|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Проблеми со носење и имплементирање на закони...
1.4.2011 21:40:34   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77


"Електронскиот систем што требаше да ја олесни процедурата за посвојување не функционира повеќе од шест месеци
Жаклина Ѓорѓевиќ


Оние што со години сонуваа да посвојат дете, уште извесен период ќе копнеат по принова во семејството. Електронскиот систем што требаше да ја олесни процедурата за посвојување, повеќе од шест месеци откако е поставен, не функционира.

Надлежните неволно признаваат дека имаат проблем, но уверуваат дека многу скоро ќе биде надминат, бидејќи планираат домашни и странски експерти да го откочат системот. Според нив, проблемот е во тоа што софтверот е оптоварен со премногу податоци од кандидатите, кои не може лесно да ги преработи и да ја исфрли конечната листа на најдобри кандидати.

Во јавноста се'''''''' уште не стивнуваат коментарите дека и вака и така, ако некој сака побрзо да посвои дете, ќе мора да плати за тоа, за што се шпекулира дека се бара и по 10.000 евра. Но, овие шпекулации ги демантираат оние што работат на оваа проблематика и апелираат - ако се бара мито, да се пријави веднаш.

Моментално на дете се надеваат над 150 брачни двојки во Скопје, за кои надлежните тврдат дека чекаат во просек по две и пол или три години. „Имаме, дефинитивно, проблем со софтверот, меѓутоа, знам дека многу скоро овој проблем ќе биде надминат и дека ќе профункционира. Софтверот не функционира поради сложеноста на предметите. Ако во банките има по десетина индикатори, со овој софтвер има околу 20-ина индикатори за кандидатите и многу комбинации се во прашање. Тие индикатори треба да придонесат да бидат избрани најпогодните посвоители“, ни изјави Крсте Маљаноски, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје. Тој ги потврди нашите информации дека системот е во застој, но објаснува дека, сепак, сите негови колеги се обучени и подготвени во секој момент да работат со системот. И до нив стигнале поплаките дека системот не функционира.

Маљаноски објаснува дека софтверот е поставен токму за да ги спречи злоупотребите со посвојувањата и апелираше да се пријават тие случаи. „Најодговорно тврдам дека ако некому по која било основа му се побарани средства или каков било надомест, слободно нека се пријави. Ќе има поддршка од Центарот за социјални работи и од Министерството“, вели првиот човек во Центарот.

Тој појаснува дека со законските измени што се усвоени лани е предвидено компјутер да ги избира идните родители според повеќе критериуми, односно индикатори, меѓу кои состојба со имот, социјална и психолошка состојба на кандидатите, старост, образование, како и тоа дали биле осудувани. Компјутерот го кажува последниот збор и ја исфрла листата на најпогодните двојки за дете, но надлежните тврдат дека претходно го поминуваат процесот на селекција, односно се следи нивното живеење, па и тоа влегува во списокот со критериуми што се внесува електронски.

„На листа на чекање се над 150 брачни пара во Скопје и околу 15-ина странски пара, но предност им се дава на нашите. Во просек, за посвојување се чека по две и пол години, но некои чекаат и повеќе. Тоа е во случај кога кандидатите бараат, на пример, здраво машко дете, а избираат и националност и пол. Полесно добиваат оние што немаат специфични барања“, потенцира Маљаноски.

Сепак, кандидати што чекаат на посвојување дете, велат дека чекајќи, остареле. Па, некои од нив во чекање ја поминале и старосната граница од 45 години до кога може да се посвои бебе, а сега не им преостанува ништо друго освен да се надеваат дека набрзо ќе добијат дете. Нивниот проблем дополнително се комплицира, бидејќи со секоја измината година се зголемува и возраста на детето што можат да го посвојат.

