топ 10 намирници (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


mami -> топ 10 намирници (27.8.2009 10:34:25)

еве 10 намирници кои се особено полезни за детето и се огромен извор на енергија и витамини
1. Банана- богата е со калиум и вит.Е и е одличен извор на енергија
2. Спанаќ- преполн со железо и основните антиоксиданти
3. Морков- од огромна важност е за растењето, за здрава кожа и заби. Полн е со вит. А
4. Риба- многу важен извор на есенцијалните омега- 3 масла
5. Млеко- ги има сите хранливи состојки кои му требаат на бебето за правилно да се развива
6. Кашкавал- одличен за здрави коски и заби
7. интегрален леб и житарици- содржи висок степен на влакна и јаглехидрати
8. Јајца- богати со протеини, витамини и железо
9.Месо- црвеното месо е голем извор на железо, богато е со протеини и цинк- што се основни материи за раст и јакнење на имунолошкиот систем
10. Киви- содржи два пати повеќе вит.Ц од портокалите и лимоните. Одличен извор на калиум, вит.Б, Е и разни минерали




Еца -> RE: топ 10 намирници (27.8.2009 10:43:11)

Јас тука обавезно би ги додала гравот и леќата, како и јогуртот.




mami -> RE: топ 10 намирници (27.8.2009 10:49:05)

па тогаш не би биле топ 10 туку 13 нели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
вака сега кога гледам мојон јаде дневно од овие по три четири сигурно, па и нее толку страшно што јас цело врме мислам дека детето ништо не јаде или слабо јаде..




Еца -> RE: топ намирници (27.8.2009 11:01:17)

Еј мами немој да бидеш толку ограничена како што ти е ограничен насловот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek.gif[/image]Штом е така јас си го променив насловот, па секој нека додава по некоја намирница за која лично смета дека е топ да ја јаде секое дете.Ајде мамички ваше мислење[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mother 29 -> RE: топ намирници (2.9.2009 12:02:14)

Храната што е препорачлива за во детското мени
Мешунки


[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/zelencuk/grasok/zelencuk66hrana.jpg[/image]



Мешункастите растенија се едноставен и практичен пакет од производи кои го балансираат шеќерот во крвта, а тоа значи дека го намалуваат ризикот детето да стане предебело. Мешункастите култури, исто така, се поврзуваат и со подолг животен век и со помал ризик од појава на тумори, дијабетис и други хронични болести. Ги исцрпевте сите идеи за подготвување на грашок и други мешункасти култури? Еве една нова. Грашокот посипете го со дробено или рендамно сирење, зачинете го со маслиново масло, со сол и бибер, замотајте го во палачинки и испечете го на 150 целзиусови степени.



Спанаќ 




[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/zelencuk/Spanak.jpg[/image]


Спанаќот содржи висок процент од антиоксидансот лутеин кој ја чува кожата од оштетување и го подобрува имунитетот. Освен тоа, спанаќот има и големи количевства на витамин К и магнезиум, елемент кој е неопходен за здрави коски. Идеја за ручек: помешајте го варениот спанаќ со сос од домати и целата смеса прелијте ја преку тесто за пица. А може и да исечете млад спанаќ на ленти, да го помешате со исецкани јаболки, моркови и макало од јогурт и мед.



Ореви


[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/08/statii/orev.jpg[/image]




Една шака ореви содржи 2,6 грама омега 3 маснио киселини, кои се клучни за развој на мозокот, за подобрување на функцијата на имунолошкиот систем и кардиоваскуларното здравје. Оревите содржат и високо количевство мелатонин кој на децата им помага да имаат квалитетен сон и штити од појава на рак. Една згодна идеја за ужина: измелите ореви, семенки од лен и грозје и помечајте со изрендано црно чоколадо.



