Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Рингераја емисија на ТВ - Да или не? 22.9.2009 15:43:07
profesorica
Јас сум за!Добро би било да имаме емисија која со нетрпение ќе ја очекуваме, и која на многу идни и сегашнна родители би им била од корист.Емисијата според мене би требало да се емитува во недела на пладне и на некоја фрекфентна телевизија.
Содржини треба да има секакви од соодветни за забременување и трудници до соодветни за новороденче, но и за бебе и дете.Во емисијата би можеле да се рекламираат бутици за опрема за бебиња и деца како што е нашиот ново отворен ПРЕМАМ, но и останати продавници за деца, за играчки, исто така едукативни центри за деца, градинки, игротеки... Во овој контекст може да се спроведат и наградни игри на пример ПРЕМАМ или некој друг спонзор секоја емисија на тројца најбрзи гледачи кои ќе се јават по телефон да им додели награди...
Во емисијата би можеле да се вклучат и членови на рр кои би гостувале во некои од емисиите и би одговарале на прашања што ќе ги поставуваат други родители телефонски.
Исто така треба да гостуваат доктори, гинеколози и педијатри со кои ќе се разговара на одредена тема а во меѓувреме ќе се јавуваат гледачи да поставуваат прашања.
Јас сум за и за прилози од типот на :Бевме на гости кај семејството...ќе се гостува кај некои познати личности, или кај членови од рр., семејства кои очекуваат прво/второ/трето дете или кај семества со по 3-4 или 5 деца, за да видиме како тие живеат и како се справуваат со секојдневието.
Освен такви прилози би можеле во етер да одат и некои клипови за породување во вода, со епидурал и слично се разбира со превод од англиски.
Уште еден предлог:Да се бараат и наоѓаат ретки случаи за верувале или не и да се презентираат во програма.На пр.деца генијалци, петорка и сл.
Секоја емисија на крајот може да завршува со неколку слики од бебиња, како за крај и разубавување на денот.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Рингераја емисија на ТВ - Да или не? 23.9.2009 7:20:08
profesorica
Ми текнаа уште две-три идеи за емисијата па еве да ги споделам со сите:
1. На почетокот од емисијата да има некои кратки општи информации за што има ново светот и кај нас ...на пример блиц информација:се дознало дека некое си млеко не чинело -не го употребувајте тоа и тоа млеко или нешто такво.
2. Уредување на бебешка/детска соба.
3. Во зависност од времетраењето на емисијата да се јават 2-3 луѓе и да ги изјаснат своите проблеми и прашања без оглед на гостинот што гостувал во емисијата, значи за било што да се изјаснат и тие прашања и проблеми да се архивираат за да бидат одговорени кога ќе дојде некој соодветен гостин во емисија што ќе биде компетентен да ги одговори тие прашања.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Рингераја емисија на ТВ - Да или не? 24.9.2009 13:44:03
mami
еве мм вчера имаше некои идеи за програмата- значи гледано дека ке трае 1 час- секоја недела да се обработува по една тема од три форуми и така да циркулираат, + да има прилози од градинки во скопјево или другите градови за да имаат мамичките представа каде ги пракаат децата или каде да ги пратат
RE: Рингераја емисија на ТВ - Да или не? 24.9.2009 18:32:31
amelaa
Veliki pozdrav za veliku ringeraja porodicu u Makedoniji. Vrlo slabo se snalazim zbog jezika al uspijem nesto procitati. Drago mi je sto ste i vi u Makedoniji dobili svoju ringeraju. Inace sam iz BiH i moderator na ringeraja.ba