|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  35 36 [37] 38 39   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Гинеколози - препораки
29.3.2013 23:25:43   
Bilence2
Др.оле83, за жал многу доктори се такви со тешки суети и ни трошка разбирање кон пациентите. И јас имав такво искуство, па затоа не сакам да го видам уште еднаш.
Читам погоре за Надица. Убедливо најдобар доктор кај кој што сум била досега. Бидејќи и го раскинаа договорот фондот баш кога бев бремена, морав да се префрлам кај друг доктор заради упатите и породилното боледување, па толку ми е криво за неа не можам да ви опишам. Пред една недела мм и се јави да праша кога како да отидам на преглед, ни даде совет и покрај тоа што не сме кај неа уредно и учтиво не сослуша и ни даде совет. Секоја чест за докторката, многу си ја сакам и топло ја препорачувам.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот dr.ole83)
Непосредна врска до пораките: 901
   RE: Гинеколози - препораки
1.4.2013 12:38:08   
sesilia
Jaс од што морав,ми требаа упати,се запишав кај Радмила Зафировска од поликлиника Железара.
Инаку си одам приватно,али си реков зошто па за брисеви и пап да плаќам .Али некако не ми се гледа стручна-има ли некој искуство? Едвај ми напиша упати,излезе и мислам дека звонеше некаде за да праша како да напише ,и реков да ми даде упат и за генетски испитувања ми рече а чекај да ти се стабилизираат хормоните,исто ја прашав и за хистероскопија ми рече па на клиника валјда прават ...а онака е фина.
И сега си велам дали да земам одјава и да се запишам кај Бојчева?И како да земам одјава ,сега незгодно ми е мора ли лично од кај неа или да го пратам маж ми?

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 902
   RE: Гинеколози - препораки
16.4.2013 14:37:43   
Pufnica
Ve molam svezi mamicki da mi kazat kakva e postapka oko epidural vo GAK, momentalno sum kaj privaten dr,ali sakam da se porodam vo drzavnata. Da li porano moram da kazam za epidural, koja e cenata?
P.s. Prostite na greski, stranec sum, ucam makedonski jazik :-)
Fala!!!

(Одговор на членот sesilia)
Непосредна врска до пораките: 903
   RE: Гинеколози - препораки
14.5.2013 0:36:47   
malobebe
moze li nekoj da mi preporaca ginekolog vo jane sandanski?

(Одговор на членот Pufnica)
Непосредна врска до пораките: 904
   RE: Гинеколози - препораки
14.5.2013 8:03:43   
bebence19
da ve prasam dali imate iskustvo za dr. HadziLeka od remedika, zakazav za pregled vo cetvrtok vo strumica i toj doaga togas??

Fala Vi

(Одговор на членот malobebe)
Непосредна врска до пораките: 905
   RE: Гинеколози - препораки
24.5.2013 20:47:00   
Рингишпил
Не би сакала да ги цитирам двете членки, едната за и едната против Катерина Станкова, нема ни детално да раскажам за мојот случај, само би кажала дека без пари да ми рече да ми ја води бременоста не би прифатила. Поголем стрес не можеше да ме затекне. Не знам колку е искусна и како е искусна, кога кај мене излезе дека за баналност направи тотален промашај.
Не рипајте во одбрана на ниеден лекар, освен ако не ви е родител, зошто ете во случај како што сум јас тоа страшно иритира. А за да биде поголема иронијата, отидов кај нејзе зошто читав многу пофалби по форумите.

< Поракaта ја уредил Рингишпил -- 24.5.2013 20:48:07 >

(Одговор на членот bebence19)
Непосредна врска до пораките: 906
   RE: Гинеколози - препораки
24.5.2013 22:11:41   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: Рингишпил

Не би сакала да ги цитирам двете членки, едната за и едната против Катерина Станкова, нема ни детално да раскажам за мојот случај, само би кажала дека без пари да ми рече да ми ја води бременоста не би прифатила. Поголем стрес не можеше да ме затекне. Не знам колку е искусна и како е искусна, кога кај мене излезе дека за баналност направи тотален промашај.
Не рипајте во одбрана на ниеден лекар, освен ако не ви е родител, зошто ете во случај како што сум јас тоа страшно иритира. А за да биде поголема иронијата, отидов кај нејзе зошто читав многу пофалби по форумите.

