Сангрија (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да направиме заедно



Порака


Лејди -> Сангрија (28.8.2009 0:01:32)

Сте пробале ли сангрија?

Јас вино несакам да помирисам а не па да се напијам, случајно на гости пробав домашна сангрија.
Мислам дека поубаво нешто не сум пробала, толку благо и вкусно да пиеш и да се опиеш ама со лезет.
Да незнаеш за доста.

Инаку за оние што незнаат што е сангрија:

сангријата прерасна во светски популарен освежителен пијалак. Во САД сангријата првпат беше пробана на Светскиот саем во Њујорк во 1964.
Сангријата потекнува од традиционалниот пунч со црвено вино популарен низ Европа со векови. Основата на пунчот е кларе, т.е. бордо вино од Франција. Бренди и овошје се додаваат за вкус. Во 18 и 19 век ваквиот пунч го имало на забави од секаков вид.
Секој ресторан си има свој рецепт за сангрија - обично смеса од вино, бренди и од свежо овошје, со мраз. Ова е еден од најиндивидуалистичките пијалаци на пазарот. Сангрија може да се прави и со бело вино - тогаш се вика сангрија бланко.

И еве како се подготвува:

Основен рецепт за сангрија Состојки:
1 шише црвено вино
1 лимон, исечен на парчиња
1 портокал, исечен на парчиња
2 големи лажици шеќер
1 чашка бренди
2 шолји сода

Начин на приготвување:
Сипете го виното во бокалот и истискајте го сокот од лимонот и портокалот во виното. Ставете ги парчињата овошје (по можност без семки) и додадете шеќер и бренди. Оставете да се олади преку ноќ. Додајте сода непосредно пред сервирањето. Ако сакате да сервирате веднаш, употребете ладно црвено вино и служете со многу мраз.
Идеи за додатоци: сечкани јагоди, праски, грст свежи боровинки, малини, киви, шприц-два џин, бренди или рум, газиран сок од лимон или портокал или сок од лимета.





niki -> RE: Сангрија (28.8.2009 0:09:52)

Mojata kuma e spanjolka i na rodendenskite zabavi na sin i sekogas podgotvuva sangrija i jas redovno pijam. Kaj niv prv pat probav i samo kaj niv pijam kaj drugi ne sum sretnala.
Mnogu mi se dopaga, slatko osvezitelno, nemas cuvstvo deka pies alhohol, prekrasen pijalok.




Лејди -> RE: Сангрија (28.8.2009 0:25:35)

Можам да замислам колку е поубав оригиналниот рецепт.
Ликерите вода можат да му носат на овој пијалок.
Мене ми остави многу убав впечаток.
Незнам дали го има по кафичите, а за рестораните и пицериите знам дека го служат.
Ако знае некој домашен рецепт (веќе испробан) нека го пише зошто сакам да и спомнам на мајка ми да направи, па не сум сигурна дали да се раководам по оној горе наведениот.
Испробаниот рецепт ми е по сигурен.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




niki -> RE: Сангрија (28.8.2009 0:36:05)

Ete nikogas ne mi teknalo da gi prasam za recept, a doma si pravat sami. Ajde koga ke gi vidam, ako ne zaboravam ke prasam. Ne mi padnalo na pamet deka i sama moze da si podgotvam, toa e dokaz kolku pijam alhohol, ednas u sto godini.




natasha -> RE: Сангрија (28.8.2009 11:01:18)

bidejki brat mi e barmen za mojata diplomska imav sangrija,mn odlicen pijalok i site bea vooduseveni.....




profesorica -> RE: Сангрија (15.9.2009 9:36:02)

Леле јас су пробала неколку видови на вино ама едноставно ми е тешко и неможам да го поднесам.Сите околу мене пијат вино а јас не можам.И општо алкохол не пијам ништо.




Лејди -> RE: Сангрија (15.9.2009 11:45:04)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Леле јас су пробала неколку видови на вино ама едноставно ми е тешко и неможам да го поднесам.Сите околу мене пијат вино а јас не можам.И општо алкохол не пијам ништо.


Професорица, јас виното неможам ни да го помирисам а не да го пробам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Сангријата иако е вино, нема благе везе со оној вински мирис[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Благо, вкусно како сок.
Мора да пробаш, не се чувствува дека има алкохол во него исто како кога пиеш ликер, само што ова е 100 пати поубаво.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




profesorica -> RE: Сангрија (15.9.2009 11:47:27)

Ооооо па тогаш обавезно пробувам, јас ликери сакам да пијам да заборавив да напоменам од алкохол пијам само ликер.




