Весна -> RE: Каучукова или силиконска цуцла? (23.1.2010 0:26:11)
|
А кажете ми, кога првпат им дадовте -каква и да е- цуцла? Јана некако ми е мала за цуцла, само месец и 1 недела е. Неколку пати имаме пробано да и’ дадеме, но таа ги стиска ли стиска устенцата. Еднаш свекрва ми успеа да и ја тупне, и тоа наопаку и’ ја ставила. Гррррр, колку бев лута! Туку, чекајќи во ординација кај матичната, беше една женичка со двомесечно бебе и имаше дадено некаква посебна, анатомска цуцла во која има дупче во средината, во кое се става прстот и бебето мисли дека го цица прстот на мајка му. Ги давале во Ремедика, а таа ја купила во некоја аптека кај универзална. Знаете нешто за ваквата цуцла?
|
|
|
|