Maca25 -> RE: Рингеријада (2.6.2011 9:27:08)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика А зошто не во истата градинка? Нема место или што? Вака не ми е јасно, баш поубаво свој човек ќе ти го гледа детето... Епа зошто де, секој втор што ме сретнува ми вели што чекате оти не го запишувате во градинка кога свекрва ти е таму, а свекор ми се запнал да не го запишуваме кај свекрва ми во градинка, да не плачел по нејзе таму, да не требало да го држи в раце цело време, немало да можи да работи, глупости некои. А мене и така ми е тешко што ќе го запишувам во градинка, ама се тешам со тоа дека баба му е таму, имам мој човек, подруго е, ќе го пази, јас и велам не мора само по него да трча, нека го остава да поплачи како и другите, а таа ми вика ќе и било тешко да го остава да плачи дека било нејзино дете, на крај краева ако стварно не бидува тогаш ќе го преместиме во друга градинка, да пробаме Кај Нина во градинка има едно девојче малецко, чија што баба работи во градинката. И бабава си работи, а малава цело време позади неа стои, оди, се држи за неа. Бабава по цел ден од занимална во занимална ја шета. Сега не знам дали е ова ок, затоа што женава едвај си ја изработува работата, ама малава ја гледаат сите како принцеза затоа што баба и работи таму. Сите негователки само ја шеткаат, ја гушкаат, ја галат. Али што ми беше муабетот, малава не плаче по баба и. Ќе си стои до неа, ама не плаче ако баба и држи друго дете во раце. Сега најверојатно ја гледа како и сите други негователки во градинката.
|
|
|
|