Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 22.3.2011 12:15:30
Julie1
И уште една прекрасна активност. Со дозвола на мама на Нина - Маца25. На денот на дружбата ќе бидат изложени сите досегашни цртежи - големи уметнички дела на малата но многу талентирана Нина. Фала Маца25 што ќе ги споделиш цртежите на Нина со Рингерајки.
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 22.3.2011 12:21:44
Julie1
Сакате да се запознаме или веќе се знаеме и нетрпеливо очекувате повторно да се видиме? Впишете се на списокот и поминете си супер на новата Рингераја дружба.
Ден: Сабота (26.03.2011) Време: 12 часот Локација: Игротека Волшебното царство (во населба Козле)
Активности:
Запознавање со специјалните гости на дружбата Арх_диз, Палешка и Мартинс мам (нема да ми замерат останатите Рингерајки :))
Забавна програма за Рингерајчиња
Изложба на малата Нина (на Маца25)
Дување на 2 свеќички од Роденденската Рингераја торта
Донирање на играчки, облека и останати работи кои веќе не ги користите до СОС Детското село, кој потоа ќе ги распредели во загрозените семејства и децата од СОС детското село
Многу смеа, игра, забава и реални разговори
Списокот од овој момент е отворен за сите расположени за дружење...
1. Julie 2. Виктори 3. Беатрис 4. Натушка 5. Арх_диз (во скопје сега за сега!) 6. Џесика 7. Маца25 8. Оливиа 9. деним 10. маринка80 11. учителката 12. мамичка_26 13. AnnaMolly 14. Tinush 15. Палешка 16.Бушавка РР 17. сандравлае 18. Лаленце 19. бетистојоска 20. лале 21. bich 22. rina13 23. humana + 2 prijatelki 24. jas sum 25. lila_mk 26. podarok 27. mami2 28. blue_blue 29.Martins mom 30. стела
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 23.3.2011 23:49:35
Maca25
И јас почнав да одбројувам...дури мислев оваа недела да не ја носам нина во градинка, случајно да не ми се разболе па да не можеме да дојдеме зошто ова ми се има за неколку средби случено...а речам дека доаѓам, нина одма со температура.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 24.3.2011 0:01:29
denim
Majka mi otide u Bitola. Ne sakam da ja forsiram i samo i okolisham nesto, ama definitivno ke se vratela ili vo petok ili vo sabota. Ako dojde vo sabota nema koj da mi gi cuva malite
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 24.3.2011 11:34:20
Martins mom
Мене ми е многу жал што немам ама баш ништо за донирање:-( Дома немам ништо вишок, се’ што ми е по плакари го користам. Алиштата од ги чувам за друго/и Ме примате ли без пакет?? Мора да ме примите, оти не знаете што се’ правев за да го убедам мм да го чува Мартин
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 24.3.2011 11:40:40
Natuska85
мартинс мам зафркаваш,како може да не те примаме .Ајдее едвај чекам да се запознаеме и со тебе и со Палешка и со Арх_диз и со сите други првпат што доаѓаат.Најсупер ќе си поминеме знам
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 24.3.2011 11:45:21
Martins mom
Се’ се циции у мое маало, а башка и не ме „мирисаат“ многу, така да знам дека ништо нема да можам да ќарам од нив...тие болеста не си ја даваат не пак нешто друго Пиши ме Виктори кај кондурите Лелееее едвај чекам да ве видам и малце муабет тет а тет
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 24.3.2011 12:34:11
Maca25
Јас изнасобрав чизмички необлечени од Нина, кои ги чував за бебето на брат ми, ама пошто излезе дека е машко, тешко дека ќе сакаат облека и обувки за девојче. Има и некои работки од Нина кои се износени, јакна од мм и играчки кои Нина се согласи да ги сподели со дечињата.
Едвај чекам да ве видам сите!!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
RE: Придружете ни се на нова Мартовска дружба! 25.3.2011 10:43:41
AnnaMolly RR
Јас спремив едно ќесиште со тренерки, пантолони, пижами, бодија, бенкички, блузи, капчиња, лигавчиња и милион други работи. Се е средено, едвај чекам да дојде утре!