на РР, драго ми е дека ќе може да прочитаме мислење и од машка страна на оваа тема. Без разлика што мнозинството се жени, сметам дека добиваме многу реални и непристрасни мислења во повеќе ситуации. Јас неможам многу да коментирам за целата ситуација освен како и за оваа и за многу други недоразбирања знам дека приказната секогаш има две страни... Она кое би го осудила во секое семејство па и во Вашето е споменувањето на физичко насилство, за кое НИКОГАШ НИКОГАШ не постои оправдување...


(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 408
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 9:10:38   
dostickage
iskreno receno mene da mi mavnes samar jas ke te natepam ama znaes kako:))))

da ne recam i deka nema vo nikoj slucaj ne bi dozvolila...!

so toa sto ona sedela so Vas i pokraj fizickoto nasilstvo noa bratce nosi frustracii.

Aj zamislete  ona Vas samar vie sto bi npravile.Ke placete vo skutceto kaj Mamicka....Aj please non sense e muabetov,se nerviram koa go praam i vise ne go praam

(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 409
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 9:17:42   
dostickage
ima tuka eden mnogu ubav post od maz.
i toa vistinski maz,BRAVO

http://www.ringeraja.mk/forum/m_4281/mpage_1/key_/tm.htm#189564

mislam deka site treba da go procitame.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 410
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 9:30:20   
Fenix
Незнам како се претвори темата да мојата мајка е некој душман. Жената е стоматолог, во млади години со врвни успеси. Ме има воспитано на тотално либерален начин, и немала никаква улога во моиите избори за професија, начин на живот, избор на девојки и слично. Мана и е што е премногу комуникативна можеби, професионална деформација, при разговорот пробува да се синхронизира со соговорникот и притоа користи шеги, кои кај неа во позадина се методика да ја просуди личноста.

Мојата сопруга е порасната со ригидни родители, маргини во дискурсот нема, се е некако црно бело.

Идеите или предлозите на мајка ми, некогаш можеби и испадите се погрешно протолкувани...шкорпија во хороскоп, ама таа е жена која искрено на никој лошо му нема помислено, безброј пати плаче кога е сама затоа што чувствува дека се е на најзиниот грб. Она го најде хирургот кој ја пораѓаше сопругата, она даде м*то со благослов да и следниот пат е толку лесно, овојпат траеше само 4-5 часа, Она ни најде на мене и сопругата здраствено осигурување, она ни најде ортопед.

Тоа не е габор суетна жаба како некои свекрви што бараат целивање на рака чисто затоа што се свекрви.

Мајка ми помина низ една свадба, на сестра ми, ги знаеше адетите во Скопје. Родителите на сопругата од велес навлегоа во конфликт, неразбирливо, кога ако правиш свадба во скопје а и адет е да се почитуваат постарите и страната на момчето. Но не, родителите на сопругата решија нивната единка принцеза да има се. А сопругата започна со налудничави барања, да биде 5ти месец бремена а да изгледа ко...манекенка.

Видете вака, јас не се оженив за фамилијата на мојата сопруга, ама не сум многу заинтересиран и вичен по овие глупави адети, цркви, церемонии и сл, за мене е битно мирот, хармноијата и здравјето меѓу еден пар и бериќетот од истиот.

Во една таква ситуација едниот треба да биде прифатен како лидер, лидерството не е знак на тиранија и хегемонија, си носи и свои тежини и обврски. Јас, мојата фамилија сме постари. Не мислиме ништо лошо, да ви дадам само увид колку компромиси направив од старт....а што направи мојата сопруга, роди и рече крај е, нема време за ништо, сите ми сметате, јас треба да гледам дете. Детето е МОЕ ЈАС ГО РОДИВ. Моите обиди да ја инспирирам да бидеме заедница да се трудиме, таа во слободното време да се посвети барем 5% од времето да ги заврши испитите и сл, се претворија во кавги во кои јас и моите сме фашистите, угнетувачите, змиското гнездо...


