стриптиз (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


mami -> стриптиз (27.8.2009 15:57:26)

ова е можеби еден убав начин да ја започнете вашата приватна забава. Има ли подобра предигра од стриптизот..Се што ви треба е добра песна, еве неколку избори
Идеални песни за стриптиз

,,I'm a slave 4 u“ - Britney Spears

http://www.youtube.com/watch?v=7usEhCXP5X4

Песната има еротичен ритам и провокативен текст, своевремено беше голем хит. Што е подобро од ваква песна за вашиот интимен стриптиз? Доколку сакате да ја зачините својата предигра, задолжително внесете лисици или пак нешто друго за врзување, кое воедно ќе го надополни вашиот танц. Верувајте дека партнерот ќе ви биде вечно благодарен.

,,Buttons“ - The Pussycat Dolls

http://www.youtube.com/watch?v=Lad9PVjKwOE&feature=fvst

Еден стих од оваа песна вели ,, Baby, can't you see? How these clothes are fitting on me

And the heat coming from this beat, I'm about to blow. Уште ако се потсетиме дека пред да ја достигне својата светска слава, стануваше збор за бурлеска група, јасно е зошто оваа песна се една од најдобрите за добар стриптиз.

,,Justify my love“ - Madonna

http://www.youtube.com/watch?v=W5_Fv4-tmMQ&feature=related

Култната Мадона знае како да направи песна која едноставно ќе ве „соблече“. Ова е едно до оние музички парчиња кои се одлична комбинација на музика и текст, кои одговараат за стриптиз. На тоа додадете го и провокативниот спот и имате полн погодок.

,,Can I Touch You There“ -Michael Bolton

http://www.youtube.com/watch?v=ZYP9hWSZ6q8

Оваа песна е создадена за оние кои преферираат малку побавен, но одличен ритам за ,,нишање“. Сензуалниот танц дефинитивно ќе го поттикне вашиот партнер да стане и да започне да го следи говорот на вашето тело.

,,You Can Leave Your Hat On“ -Joe Cocker

http://www.youtube.com/watch?v=tunvwCvu2NY

Несомнено станува збор за класика која доколку ја изберете, никогаш не може да направите грешка. Едноставно погледнете го видеото и сигурно ќе добиете дополнителна инспирација.








Лејди -> RE: стриптиз (29.8.2009 20:19:28)

Е која песна и да ја има и колку и да сакам да го изненадам со стриптиз мислам дека е џабе.
Не ме бидува за тоа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




evgenija -> RE: стриптиз (5.9.2009 11:15:49)

nemoj taka da vikas..nim mnogu im znaci koga partnerkata pravi nesto za niv- tie ne gi gledaat nasite golemi kolkovi ili stomace ili svisnati gradi- tie ja gledaat zenata na nivniot zivot, majakta na nivnoto dete, ljubovnicata za navek, kako se trudi da gi impresionira. Mislam site tie sakaat striptiz a zamisli kakov filing mu e koga go dobiva doma,samo za negovi oci i toa od zenata koja ja saka




mami -> RE: стриптиз (15.9.2009 8:58:09)

играла некој/а стриптиз пред мажот/жената или сите сме срамежливи?




profesorica -> RE: стриптиз (15.9.2009 8:59:23)

Ххаха јас не сум срамежлива[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: стриптиз (15.9.2009 9:03:52)

ајде сподели го искуството со нас..не биди таква сега




profesorica -> RE: стриптиз (15.9.2009 9:10:26)

Хаха само ќе кажам дека многу пати се десило, обостан стриптиз на обострано задоволство[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




BEBICA -> RE: стриптиз (16.1.2010 7:50:37)