Боровинки 


[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/ovosje/borovinki/ovosje136hrana.jpg[/image]




Боровинките имаат висока содржина на антиоксидансот полифенол кој го чува здравјето на крвните садови и ги намалуваат воспалителните процеси. Притоа, полифенолот е клучен за одржување на здравјето на мозокот. Како и сите бобинкасти овошки, и боровниците го спречуваат развојот на тумори. Идеја за ужина: направете шејк од боровинка, јогурт и сурутка. Смесата замрзнете ја во помали садови – децата ќе уживаат во здравиот и природен сладолед.






mother 29 -> RE: топ намирници (2.9.2009 12:03:52)

Лековитите својства на медот[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/08/statii/lekovitite-svojstva-na-medot1.jpg[/image]


Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умната и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам, бргу и потполно се апсорбира. Ја подобрува отпорноста на организмот за инфекции и зарази затоа што има антисептичко делување. Хигроскопот ја врзува и отстранува непотребната вода од организмот. Одличен е против кивавица, настинки и суво кашлање.

Ја подобрува апсорпцијата на лековите и ги прави поделотворни а го заштитува организмот од штетните остатоци на истите. Исто така има позитивно влијание на отстранувањето на забните наслаги.

Во зависност од нектарот од кој се добива има разни видови мед, кои се разликуваат по бојата, составот, вкусот и мирисот. Така потемниот мед е побогат со минерали од посветлиот.




mother 29 -> RE: топ намирници (2.9.2009 12:08:40)

 [image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/06/statii/brokula1.jpg[/image]

Објавено: 2009-06-12
Брокулата е многу богата со сложени фитохемикалии, а содржи и калциум и магнезиум, а од витамините, ги содржи витамините од Б групата, особено витаминот Б9, а витаминот Ц го има во иста количина, како и кај јужното овошје и пиперката. Заради тоа брокулата, е голем извор на растителни влакна, неопходни за дигестивниот трак.

Брокулата се покажува како лековит зеленчук, ги ублажува кардиоваскуларните болести, и ја одржува еластичноста на крвните садови. И во случаите на очните болести, брокулите покажуваат одлично лековито својство. Заради огромното количества хранливи материи, и витаминот Ц, брокулата го јакне нашиот имунолошки систем, и му помага на организмот, да се заштити од грип, и од вирусни инфекции.

Витаминот Б9 кој во голема количина го содржи брокулата, помага во случај на анемија, а заради моќните антиоксидансни својства, редоното консумирање на овој зеленчук, ги ублажува тегобиите, при паркинсовата болест.




mother 29 -> RE: топ намирници (2.9.2009 12:10:48)

ova dorabotka na podatoci........se nadevam korisni
[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/statii/hranlivosta_na_jogurtot.jpg[/image]

Објавено: 2009-06-07
Хранливите состојќи во јогуртот настануваат во процесот на ферментација на млекото. Под дејство на микроорганизмите се зголемува нивото на млечна киселина, а умерено се намалува количината на лактоза. Ова го објаснува фактот дека луѓето кои имаат проблеми со дигестија на млекото, многу полесно го поднесуваат јогутот. Во создавањето на јогуртот учествуваат две главни бактерии:
- Lactobacillus bulgaricus
- Streptococcus thermophilus

Ена од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак, покажуваат дека кај луѓето кои секој ден пијат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските.

Рускиот хемичар Борис Метчинов во 1898 год. ја доби Нобеловата награда за откритието дека луѓето кои пијат јогурт живеат подолго. Причината за позитивното влијание на јогуртот, е корисно дејство на бактериските култури врз желудникот и цревната флора. Постојат докази дека токму тука лежи еден од важните фактори за долговечност.




mother 29 -> RE: топ намирници (2.9.2009 12:14:31)

Леќа[image]http://www.hrana.com.mk/gallery/zelencuk/lekha.JPG[/image]

Објавено: 2009-06-10
Леќата е позната како многу вреден енергетски продукт. Во 100 грама леќа содржи 338 калории, изобилува со витамин Б, и големо количество јаглено хидрати. Леќата не содржи ни заситене маснотии, а не содржи ни штетен холестерол.

Леќата спаѓа во групата на мешункасти растенија, а заради богатството од протеини, за леќата се вели дека е замена за месо.

Исто така таа е богат извор на витаминот Б6, фосфор, магнезиум, железо и цинк.

Високата содржина на витаминот Б6, ја прави леќата поволно да делува на нервниот систем, а со голема содржина на железото исто така ја прави леќата, да биде корисна во спречувањето на слабокрвност.




Страница: [1]