Прашајте се девојки на форумов, колку од вас би сакале да имате за возврат сопруг кои викендите ке ги троши со другари по кафани и кладилници, преку недела ќе работи за 200 евра и цел живот ќе вика шо дал господ тоа е.

Не, на 17 сам си купив мотор, на 21 нова кола, на 24 стан, се сам.... на 35 сакам да го шетам светот со весела и ентузијастичка личност крај мене а не некој откажувач на кој се му е тешко, се му е мачно, се неможе и сите други се криви.


-

2 години пред да ме запознае сопругата, значи има 26 она сега ги напуштила студиите со причина : ЗА КОЈ ДА УЧАМ СЕА, ДОЕКА УЧЕВ НИКОЈ Не ВИКАШЕ БРАВО, ЗА КОЈ.... ,,,,


-

Уште еднаш, ги сакам и сакам да се вратат ама несакам да молам, Ако молам ќе испадне дека ја прифаќам таква, личност со огромен потенцијал кој го троши само да испланира пакокст и да тапкаме во место, со мизерни кавги, плачки и безсмислени караници...А би и помогнал да го сака животот, да се реализира... И купив и штафелај, и свој лап топ, ипад, сваштарии да пробамда пробудам интерес во неа, единствено што ја исполнува е безлични бесцелни другарувања со луѓе кои денес ги има и утре ги нема, ако ги нема би била среќна да најде нови, како овој форум... 22 дена јас чекам повик, истоштив секоја иницијатива да се самозабавувам, од комп. игри, до чмаење сам од дното на водно до крстот и назад, од Н.Лисиче до Горче пешки на работ на дехидрација за на крај да завршам да се клукам хелекс пошто веќе неможам да изджам, а не сум плачко нит слабак, едноставно човек не гледа гранки на кои би се фатил веќе на тој пат на барање сигурност и семејна утеха.

(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 411
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 9:42:49   
dostickage
Rekov deka nema da pisuvam ama aj :)))

Jas gledam dva zaklucoci:

1.Mama e idealna i tacka.no discusion
2.Bracno sovetuvaliste i toa pod itno.Nema potreba da se unistuva zdravjeto i semejstvoto.

Pozdrav i so sreka.

(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 412
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 9:45:21   
arh_diz
Ne mi e jasna samo edna rabota od tvoja strana
kaza deka si pravel selekcija na devojki
A posle toa napisa kako pd brak taa flertuvala so drug
Zosto stapivte togas vo brak

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 413
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 9:54:17   
anedespo
Добредојде Fenix на форумов. Нема да осудувам ниту да кажувам кој е или не е крив. Секоја приказна има две страни. Кратко ќе искоментирам преку моето искуство: Постпородилната депресија што ме фати, направи да јас станам најлошиот човек и да во сите барам виновници за се. Тоа беше причина за тој дел од нашиот брак, ЈАС го претворам во пекол. Признавам имаше и "помош" на оваа ситуација и од страна(мојот свекор и свекрва) во времето кога живеевме во заедница, еден притисок кој не беше секогаш насочен директно на мене, туку на двајцата, меѓутоа допринесуваше ние сите да се караме. Дел од кривицата имаше и мојот сопруг кој бараше милиони начини да не е дома, додека јас патев за друштво, за искрен муабет, за помош во тоа тешко време за мене. Затоа "еден ден" седнавме и разговаравме да се договориме како да го надминеме проблемот. Мене ми сметаше неговата мајка која секаде се мешаше, дури ми влегуваше во соба без да чукне. Или јас спијам тогаш трудна, таа влезе , си запали светло, си седна , и си го пушти телевизорот прилично гласно. Или постојаните обвинувања кога малото ќе се разболеше дека јас сум го разболувала, не сум го хранела, пресоблекувала и слично. Затоа се преселивме и од тогаш се препородивме. Никакво влијание. Тоа се покажа како правото решение за нас. Моите не ги ни спомнав во постов од проста причина што никогаш не се замешале дури и кога ми требале. И всушност тоа е и мојот совет. Во животот доаѓаат секакви моменти а вие двајцата сте единствените кои можат тоа да го решат. Во тој случај сите родители да стојат на страна ( и нејзините и мајка ти) во смисла на совети и подбуцнувања. Ви посакувам успешно да го надминете овој огромен проблем, да седнете да кажете што ви смета еден кај друг, да се договорите со компромис и најважно од се да се придржувате кон договореното. Сепак имате мало сонце на кое му требате и двајцата. Поздрав и секое добро.
ПС: заборавив да напоменам нозете и рацете да ги служиш за она за што и служат , а не за клоци и шамари.

