mother 29 -> RE: Рамни стапала (11.2.2010 9:11:46)
|
вчера ,јас , тато и Марко бевме на колективна игра низ гимнастика..така се вика групата деца(рекреативно) од 2-4 год. ја води дипл.физиотерапеут,млад перспективен дечко.инаку се одржува часот два пати неделно ,со големи топки,играчки со некоја намена..се со една цел ..зацврстување на мускулатурата на децата низ игра! прв пат бевме,ми се допадна,ја подржувам идејата на докторот да го всадиме спортскиот дух уште во најмлада возраст кај децата....ке одиме па кога ке имам подетален впечаток ке ви пренесам.... е сега кога се соблековме боси да влечат врвка со прстињата на ноџето ,ми кажа дека на Марко десното стапало му е рамно.............и јас си закажав сабајлето во ремедика(да провериме дали е навистина рамно) и плус се фрлив на нет..........и што да видиш,хаос!!!!!!!!!! едни доктори се ЗА ортопедски помагала..............други ПРОТИВ.во контекс Сите деца, ама баш сите деца до 7 години со со рамни стапала. Значи тоа е нормално. Тоа е остаток од времето кога човекот одел бос и на 4 нозе. За да не останат рамни после 7 години детето треба да биде што повеќе босо, а не со чевли. Чевлите не лекуваат. Тие го омлитавуваат стапалото и затоа немате резултати. Децата треба да го прават тоа што сите сакаат да го прават. Да се подигнуваат и да одат на прсти, а не да ги караме да одат на цело стапало, понатаму многу сакаат да скокаат и тоа треба да се дозволува. Така ги вежба мускулите на подколеницата кои продолжуваат кон стапалото и го обликуваат. Со самото тоа секој спорт ќе помогне во формирање на стапалата.(цитирам наш еминентен др) [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] .........какви се стапалата на вашите деца или сеуште не знаете?
|
|
|
|