Mam81 -> RE: Сангрија (15.9.2009 11:55:41)

Јас пијам многу вино, но, дефинитивно најубавото вино што сум го пробала до сега е од винарија Попов, Темјаника, Muscat Frontignan




vezilka RR -> RE: Сангрија (30.9.2009 16:03:35)

јас па ја знам следнава рецепта за сангрија (не знам некаде ја прочитав):

  • бело вино + црвено вино во еднакви количини (за замена може и Розе вино оти не е толку јако)
  • парчиња лимон
  • парчиња портокал
  • малку сок од праска
  • коцки мраз

испробана е рецептава ја правев заедно со уште неколку коктели, луѓево се убија од пиење..за на жешко време душа даваат..иначе мој омилен коктел е Bladi Merry..




Сани -> RE: Сангрија (30.9.2009 17:09:00)

Видов во СП Планет имаше флаширана сангрија (најверојатно ја има и во другите продавници). Дали некој ја пробал? Баш ме интересира дали е и така вкусна!




SkCura77 -> RE: Сангрија (26.12.2011 11:52:18)

Еден од моите омилени алкохолни пијалоци. Во мала доза многу крева расположение. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Сангрија (26.12.2011 11:55:51)

уфф обожавам сангрија , како би се напила сега ,




arh_diz -> RE: Сангрија (26.12.2011 12:43:50)

Mmm maz mi mnogu ubavo ja pravi, ne napravil od munatata zima dobro mi spomenavte




Maca25 -> RE: Сангрија (26.12.2011 13:08:06)

пиши арх_диз рецепта ако можеш ( да не има некоја посебна состојка мт)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
јас обожавам сангриј, ама немам пиено одамна





temjana -> RE: Сангрија (26.12.2011 13:32:11)

јас лани за роденденот правев сангрија бела и црвена ама по оригинален рецепт од Шпанија кога бевме ни го дадоа. Значи со од вечер одседено овошјето во алкохол, мфмфффмфммф ги здрвив сите гости до степен да се тепаат за микрофон[sm=smiley36.gif]




kikicka -> RE: Сангрија (26.12.2011 13:51:15)

Имам една случка со снагријата.....секоја годинана св.атанасеј таткото на другарка ми што славиниправење сангрија алии една година наместо сангрија добивме санракија.Човекот ги замешал шишињата со ракија и бело вино и наместо шишето со вино го ставил ракијчето,па така сите си пиеаа јас нешто мигоре во грло сивикам воа не е сангрија а другиве маканемаат и накрај ништо од сангријата ајде бело вино кепиеме и пак го замешавме со ракијата хахаххаха




Yummy Mammy -> RE: Сангрија (26.12.2011 13:58:25)

Zenski, da ve prosvetlam, Sangrija imate vo poveketo kafici vo Sk, ne mi teknuva kako se vikase proizvoditelot, no definitivno se proizveduva tuka vo Mk. I odlicna e!




mila mama -> RE: Сангрија (26.12.2011 22:19:42)

Никад не сум пробала, ама рецептата погоре звучи инспиративно, па кај и да е ќе направам. Инаку од виното стомак ме боли, да видиме после сангријата како ќе биде.




arh_diz -> RE: Сангрија (27.12.2011 10:18:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

пиши арх_диз рецепта ако можеш ( да не има некоја посебна состојка мт)[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
јас обожавам сангриј, ама немам пиено одамна



Mm ja pravi kako receptot na vezilka ,samo mesto sok od praska stava sirup od praska




Maca25 -> RE: Сангрија (27.12.2011 10:39:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy

Zenski, da ve prosvetlam, Sangrija imate vo poveketo kafici vo Sk, ne mi teknuva kako se vikase proizvoditelot, no definitivno se proizveduva tuka vo Mk. I odlicna e!


што знам мене не ми е иста сангријата што ја има по кафичиве од домашна. домашната е во секој случај повкусна [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]





Maca25 -> RE: Сангрија (27.12.2011 10:43:21)

другарка моја од Колумбија ставаше и парчиња јаболко во сангрија. треба да ја прашам како ја прават таму, затоа што нејзината сангрија беше пре преубава.




temjana -> RE: Сангрија (27.12.2011 12:07:58)

јаболка се ставаат и во белата и во црната сангрија[sm=smiley1.gif]




arh_diz -> RE: Сангрија (27.12.2011 12:27:51)

Toa so jabolko e glintvejn mislam taka e i na makedonski




Melanija RR -> RE: Сангрија (24.11.2012 19:03:41)

И јас пијам Сангрија редовно [sm=smiley1.gif] секоја година во Грција [sm=smiley36.gif]
Пластично шише од 1,5 литро мислам беше докај 4евра.
Тука барав ама ненајдов дури ни во Веро,може во ова големово има
Ако некој некаде видел во Скопје нека пише,не ми се прави сакам да си купам [sm=smiley1.gif]




Страница: [1]