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 414
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 10:02:27   
dostickage
Mislam come on za muabetive za mama ,demn it.

Jas so svoi 25 godini so dijagnoza karcinom na limfni zlezdi , predvremen poragjaj,dete od intenzivna nega stotuku izlezeno , edno dete rastena samo so majka (gore pisav deka tatko mi e pocinat na moi 9 godini)so svekor i svekrva sto mi ja vadea dusata sednavme so mm i resivme deka ke odime pod kirija.

zarem mene ne mi bese zal za majka mi sto cel zivot me rastela i me cuvala kako kapka voda za nekoi nepismeni da mi ja vadat dusata...
sve distancirav vklucuvajki ja i majka mi koja sto nikogas ne mi se mesase vo nisto i koja sto mi davase samo pari zasto nemav stignato plata od socijalno.ni kriva ni duzna ja distancirav samo poradi gospodiniot i gospozata.ama ne mi e krivo zasto si go zacuvav semejstvoto.ne otidovme ni kaj nejze da ziveeme.

ama ne,jas i mm presekovme.ke odime da ziveeme sami pod kirija.jas si znam kako se pominavme samo  bez nicija pomos ,so hemoterapija so malecko bebe od 39cm.i fala bogu sega za sega sme i dvajcata dobri.

come on,i on mi vika mama .no thanks.

ne dobivam odraz deka nekoj ovde e dostoen da ima semejstvo.deteto ne go zasluzuva toa



(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 415
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 10:31:28   
zapce
Поздрав до Fenix и Supernova.
Навистина е жалосно што поминувате во сета оваа ситуација, user posted image пред се за вашето дете, верувајте колку и да е мало или големо  тие ги чуствуваат недоразбирањата, кавгите и напнатоста мегу родителите.
Верувајте ништо не е идеално во животот , а секој брак има кризи, недоразбирања, караници, без разлика дали живееме сами, со родителите, дали ни се мешаат или не секогаш ке има нешто што ни смета, па живи суштества сме секој има ден кога нешто не му е погодено. Но компромис треба да постои.
Сите овде на форумот сме во брак, сите знаеме каква одговорност, посветеност, жртвување и откажување значи бракот, пред се заради нашите сонциња.
Многу е лесно да се растури нешто, да се бега од одговорноста, но вистински борци за детето и семејството би биле ако ги собереме сите сили дд се избориме со ситуацијата и недоразбирањата, а беганјето, криењето , нејавувањето не решава ништо.
Супернова знам дека си повредена, лута ти треба време, но среди си ги мислите и разговарај со сопругот, ако треба потражи му и време но не бегај од него, сепак вие имате детенце и можеби еден ден ке се каете што не сте дале се од себе за да ја смирите ситуацијата. не дозволувајте да дојде ден вашето дете да ве праша Зошто сите живеат со мајка и татко а јас само со еден родител?, исправете ја грешката сега кога ви се пружа шанса , разговарајте, изнесете се на маса што ви смета а што не дајте си шанса.
Феникс  возрасни личности сме не смееме да дозволиме да не понесе, бесот, лутината, афектот и да направиме нешто за што ке се каеме цел живот, шамарот боли но уште повеке боли раната на срцето што останува и лошиот спомен, каков пример би било тоа за вашето дете, за мене некого да удриш е неопростива грешка, треба многу да се трудиш за да ја поправиш. Обиди се да ги најдеш причините за однесувањето на твојата сопруга, можеби постпородилна депресија, пртезаштитнички однос кон детето и тн.
Јас искрено не сакам ниту да се потсекам дека имав многу лош период после породувањето, бев дома сама со дете, обврски, ненаспана, без помош ме фати зимото по цел ден дома ке полудев, а и бев многу љубоморна на секој што ке ми го фати детето не сакав никде да излегувам без него и да го оставам сам..
Уште еднаш ИДНИНАТА НА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО, ПРЕД СЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ Е ВО ВАШИ РАЦЕ, ИМАТЕ ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ ПРЕД ДЕТЕТО И НОСЕТЕ СЕ СО НЕА.




