profesorica -> Веруваш ли во мама? (25.8.2009 8:07:08)
|
Едно утро, после доброто спиење се будат близнаците во мајчината утроба. Растегнувајќи се и судирајќи се во тесната околина започнуваат препирка околу тоа дали постои или не постои живот после раѓањето... - Ама ајде? Немој да ме зезаш дека веруваш во живот после раѓањето? - Паа, хм...Сигурно дека постои нешто после раѓањето. Можда сме сега тука за да се припремиме за тоа? - Е баш си блесав! Живот после раѓање? Тоа нема никаква смисла. Како тоа воопшто би изгледало? - Не знам...Би сакал да има многу светло! И пространство - а не вака тесно како тука. Можда би можеле да трчаме? Би било забавно кога би можеле да јадеме со својата уста. - Ти си луд! Да можеш да одиш и да јадеш со својата уста е невозможно! Да не е така, тогаш не би имале папочна врвца. Ама ја имаме. Ти велам, раѓањето е крај! - Не верувам. Сугурно ќе се случи нешто добро. Нешто сосема поинакво од начинот на кој сега живееме. Нешто што дури и не можеме да го замислиме. - Ти стварно си полудел. Никој жив не се вратил од таму! Тоа значи дека раѓањето е крај на светот. Освен тоа, што е животот - ако не лулкањето во топлата, тесна, мека и мрачна околина? - Не знам. Можда ќе излеземе надвор и ќе ја запознаеме мама. А таа ќе се грижи за нас. Ќе не нишка, ќе не храни, ќе не мази... - Мама?!? Не ми се верува! Ти веруваш во Мама?! Добро, по твое каде би била таа Мама? - Не знам. Можда насекаде околу нас? Можда благодарејќи и на нејзе ние сме живи? Можда без неа не би можеле ни да разменуваме мисли? Мислам дека без неа ние воопшто не би постоеле... - Ама ајде! Си ја видел ти некогаш таа Мама? Јас не сум. Затоа е потполно јеасно дека таа не постои. - Да, можно е и да не постои. Ама понекогаш, кога сме скроз мирни, ја слушам како ни пее и го допира нашиот свет. Знаеш мислам дека после раѓањето започнува вистинската забава...
|
|
|
|