AnnaMolly RR -> RE: Рингеријада (11.4.2011 12:40:27)
|
Женски, јас вчера од 11 до 22 часот бев прво на муслиманска веридба, па после на крштевка. Каква комбинација, а? На веридбата беше баш забавно, си гледав како ги прават обичаите, невестата 5 пати се пресоблече, мораше да ги облече сите фустани кои и ги подарила свекрвата. Мноооогу беа убави, особено тој едниот што го плетела свекрвата, како од некое списание беше. Единствено нешто што не ми се допадна беше јадењето во ресторанот, ориз, гулаш и копан се измешано во еден тањир. А на крштевка беше супер, бевме кај едни пријатели кои живеат во Италија, па дојдоа тука за крштевката на синчето. Гледам вчера сите сте се изнашетале, таков изгледа бил денот.
|
|
|
|