profesorica -> RE: Скајп (25.9.2009 14:32:37)
|
еве што најдов случајно на нет.Текстов е од 10ти септември па може и да сте го виделе но еве: Skype се прислушкува Стручњаците за интернет безбедност од Symantec... предупредуваат дека е откриен нов "шпион" во форма на тројанец, кој ги снима и пренесува VoIP разговорите кои ги водите на Skype апликацијата за интернет телефонија. Тројанецот кој се сретнува под името Skytap (Trojan.Peskyspy) ги напаѓа компјутерите кои работат под Windows 2000, 95, ME, NZ, XP, Vista и Windows Server 2003 оперативен систем. Стручњаците велат дека овој тројанец не експлоатира никаква посебна слабост на Skype програмата, туку е вметнат во неа исклучиво поради големата популарност на Skype и неговата достапност насекаде. Trojan.Peskyspy всушност им овозможува аудио стриминг во вистинско време на прислушкувачите, претходно конвертирајќи ги вашите разговори во MP3 фајлови. Тројанецот е карактеристичен исклучиво за Skype и не може да се шири од компјутер на компјутер. Сепак, затоа што е јавно достапен од Symantec не ја исклучуваат можноста дека тој би можел многу лесно да "мутира" и да стане далеку поопасен. Најдобар начин да се ослободите од ова мало и непријатно "шпионче" е редовно да го апдејтувате вашиот сигурносен софтвер, велат од Symantec.
|
|
|
|