deluxe -> RE: Синдромот на второ,трето... дете (30.6.2015 23:58:28)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: stojanoskad Прво, второ, трето дете... Како се однесуваме кон првото, второто, третото дете? Автор: Редакција Рингераја | 20.1.2011 [image]http://static1.ringaraja.net/uploads/MK/articles/1091/large/595e2c97927b0f68bea8ca7dba149c43.jpg[/image] ОБЈАВИ НА: [image]http://static1.ringaraja.net/images/rr3/ico11.gif[/image] Дали имате едно, две или три деца? Се пронајдовте ли во следните реченици? Малку се шегуваме, но кај некого можеби навистина е така! Облека:1 дете: Трудничка облека почнувате да носите веднаш штом гинекологот ќе Ви ја потврди бременоста.2 дете: Нормална облека носите се додека Ве собира во неа.3 дете: Ваша нормална облека е трудничката облека. Име за детето:1 дете: Читате лексикони со имиња, заокружувате, додавате, избирате.2 дете: Некој треба да го крсти детето по прабабата Стевка, па зошто тоа да не бидете Вие?3 дете: Го отворате именикот, ги затворате очите и гледате каде Ви застанал прстот. Здравко? Одлично име! Подготовка за породување:1 дете: Многу сериозно вежбате дишење.2 дете: Не се оптоварувате премногу, бидејќи дишењето не Ви помогна многу првиот пат.3 дете: Барате епидурална анестезија во 8. месец од бременоста. Опрема за бебе:1 дете: Внимателно ја перете облеката, ја редите по големина и боја во шкафчето.2 дете: Проверувате дали облеката е валкана и ја перите онаа со најголеми дамки.3 дете: И момчињата може да носат розово, зар не? Грижа за бебето:1 дете: Плачете секој пат кога е детето вознемирено и веднаш го земате в раце.2 дете: Во раце го земате ако постои опасност дека ќе го разбуди првото дете.3 дете: Го учите своето тригодишно дете да го држи бебето додека има грчеви во стомачето. Активности:1 дете: Го носите детето на гимнастика, пливање, во игротеки, на излети и на прошетка.2 дете: Детето го возите во кола на прошетка.3 дете: Детето го возите до супермаркет. Вечерни излегувања:1 дете: И се јавувате на бебиситерката на секои пет минути.2 дете: Малку пред да го напуштите домот се сеќавате дека треба да оставите број на кој сте достапни.3 дете: Бебиситерката може да Ви се јави само ако детето се повреди. Дома:1 дете: Поголем дел од денот како маѓепсани гледате во детето.2 дете: Поголем дел од денот внимавате постарото дете да не го повреди помалото.3 дете: Секој ден се трудите барем на кратко да се сокриете од децата. Цуцла:1 дете: Кога цуцлата ќе падне на подот задолжително ја стерилизирате.2 дете: Кога цуцлата ќе падне на подот, ја миете под млаз вода.3 дете: Колку повалкана цуцла, толку повеќе ја сака. Ova bese neodamana objaveno ovde.Jas priznavam nekade i se najdov!Sto bi rekle vie na ova? [sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif] Se pronajdov na sekoja tocka[sm=jezicek.gif]No do vtoro dete,za treto ne ni razmisluvam[sm=jezicek.gif]
|
|
|
|