Saturn -> RE: Првиот ден во градинка /училиште (13.6.2010 11:17:50)
|
Ајде искусни мамички дајте совет или коментар. Веќе не знам дали е нормално и не знам до кога да очекувам ова да трае. Ќерка ми оди во градинка 10 дена и е ужас, стресно со плачење корнење. На одење повраќа пред да влезе во групата од толку напињање, на враќање кога ја земам толку стресно плаче, мислиш некој ја коле. Она е и онака едно исклучително „стресно дете“ по околина, под ова подразбирам дете што ги стресува другите со плачење и однесување. Не зборам за мене како мајка, туку приметувам дека сите и се притресуваат, баби, тетки, комшивки ... Имам и син и гледам колку е он поразличен од неа, колку ме смирува. Со него одењето на вакцина е нешто нормално а со ќерка ми , па тоа ми беше траума која трае едно 48 саати. Во градинка кога ќе влезе сега си оди во еден ќош, не сака да си игра со децата, а на друго место знае да си игра со по едно две деца без проблем. Негувателките се баш фини, она има кажано дека си ја сака учителка Ане. Ама пак ова со стресново плачење и е како условен рефлекс. Знам дека за тоа нема реална причина. Ем со кукла оди теаму, однесовме и наши цртани кои и ги пуштаат, со сопствено шише со сокче. Таму не јаде, во ред рано е можда. Најголем чекор е тоа што таму мочкала и какала. Ама сега после секое спиење дома станува во страв дека ќе ја носиме во градинка. ако ме види како земам нешто од нејзиниот гардеробер почнува да ќенка и да вика несакам во градинка. Ја прашувам секогаш дали некој ја карал, дали ја удрил и сл. И единствено што се пожалила е дека децата ја „закачаат“, после препрашување ми кажа дека под тоа подразбира дека некое дете ќе и почне муабет или ќе ја земе да си играат. Јас првите 2 дена бев внатре во просторијата, ми дозволија очигледно е „тежок случај“. Гледам дека воспитувачките се многу фини, а деца ко деца, трчаат, играат, викаат, некое ќе заплаче, некое ќе се смее... она е втора група јасли. Гледам дека вашите деца доста лесно и бргу се адаптирале. Нормално ли е ова со моево, колку може да трае. Не знам веќе како да и помогнам да не и е стресно нешто жто може да и биде убаво само ако дозволи. Имате ли совет?
|
|
|
|