Добро ,ова е тема за споделување искуства и јас како задоволна од неа смеам да си кажам како сум поминала кај неа,но не да убедувам некој да оди.Тоа си е лично право..Велиш дека си читала пофалби за неа по форуми,а тоа значи дека има повеке жени кои имаат искуство како моето ( позитивно ) што значи дека јас не измислувам за да нанесам некому зло.. Ти си пишуваш твое искуство и се надевам дека со тоа ке помогнеш на многу жени. Секој доктор има задоволни и незадоволни клиенти,тоа е нормално.Многу ми е жал што си имала лошо искуство. Поздрав

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 907
   RE: Гинеколози - препораки
24.5.2013 22:19:40   
Рингишпил

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Не сакам воопшто да ме сфатиш погрешно, јас немам ништо лично против тебе, ме радува сите да имаат само позитивни искуства, кај и да одат. Не реков дека нема позитивни искуства кај нејзе, па сигурно нема да опстојува со приватна оринација толку многу години и нема да има пациенти задоволни. Но, премногу агресивно се настапува кога некој ќе напише нешто поинакво. Јас живеам во Карпош 4 и од нејзината ординација до дома пешки се вратив плачејќи и не бев свесна ни што правам. Можеби сум една од многу ретките, се надевам дека така и ќе остане. Се случува кај секој доктор и лошо искуство, сосема се согласувам.

Поздрав и до тебе и секое добро.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 908
   RE: Гинеколози - препораки
24.5.2013 22:24:27   
miana
не бе мила,не те сватив погрешно и воопшто не настапив агресивно,само кажав мое мислење..Кај мојот доктро матичен што ми е - Стамболиев,сум слушнала многу позитивни и негативни работи..За секој доктор без разлика дали е гинеколог - има позитивни и негативни искуства, а оваа тема е за споделување на истите .. Јас и ти само споделивме искуства и верувам дека помогнавме на други членки..Уште еднаш ке ти кажам - жал ми е за твоето лошо искуство..user posted image

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 909
   RE: Гинеколози - препораки
24.5.2013 22:27:01   
Mihaela 2010
Potpolno te sfakjam Ringispil,jas kaj sto idam kaj mojava,Zaklina Cocorovska,spored mene e dobar ginekolog a se gleda i po prenatrupanosta od pacienti,zenata ednostavno edvaj postignuva,jas licno sum zadovolna,no ete se sluci vo 8 mesec bremenost da i se vidi senka kaj usteto i na los nacin da me izvesti deka bebevo mi ima zajacka usta...mislam deka vo toj moment ke umrev,pa trci vo drzavna pa vo sistina za na kraj da izkoci deka nema veze...nacinot na koj mi go isprezentira toa za mene bese sok,ama ete so godini idam kaj nea i mi e mnogu ok...

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 910
   RE: Гинеколози - препораки
24.5.2013 22:30:28   
Рингишпил

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

не бе мила,не те сватив погрешно и воопшто не настапив агресивно,само кажав мое мислење..Кај мојот доктро матичен што ми е - Стамболиев,сум слушнала многу позитивни и негативни работи..За секој доктор без разлика дали е гинеколог - има позитивни и негативни искуства, а оваа тема е за споделување на истите .. Јас и ти само споделивме искуства и верувам дека помогнавме на други членки..Уште еднаш ке ти кажам - жал ми е за твоето лошо искуство..user posted image

user posted image Добра мисла и железни врати отвара.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 911
   RE: Гинеколози - препораки
24.5.2013 22:43:13   
Рингишпил

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Potpolno te sfakjam Ringispil,jas kaj sto idam kaj mojava,Zaklina Cocorovska,spored mene e dobar ginekolog a se gleda i po prenatrupanosta od pacienti,zenata ednostavno edvaj postignuva,jas licno sum zadovolna,no ete se sluci vo 8 mesec bremenost da i se vidi senka kaj usteto i na los nacin da me izvesti deka bebevo mi ima zajacka usta...mislam deka vo toj moment ke umrev,pa trci vo drzavna pa vo sistina za na kraj da izkoci deka nema veze...nacinot na koj mi go isprezentira toa za mene bese sok,ama ete so godini idam kaj nea i mi e mnogu ok...