_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 416
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 13:09:21   
mila mama
Fenix и Spernova, тоа што двајцата сте на ист форум не е случајно! И двајцата барате одговор на причините за вашиот проблем. Наведените вербални навреди од страна на вашата сопруга и сите претензии од нејзина страна што ги спомнувате се само повод, а не причина за ситуацијата во која се наоѓате. Проблемите се бааги подлабоко, како што кажувате и вие, уште од почетокот на вашата врска свесно сте предизвикале турбуленции што сега излегуваат на површина во различна форма и манифестции. Мој совет е без да заземам никаков став за тоа кој е крив или кој треба да попушти, да си одите на психолог и да поработите малку врз самите себе индивидуално со него, а потоа и како тандем. Тоа што наведуваш дека не излегуваш по кафеани, ни кладилници е супер, но твоето присуство дома можеби е и премногу. Тоа што кажуваш дека и недостига предходниот живот на твојата сопруга за тебе можеби е неважно, но за неа е круцијално. Па ти си се заљубил во неа во моментов кога таа го водела тој живот. Не сметаш ли дека променетите услови на живот не променуваат и како личности. Да појаснам, не станува збор з изневери со бивши или пијанчења до бескрај, но едно кафе со пријателите (без разлика што за тебе тие се безцелни) може да и ја подигнат самодовербата и правилната оценка за самата неа. Вие сте тим, но не треба да се загушувате. Секој од вас треба да си има свое индивидуално катче-не соба, туку катче, кај што ќе биде свој и сам со своите потреби. За да функционирате во тим, треба да бидете исполнети на сите полиња. Бракот ќе биде успешен и за двете страни само ако сте задоволни на повеќе од едно поле. Ти имаш работа колку што можам да забележам. Таа немала и не можела да ја има додека имала бебе. имала време да размислува и да се труе со негативна енергија по цел ден. Како што кажуваш има и обрврски кон факултетот , што не била во состојба да ги заврши со мало дете. И тоа не е за обвинување, не би можела ни јас иако се декларирам како тебе за високо амбициозна личност. Тоа што има само уште 6 испити наведува на фактот дека твојата споруга успеала да го заврши поголемиот дел од факултето пред детето. раѓањето и одгедувањето на детето е шок за секој родител, некој има побрз механизам на адаптација од друг, на некому му треба помалку време да си дојде во нормала, но факт е дека на сите им треба ВРЕМЕ. Затоа на психолог и со бога напред мислам дека ќе се средат работите, затоа што сепак и после се, мене ми мириса на љубов user posted image
Само еден СОВЕТ плус: амбицијата ти е супер, но поработи малку и на твојата самоконтрола. Физичкиот напад без разлика на форма и интензитет е знак за немоќ и слабост. На еден самоуверен, успешен, интелегентен млад човек за каков претендираш, таа особина е незамислива.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 417
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 15:24:46   
Maca25
Се сложувам со се што има напишано мила мама!!
Луѓе, на вас ви треба советување. И тоа итно! Вака само ќе ги заладите односите! Па на тоа ваше дете му требаат родители кои ќе функционираат нормално еден до друг ( не во врска туку буквално еден до друг, без препирања, без расправии од типот моите твоите). Баталете мајки, баби, свекрви, ВИЕ тројца сте семејство, потрудете се да останете семејство.



