mami2 -> RE: Рингеријада (6.5.2011 13:40:40)
|
Лукас јас и ти колешки сме биле ноќеска. Ние вчера бевме на роденден, беше весел и одеднаш почна да повраќа, направивме лом по цела куќа. До дома а и дома уште неколку пати повраќаше, и само една голтка вода не ја поднесуваше. Цела ноќ не спиеше. Сабајлево мм го однесе на лекар, направи анализа на крв и ЦРП излезе покачено. Од вечер кога ќе се потсмири стомачето да даваме антибиотик, затоа што е некоја бактерија која најверојатно ја закачил во градинка. А само што тргна, за сефте одеше осум дена. Температура немаше, ниту пролив Д-р препорача да даваме електролити во кока-кола, супа готова (петел), да грицка медицински јаглен, печено јаболко, банана. Инаку јас сум на работа моментално, ама со мисли далеку, немам концентрација и волја, и досадив на мајка ми на телефон, ама што да правам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] Инаку како се пренесуваат бактериите? капково, со допир, преку контакт, воздух???? Ми е страв за малата
|
|
|
|