Знам Михаела, јас пола од животот сум по болници, ако земам за сите болести и доктори да пишувам, мислам дека брзо ќе ме исклучите од форумот. :))) Само, не сум многу млада, прва бременост долго посакувана, отидов само да ми ја потврди бременоста, добив шокатна вест и ужасен однос. Еве да не излезе дека само нафрлам работи, ќе напишам:
Направив тест, на среќата и немаше крај кога ги видов двете црти. Се јавив одма кај нејзе само за да ми ја потврдат бременоста. Јас одам кај Ефремов во Ремедика веќе 3 години, може и повеќе ама тој останувал на одмор и дури на 10 јуни ќе се врател. Па си викав ја фалела докторкава, не ми е далеку, може и она да ми ја води бременоста, зошто да не ...
Отидов прописно, пополнив формулар, влегов кај докторката ме праша се. Легнав за вагинално ехо и горе на екранот нели има и јас да гледам. Видов некое кругче и нешто помалечко до него, јас искрено од возбуда не бев ни свесна што гледам, плус не догледувам многу. user posted image Ама она молчеше и јас нормално прашав дали сум бремена, што се случува што се тие двете точки.
"Па види, или се две бебиња или едно бебе и крварење." Јас ем се радував ем не знаев како да реагирам. "Ама не сум сигурна дали имаме бебе. Види ти си бремена, тоа се гледа ама или е рана бременост, ете околу 6 недели или плодот не се развил. Облечи се и дојди ќе ти кажам."
Среќа што бев во фустан, не знам како инаку ќе успеев да се облечам. Седнав и ми вика: ако плодот не се развива добро, јас можам нешто да направам ама ако ти си останала бремена и не се развил плодот, јас не можам да ти го воскреснам!!! И не раскажувај на цело Скопје дека си бремена, зошто не знаеме дали постои бебе!!!! Јас само седев и знам дека тотално се изгубив, од веста и односот. Имаш начин ако сакаш две опции: преку крв во два дена да испитуваме дали бебето се развива или да дојдеш за 10 дена и да видеме дали постои нешто или ..... И реков дека ќе си одам, па ќе дојдам пак другата недела. За толку имав сила.
Другата работа, покрај сите останати болести имам и хипотироидеа, пијам Еутирокс и тоа и го кажав уште кога влегов, што се од терапија примам. Пред да си заминам, ми рече да си пијам апчиња за трудници и ми даде примерок со 10 гратис апчиња, после тие да сум ги купувала. Во апчињата има 150 мг. јод! Тоа можеше експресно фатално да биде за бебето кое сепак постои! Зошто се јавив одма во Ремедика, не можев да најдам начин да се смирам и да чекам. Го викнаа Ефремов и дојде. Ме прегледа и рече дека има бебе кое е супер за во 6-та недела, се е нормално.
Како само за неколку саати јас имав бебе, а претходно имаше плод кој не се развил.
Мислам дека животот ми се скрати за многу години и сега од стресот ќе си ги трпам доправа последиците.

Се извинувам на подолгата порака, ова е само мое искуство, не е никаква потврда дека она е лош доктор. Ама утна многу, плус односот и беше бетер од некој што работи на тезга.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 912
   RE: Гинеколози - препораки
25.5.2013 12:07:23   
Maca25
Рингишпил ептен ми е криво што веста која за тебе била најсреќна вест на свет и денот кој требало да ти биде најреќен ден, докторката ти го претворила во кошмар. user posted image
Мене ми се случи нешто слично, само кај мене немаше бременост. Ми каснеше неколку дена, направив тест, беше позитивен, закажав одма кај матичниот гинеколог, одам и ми вика тука или има вонматерична бременост или нема. Шок! Ми вика дојди за неколку дена. Јас за 3 дена добив user posted image Следниот месец пак исто, со тоа што ми каснеше многу, пак тест, позитивен, и таа пак на мене или ти девојче имаш мион на матка или е бременост!!! user posted image И јас имам проблем со хипотиреоза, со терапија, и она ми вика дека со мојата дијагноза ќе било многу тешко возможно да сум бремена. Од кај неа на ГАК па во Систина и бременост постоеше, без никаков МИОМ на матка.
А за ова што кажуваш за апчињата со јод, јас никогаш не обрнав внимание на тоа. Во бременоста пиев еутирокс 125, и уште пијам, иако поминаа 4 години откако се породив. Никој не ми посочи на тоа да внимавам на јодот во апчињата.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 913
   RE: Гинеколози - препораки
25.5.2013 13:49:51   
Рингишпил
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR

Добро е што постојат вакви теми и форуми, па има со кој да споделиме искуство. user posted image И добро е што ваквите лоши искуства ќе останат само како сеќавања, а не како трауми, зошто сега фокусот е на убавиот период што следува. :)
Мене Ефремов ми рече додека не се видам со ендокринологот, во никој случај да не ги земам апчињата. Кога ќе ми го регулира Еутироксот, тогаш да си почнам и со витамините. Едвај чекам вторник да дојде и тоа да средам, се надевам нема да има никаков проблем што ете 7-ма недела ќе ме фати без покачен Еутирокс.