_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 418
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 15:27:01   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: Fenix

Уште еднаш, ги сакам и сакам да се вратат ама несакам да молам,


Ако ги сакаш, ќе молиш, ќе плачеш, ќе бараш излез од оваа ситуација!! Истото важи и за сопругата!!!!


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 419
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 19:11:43   
Viktori
Затоа што ова е форум и секој има право да искоментира да сио го искористам и јас тоа право...

КОЕ ОДДЕЛЕНИЕ СТЕ, ЛУЃЕ?

Ако можете да разговарате седнете разговарајте, ако не можете договорете се што понатака со детето и се и готово!
Брачни проблеми не се решаваат на форум! И мислам најискрено, на форумов многу од жените ќе се солидаризираат со сопругата твоја, безразлика како и да е приказната и која и да е вистината. Во краен случај, не ни знаеме која е вистината, ниту пак по вашите прерсакажувања или раскажувања не можеме ни да донесеме некаков правилен заклучок.

Феникс, зошто се правдаш???
На кого се правдаш?

Ако навистина и маш згрешено нешто на сопругата кажи и на неа, а ако си се логирал само за да се оправдаш ти, нема потреба воопшто. Темиве за свекрви се само вентил, ни значат нешто на некој друг, ниту пак некој стварно би поверувал дека постот е 100% точен.

Ова е интернет, секој пишува што сака, секој си ја прави приказната како сака и секој е што сака тука! А како е во реалност, секој за себе си знае!

------------------------------------------------------------------

Добредојде на форумов и кога веќе си тука, повели и на другите теми! user posted image

< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 18.7.2011 19:12:06 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 420
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 19:17:57   
Octavia
Вие двајца сте влезени во некој ваш филм и тешко назад. Fenix си живее во некој филм дека е кул и успешен, а тоа што малку ја потчукнува жена му не го гледа како проблем... Кул и успешен, а покрај тоа и школуван и интелигентен маж НИКОГАШ нема да си дозволи ни куче да удри, а не жена (па ни своја). Колку сакаш филувај, насилство е насилство и нема оправдување. А зошто се омажила за тебе кога уште пред брак си ја удирал... е тоа не ми е јасно, ама тоа не е единственото нејасно во ситуацијава. Друго, мене да не си дошол да ме земеш од болница со детето, веќе нема ни да ме видиш. Најубавата работа во животот ако ми ја засе*еш, толку ќе ти биде, без разлика на причината.

Supernova e веројатно ненавикната и недоволно зрела за обврските на кои се нафатила, уште и со постар маж. Бегањето кај мама и тато е една работа, а злобните коментари и перверзните навреди се сепак одраз на еден каракер полн со фрустрации.
Двајцата си ја имаат прифатено улогата на жртва, и таков однос обично се заплеткува со менување на улогите жртва-насилник. Во постовиве гледам дека добро напнале да објаснат кој е поголемата жртва. Жртва има само една, тоа е вашето сирото детенце. Веројатно по карактер воопшто не си одговарате, немате ни исти интереси ни потреби, очигледно ни исти очекувања. Како сте завршиле заедно, не навлегувам. Стигнавте до тоа преку форум да се препукувате кој има полоши родители и кој е поголема жртва... Јас овој форум го сакам и го почитувам, многу корисни и интересни работи сум прочитала, ама со мм никогаш не би се пресметувала тука. За мене тоа е прилично зелено. Ако сте стигнати до таа фаза да не можете ни да зборувате како луѓе, туку само да се навредувате и да се тепате, единствената паметна работа за двајцата е секој да тргне на своја страна, па секој сам нека си се бори со своите демони. Така веројатно двајцата ќе станете посмирени, со помалку горчини, па ќе може и тоа сирото дете да види малку нормален живот.
Инаку, најмалку ми е важно чија мајка каква е и кој колку пари има за свадба... Кога луѓе се сакаат, никој од страна не може да им ја расипе љубовта. Може само кога таа љубов има сериозна пукнатина и остава простор за влијание од надвор. Кај вас не гледам љубов, иако двајцата тврдите дека го сакате другиот. Мене тоа „го сакам“ и „ја сакам“ повеќе ми звучи како уште една причина да се потенцира жртвата. Демек „еве го/ја каква е/каков е а јас сирот уште го/ја сакам...“.
Може сум малку поостра, ама самите си го барате. Чукнете си ги главите штo правите.