Возбудливи игри за стриптиз
Многу лесно можете да западнете во замките на монотониот сексуален живот. За да го зачините вашиот сексуален живот и да ги запалите старите искри, пробајте некоја од следните секси стриптиз игри.  Зачинете го вашиот сексуален живот со некоја интересна игра за стриптиз.
  • Секси турнир во шах. Запалете ги свеќите, пуштете тивка музика и поставете ја таблата за шах. Започнете да играте. Кога ќе земете една од неговите фигури, бавно соблечете дел од неговата облека. Кога тој ќе ве надитри, за награда нека соблече дел од вашата облека. Не се знае дали некој од вас ќе направи шах-мат, но се знае каде ќе завршите вие двата.
  • „Дама" од фантазиите. Прво и двата напишете на ливче една ваша фантазија. Секој од вас треба да носи на себе 4 нешта. Вие: маица, прслук, гаќички и панталони, а тој: долна маица, блуза, боксерки и панталони. Започнете да играте дама. Секогаш кога еден од вас ќе го прескокне другиот има право да соблече нешто од „губитникот". Кога и двата ќе останете целосно голи, играта се менува. Сега ако го прескокнете него, можете да изберете или тој да направи нешто за вас или вие да му направите него. Играта продолжува до крај. Победникот како награда добива фантазијата (која претходно ја напишал) да му стане реалност.
  • Палави зарчиња. Еден од вас ги фрла заровите за да ја започне играта. Другиот треба да погоди дали збирот на заровите кои ќе ги фрли тој ќе биде поголем или помал од претходното фрлање. Секој што ќе згреши треба да соблече нешто од облеката.
Кој би очекувал дека игрите за забава можат да го разнообразат и зачинат сексуалниот живот.
триптизот е еротичен танц со кој жената (или мажот) бавно се соблекува во ритамот на заводлива музика. Секој маж си фантазира за едно незаборавно стриптиз шоу. Па зошто да не му го подарите тоа на вашиот партнер? Не треба да сте професионалка за да ја вжештите до максимум атмосферата во спалната. Златни правила  Секој маж си фантазира за едно незаборавно стриптиз шоу, па зошто вие да не го израдувате вашиот.
  • Пригответе се. Вежбајте пред огледалото. Научете се да танцувате бавно и заводливо да ги движете колковите. Вашата кожа треба да биде мека, нежна и да издава убав сензуален мирис. Не заборавајте да ги издепилирате сите делови од телото што сакате да ги истакнете, да го премачкате вашето тело со млеко или масло за тело и да потрошите поголемо количество од вашиот омилен парфем.
  • Облечете секси долна облека. Нема да згрешите ако изберете тантела или свила во црна или црвена боја. Исто така и белата боја не е за занемарување. Таа се асоцира со невиност, па затоа некои мажи не можат да ѝ одолеат на белата секси облека.
  • Носете тенки чорапи. Дали ќе изберете чорапи со должина до коленото или надколеници зависи од вас. Жартиерите се пријатна глетка за машките очи, затоа не му го скратувајте тоа задоволство.
  • Секси облека. Прво правило на горната облека е да може лесно да се соблекува. Без разлика дали ќе ставите само мантил или ќе имате некоја улога (палава медицинска сестра или ученичка), важно е да можете лесно да се соблечете. Корсетот можеби делува секси, но сигурно ќе ја нарушите хармонијата на танцот додека се обидувате да го соблечете. Затоа, избегнувајте го кога планирате да правите стриптиз.
  • Носете високи штикли. Можете да решите да не носите обувки за да имате поголема стабилност, но нема ништо посекси од висока штикла. Не ги соблекувајте штиклите, тие ќе направат да се чувствувате посекси, а истовремено ќе ја издолжат вашата фигура.
  • Внимателно одберете ја музиката. Повеќето луѓе кога ќе помислат на стриптиз, веднаш се сеќаваат на песната „You Can Leave Your Hat On" од Том Џонс. Тоа не мора да биде вашиот избор. Има голем избор на заводливи песни кои ќе ве опуштат и ќе ги диктираат вашите елегантни, секси движења.
  • Прилагодете ја светлината. Направете убава атмосфера со помош на ароматни свеќи. На светлината на свеќите ќе добиете повеќе самодоверба.
Седнете го вашиот партнер на стол и започнете. Ако сето ова го направите без тој да знае, уште кога ќе ве здогледа ќе копнее по вас. Златни совети
  1. Гледајте го право во очите. Во текот на целиот танц гледајте го заводливо. Вашиот секси поглед ќе му ја зголеми возбудата.
  2. Допирајте го вашето тело. Вашите раце нека ги галат оние делови, кон кои сакате да го привлечете неговото внимание.
  3. Неговите раце подалеку од вас. Не му дозволувајте да ве допира. Кажете му да седи мирно и да ужива.
  4. Роза, пердув или шал. Користете роза или долг пердув со кој ќе го допирате од време на време. Иако целта е да се соблечете, прикривањето со шал исто така е возбудливо. Замотајте се во шалот и полека откривајте му дел по дел од вашето тело.
  5. Започнете да се соблекувате. Соблекувајте се бавно во ритамот на музиката. За поинтересно соблекувајте се додека сте свртени со грб и потоа свртете се наеднаш кон него. Играјте си со алиштата. Прерамките од прслукот вадете ги една по една, а потоа фрлете го прслукот кон него.
  6. Играјте си со косата. Мажите ја обожаваат женската коса. Подигнете ја косата со двете раце нагоре и потоа пуштете ја.
  7. Не ја соблекувајте целата облека. Оставете дел од вашата облека на вас.
На крајот доближете се до него и ноќта може да започне.





profesorica -> RE: стриптиз (16.1.2010 8:54:54)

хаха бебице фала за корисното инфо-дефинитивно ќе искористам по нешто.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: [1]