Hopeful RR
|
татјана81, ова е мој стар пост за Мицевска, и од тогаш досега сто работи се сменија, и тоа до толку многу што стварно сакам да ја пријавам во Фзо да и одземат дозвола за работа. Толку незаинтересирана, толку непосветена, толку дрска и безобразна, тоа чудо едно, и тоа посебно после забременувањето. Ме бркаше да сум си одела во Систина, не ми даваше упати, не ме прегледуваше, ми се дереше и ми се обраќаше со циничен тон, и исто ми правеше проблем со боледување. Комплетно ми се смени мислењето за неа, дискутиравме на РР и со други нејцини пациентки и докторката изричито не ја препорачувам. Од пред некое време имам нова матична, др Миленкова кај Коруновски, и сум презадоволна - доктор како што треба. Инаку blond, се потресов кога те читав, многу ми е жал што така излегло и што така ти се поставила докторката. Неверојатно какви ги има, не бираат ни зборови, ниту си ја работат работата совесно. И мене Мицевска ми искоментира - ехее што дека близначка бременост, ќе видиме дали ќе остане едно или ниедно. Кај се кажува такво нешто бе?!! Добро што споделуваме тука мислења и искуства, па ќе ги видам од кај ќе наоѓаат пациенти кога сите ќе ги дознаат како работат...
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|