Viktori, сега ти го видов постот. user posted image

< Поракaта ја уредил Octavia -- 18.7.2011 19:21:06 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 421
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 21:07:46   
Fenix
За вас госпоѓо и вашата демагогија освен оваа реченица нема да потрошам ни буква трудејќи се ве демантирам затоа што некои слепи идеолошки мисконцепции за реалноста во која тука сте заробени очигледно оформиле голем и тажен кинески ѕид кој не дозволува било кој обид за контемплација на прагматичност, па се ќе биде само ветер во магла. Ви посакувам се најдобро некаде на Олимп или до Његош или на која и планина да живеете.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia

Вие двајца сте влезени во некој ваш филм и тешко назад. Fenix си живее во некој филм дека е кул и успешен, а тоа што малку ја потчукнува жена му не го гледа како проблем... Кул и успешен, а покрај тоа и школуван и интелигентен маж НИКОГАШ нема да си дозволи ни куче да удри, а не жена (па ни своја). Колку сакаш филувај, насилство е насилство и нема оправдување. А зошто се омажила за тебе кога уште пред брак си ја удирал... е тоа не ми е јасно, ама тоа не е единственото нејасно во ситуацијава. Друго, мене да не си дошол да ме земеш од болница со детето, веќе нема ни да ме видиш. Најубавата работа во животот ако ми ја засе*еш, толку ќе ти биде, без разлика на причината.

Supernova e веројатно ненавикната и недоволно зрела за обврските на кои се нафатила, уште и со постар маж. Бегањето кај мама и тато е една работа, а злобните коментари и перверзните навреди се сепак одраз на еден каракер полн со фрустрации.
Двајцата си ја имаат прифатено улогата на жртва, и таков однос обично се заплеткува со менување на улогите жртва-насилник. Во постовиве гледам дека добро напнале да објаснат кој е поголемата жртва. Жртва има само една, тоа е вашето сирото детенце. Веројатно по карактер воопшто не си одговарате, немате ни исти интереси ни потреби, очигледно ни исти очекувања. Како сте завршиле заедно, не навлегувам. Стигнавте до тоа преку форум да се препукувате кој има полоши родители и кој е поголема жртва... Јас овој форум го сакам и го почитувам, многу корисни и интересни работи сум прочитала, ама со мм никогаш не би се пресметувала тука. За мене тоа е прилично зелено. Ако сте стигнати до таа фаза да не можете ни да зборувате како луѓе, туку само да се навредувате и да се тепате, единствената паметна работа за двајцата е секој да тргне на своја страна, па секој сам нека си се бори со своите демони. Така веројатно двајцата ќе станете посмирени, со помалку горчини, па ќе може и тоа сирото дете да види малку нормален живот.
Инаку, најмалку ми е важно чија мајка каква е и кој колку пари има за свадба... Кога луѓе се сакаат, никој од страна не може да им ја расипе љубовта. Може само кога таа љубов има сериозна пукнатина и остава простор за влијание од надвор. Кај вас не гледам љубов, иако двајцата тврдите дека го сакате другиот. Мене тоа „го сакам“ и „ја сакам“ повеќе ми звучи како уште една причина да се потенцира жртвата. Демек „еве го/ја каква е/каков е а јас сирот уште го/ја сакам...“.
Може сум малку поостра, ама самите си го барате. Чукнете си ги главите штo правите.

Viktori, сега ти го видов постот. user posted image


(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 422
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 21:08:04   
Палешка РР
Во секој брак постојат кризи, но важно е да се смогнат сили и да се надминат.
И во мојот брак ги имало..а верувам и во сечиј.