< Поракaта ја уредил Рингишпил -- 25.5.2013 13:50:35 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 914
   RE: Гинеколози - препораки
26.5.2013 22:42:56   
Maca25
Не се секирај, јас до кај 8-9 недела не знаев дека сум трудна (нели докториве наши стручни ме убедуваа дека со таа дијагноза нема шанси да сум трудна) и јас си бев со истата терапија. Тогаш само што почнав со Еутирокс 50 секој ден. После постепено ми ја зголемуваа дозата, за да стигнам до 125 и уште сум на 125.
Рингишпил, убаво да се распрашаш како да продолжиш со терапијата откако ќе се породиш, да си договориш ендокринолог и преглед на тсх одма откако ќе се породиш и како да продолжиш со терапија.
Имаме тука и тема за тироидна жлезда, можеме и таму да си споделиме некои искуства.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Рингишпил)
Непосредна врска до пораките: 915
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 13:44:23   
Malecka23

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bilence2

Др.оле83, за жал многу доктори се такви со тешки суети и ни трошка разбирање кон пациентите. И јас имав такво искуство, па затоа не сакам да го видам уште еднаш.
Читам погоре за Надица. Убедливо најдобар доктор кај кој што сум била досега. Бидејќи и го раскинаа договорот фондот баш кога бев бремена, морав да се префрлам кај друг доктор заради упатите и породилното боледување, па толку ми е криво за неа не можам да ви опишам. Пред една недела мм и се јави да праша кога како да отидам на преглед, ни даде совет и покрај тоа што не сме кај неа уредно и учтиво не сослуша и ни даде совет. Секоја чест за докторката, многу си ја сакам и топло ја препорачувам.

Naj naj najdobriot ginekolog no pred se COVEK!So siti moi slucuvanja posle poragaj vo bukvalna smisla na zborot ke kazam deka mi go spasi zivotot.Otvarase ordinacija vo 7h sabajle samo za da dojdam da me pregleda.Ne bi ja menjala za nisto.Da rab na privatno no sepak cenite i pristupacni

(Одговор на членот Bilence2)
Непосредна врска до пораките: 916
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 13:48:17   
Viktori
Најдобра гинеколошка ординација е Хистера, кај универзална. Сега докторот е приватен, малку скапичко е, ама вреди за сите пари.
Туку кај да најдам матичен, ама само за онака, демек иам матичен?

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 917
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 13:52:31   
Beatris
Е колку скапичко де, у бројки???

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 918
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 14:00:16   
Viktori
Па пап ехо и преглед 3 илјади. Не зн... скапичко е тоа или јас нешто не сум арна?user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 919
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 14:02:53   
Beatris
Машала... Ко у хотел систина

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 920
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 19:22:07   
Evangelija
Dali nekoj moze da mi dade informacii za Dr.Lazarevski od SISTINA,dali ste zadovolni od tretmanot koj vi go pruzil,kakvo iskustvo imate kaj toj doktor,dali e strucen za vodenje i sledenje na bremenost....Ve molam za odgovor...

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 921
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 22:45:46   
Tanjat7880
ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

Па пап ехо и преглед 3 илјади. Не зн... скапичко е тоа или јас нешто не сум арна?user posted image

3 iljadi den za Histera zborish Vik?Jas imam informacija deka tamu kompleten pregled koshta povekje od 6 iljadi denuser posted image A covekot e genijalec,no skap e za mene PREMNOGU!Maticen ginikolog neka ti bide Ljubica od Promedika,jas sum tamu i ne e losho..pozdrav

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 922
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 22:50:44   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

ИЗВОРНА ПОРАКА: Viktori

Па пап ехо и преглед 3 илјади. Не зн... скапичко е тоа или јас нешто не сум арна?user posted image

3 iljadi den za Histera zborish Vik?Jas imam informacija deka tamu kompleten pregled koshta povekje od 6 iljadi denuser posted image A covekot e genijalec,no skap e za mene PREMNOGU!Maticen ginikolog neka ti bide Ljubica od Promedika,jas sum tamu i ne e losho..pozdrav

да, 3000 со сметка user posted image мислам од прва рака муабет кажувам, не е прераскажување. user posted image Докторот е ептен ок, објаснува, се што гледа тој со камерче гледаш и ти на лцд монитор. Ко на дискавери. user posted image

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 923
   RE: Гинеколози - препораки
30.5.2013 22:55:48   
Tanjat7880
Ako e tolku jas zakazuvam,on vredi za tie pari,mene pred dve godini mi kaza 6000  iljadi no sega moze se drugi vreminjauser posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 924
   RE: Гинеколози - препораки
31.5.2013 0:11:21   
Cipi Ripi
Ау жени скапо брее. Јас кај што одам, бев на преглед пред месец и пол, пап ми беше бесплатен (нели тоа еднаш годишно како му иде), ехо ми правеше со најнов апарат, он на монитор јас на огромен тв си гледам, он ми објаснува јас си прашувам се што ме интересира и платив 300 денари.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 925
Страница:   <<   < Претходна страница  35 36 [37] 38 39   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  35 36 [37] 38 39   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?