zapce -> RE: Драга мамо... (26.7.2011 13:35:03)
|
Зарем остаре ? Мене така не ми се чини. Јас сеуште те сакам како некогаш, кога би можела би ти подарила младост, ти мораш да бидеш со мене засекогаш. Кој сака да ми те земе ? Па ти си моја! Ти мораш да ми мавташ кога ќе си одам, не е важно што косата ти изгубила боја, јас и таква секаде ќе те водам. Не ја потценувајте! Таа жена знае колку животот е без тло, нејзината добродушност е света, чесна е, никогаш не би ти нанела зло. Таа е лавица! Ако ја задеваш ќе ти сќржи, ако ја погалиш ќе те дружи, но ако и го повредиш чедото-пази, ќе те растргне и цел живот ќе те мрази. Сама. Се на своите болни раце! Отиде оној жар на упорна жена, се изгуби брзиот од, и само за јас маки да немам. Благодарам што ме одгледа! Сега знам дека во мене е твојата сила. За тебе несреќничке, вечна љубов и почит и прости што те оставив без крила, јас сеуште гледам светлина во тие темни очи. Таа светлина не ми ја давај, Ти зедов се, а ти не рече доста, т е ставив во кафез, а ти рече "Ако". За мене избра живот, па те направија проста, но ти повеќе не кажа ни збор. Загуби се за да ме добиеш мене, па се праша ли некогаш, дали го направи вистинскиот избор? Сега кога си роза што вене ја бараш својата младост. Тоа не можам да ти го вратам, можам само да ти донесам радост. Цел живот те гледав тажна, плачеше зошто не си била од полза, но најсакана, знај дека дури сум жива нема да ти дадам да исплачеш ни солза. Ти си мојата мајка, Мојот анѓел чувар и последна станица, кога животот престанува да ми биде бајка....
|
|
|
|