Јас мислам дека е добро што се најдовте овде, на неутрален терен, на место во кое нема физички контакт. Можеби баш овде ќе сфатите колку длабоко грешите и двајцата и ќе се обидете да бидете заедно за доброто на вашето дете.

Се најдобро.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Octavia)
Непосредна врска до пораките: 423
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 21:35:24   
Fenix
Баш заради овој форум мојата мила вчера си го доби назад сиот имот што го имаше тука. Два пати, не јаден со денови морав да натоварам 100+кг алишта, ќебиња, книги никогаш неотворени и сл. и да ги однесам на двапати во нејзиниот роден град. И не беше импулсивно или афектно, првин убаво се јавив, признавам во лошо време од денот, (ноќта), на нејзиниот татко кој и помогна да го киднапира нашето дете со група полицајци со ургенции од велешката полиција, штоубава полициска држава сме нели супер. Интересно е што нашиве полицајци на терен кога беа во мојот дом видоа кој е хистеричен а кој бледо и резигнирано гледа кон целиот индолентен потег на една недорасната особа.
Бтв не сум стар како што некој претстави горе, имам 29 години, она има 25, а изгледа подолго се држи до деновите на тинејџерство. Ист случај со полиција викање на дечко не и е првпат, и се случило и претходно.

Значи по тој телефонски повик, таткото се закани со неколку точки како јас ќе завршам во затвор. За што незнам ама ќе видиме.
По неговите закани, револтиран и ги однесов сите нејзини работи дома. Ако некој започнува со закани за лишување од слобода користејќи го работното место не преостанува ништо друго освен и јас самиот да се обратам до институциите за заштита, има веројатно сеуште барем во граѓанските парници непристрастни судии.

Сопругата несака мир, 22 дена гаела гнев се нашла и тука да го сее истиот. Детето е со неа, па вие тука имате храброст да посочувате прсти кон мене како виновник. Не сите, но повеќето. Кој тука се грижи за најдобар интерес на детето, некој што го лишува од нормална средина или некој што сака по секоја цена да испадне праведен. А како? Да ја убиеме мајка ми ај, или сестра ми, да се подложам на хормонална терапија и без тестостерон да плетам и да викам Да драга, да, гледање дете е навистина тешко, ти треба да излезеш малце да се издуваш.

А што да кажам за водките што ги пиеше додека беше бремена, 4-5-6 цигари на ден после 4тиот месец, или 1-2 цигари сега одкога се породи?

ЈАС сум крив, се горе е лага!! Каде е само онаа сликичката со жената работник со рака стисната во тупаница и титл FEMALE POWER! YEARS OF OPPRESSION ARE OVER!!

Демократијата во западните земји доведе до ова, 0 наталитет, 0 морални вредности, никаква насока кон подобро утре, само еден комфорен систем на распад.

Инџои.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Во секој брак постојат кризи, но важно е да се смогнат сили и да се надминат.
И во мојот брак ги имало..а верувам и во сечиј.

Јас мислам дека е добро што се најдовте овде, на неутрален терен, на место во кое нема физички контакт. Можеби баш овде ќе сфатите колку длабоко грешите и двајцата и ќе се обидете да бидете заедно за доброто на вашето дете.

Се најдобро.



(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 424
   RE: Како се согласувате со родителите на маж ви?
18.7.2011 21:44:55   
Палешка РР
Fenix, ние не сме судии за да посочиме со прст кон виновникот. Овде ќе прочиташ различни мислења и ставови, обиди се колку можеш да извлечеш поука или совет, но немој да се навредуваш - колку членови - толку ставови.

Јас сум од оние кои мислат дека за се` има решение и дека за секој проблем во бракот има лек.
Ако нема, во вашиот случај, тогаш е добро што ќе продолжите со вашите животи, па макар и секој по свој пат.




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Fenix)
Непосредна врска до пораките: 425
Страница:   <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?