agnes77 -> "Ги правеле со посебни потреби за да ги посвојат странци?" (27.1.2011 14:08:20)
|
[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=876E0C9B8C61294291DEE8F6B4873BCD "До министерот за труд и социјала, Бајрами, допреле информации за наводни злоупотреби со деца што се давале на посвојување надвор од земјава Жаклина Ѓорѓевиќ Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, има индиции за злоупотреби со деца од земјава што ги посвојуваат странци, и затоа смета дека е добро истражните органи да ги проверат овие посвојувања. Министерот, ексклузивно за нашиот весник, во интервју што ќе биде објавено во понеделник, изјави дека добил информации за злоупотреби со деца што наводно биле здрави, а во нивните документи биле заведувани како деца со посебни потреби, иако тоа не било вистина. „Симптоматично за мене е што странците посвојуваат исклучиво деца со посебни потреби или од ромска етничка заедница. Добро би било да се вклучат истражните органи и да проверат каква е фактичката состојба на оние странски државјани што посвоиле деца. Токму тука можеби лежи можноста за злоупотреби од некои службеници. На пример, некое дете да било здраво и право, а да се запише дека тоа има карактеристики на дете со посебни потреби“, вели министерот во интервјуто за „Утрински весник“. Тој нема конкретни индиции за злоупотреби, а информациите ги добил во неформални разговори со луѓе надвор од Министерството. Токму затоа објаснува дека го вовеле електронскиот систем за посвојувања, за кој најави дека наскоро ќе профункционира. Според него, услов странец да посвои дете е ако претходно сите домашни посвоители се откажат од него, па дури тогаш странците да пројават интерес."
|
|
|
|