AnnaMolly RR -> RE: Рингеријада (8.4.2011 11:52:37)
|
Вчера свеки кога го зела Филип од градинка и кога дошла дома забележала дека има голема модрица на челото. Се удрил некако во градинка, ама ништо не и кажала воспитувачката. И сабајле кога го однесов ја прашав што се случило, а таа вика: Па си играше во креветче и почна да плаче, јас го земав и видов дека е удрен, ама не знаев дали е од сега или од дома, па затоа ништо не сме кажале. Да бевме сигурно дека се удрил тука, ќе кажевме. Не дека јас ги обвинувам нив што се удрил, нормално дека ќе се удира, дете е. И него ќе го удираат во градинка, и тој некој ќе удри. Само ме изнервира што не кажале. Ама важно добро се адаптира, сега за сега по 3-4 часа максимум седи, од понеделник и за спиење ќе остане.
|
|
|
|