Опозицијата вели дека уште отпорано предупредувале на слабостите на електронскиот систем за посвојување деца. „Не сметаме дека електронското избирање нуди најголема транспарентност и независност. Не може погодноста на родителите да се одредува преку бодирање на квадратура на стан. Не дека не се важни овие критериуми, но тоа, автоматски, не значи дека тие ќе бидат најдобри кандидати. Компјутерот не е човек да ги земе предвид и оние работи кои не се мерливи“ коментира Весна Бендевска, член во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Таа реагирала во министерството откако и'''''''' се обратила двојка која со месеци чекала да влезе во кругот на можни посвоители.

Проблемите со посвојувањето деца пред две години ги потврди лично и министерот Џељаљ Бајрами, кој тогаш кажа дека за посвојување се чека од три до четири години. Тој јавно призна дека имало аномалии во постапката за посвојување дете, но не кажа кои.

Со законските измени е предвидено кандидатите за посвојување да бидат под шифри, со цел да не се дознаат нивните имиња. Најдобрите пет посвоители ги избира компјутер, а тие се внесени во посебен регистар на посвоители. (Ж.Ѓ.)"

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

видео
Деца за посвојување по електронски пат
http://www.youtube.com/watch?v=mFHeQokpj_E&feature=related


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

https://www.youtube.com/watch?v=a4zy7OdAqMs&feature=related

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

11. 2. 2011 министер Бајрами вели дека електронско посвојување коначно почело. Утре е 11. 3., можеби некој имат информации дали е во овај период ставено на посвојување које дете?


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamamoni

само што дознав дека мои роднини имаат посвоено детенце во средата после долго чекање, но незнам од каде ни на кој начин, само што ќе разберам ќе те информирам
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

фала пуно за ова информација ... и честитки за ново семејство

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamamoni

фала и ви посакувам и вас што побрзо да се израдувате


< Поракaта ја уредил виктори -- 1.4.2011 22:40:36 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Проблеми со носење и имплементирање на за...
1.4.2011 21:50:07   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Јупиииииииии

дочелаки ПРАВИЛНИКОТ, јас сум пресретна

Во последниот број на "Службен весник на РМ" бр. 12 од  03.02.2011 објавени се следните прописи:

„ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ И НАЧИНОТ НА ИЗБОР НА ПОСВОИТЕЛ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ„

http://www.slvesnik.com.mk/home-mk.asp?Pos=1

Ако некој може да га скенира, Натуска можда? коначно, коначно, можеби сега и ми дојдемо на ред, чекамо комисијо од месец април, било би време да дочекамо нели

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко


се надевам дека на твоите маки конечно ќе им дојде крајот и дека многу брзо ќе ги гушкаш твоите принцези.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

и јас ти посакувам што побрзо да дојде денот кога ќе се гушкате со девојчињата

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bogdancanka

ajde Agnes se nadevam nabrzo ke dojde krajot na tvoite maki i ke ti se ispolni zelbata da si gi guskas malite princezi od srce ti posakuvam nabrzo da ni pises dobra vest

ИЗВОРНА ПОРАКА: skorpijana


ajde sto poskuru da si gi gusnes tvoite angelcinja i mnogu ubavi i srekni denovi so nov da pomines

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Ti ja pustam seta sreka sto pobrzo da se guskas so decinjata

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Агнес утре сум на работа прва смена ќе го побарам овој службен весник и ќе ти скенирам. Среќно

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Агнес мила, ви пуштам среќа за се да се реши што е можно побрзо! 

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

фала фала на сите

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Агнес утре сум на работа прва смена ќе го побарам овој службен весник и ќе ти скенирам. Среќно


можеш?, стварно?  јупиииии
пресретна сум, колико многу среќни семејста ќе се формира оваа година


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

фала фала на сите

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Агнес утре сум на работа прва смена ќе го побарам овој службен весник и ќе ти скенирам. Среќно


можеш?, стварно?  јупиииии
пресретна сум, колико многу среќни семејста ќе се формира оваа година


Ако колешките го имаат земено од пошта тој број, можам да, ако не во понеделник сигурно ќе го земеме, па ќе почекаш уште еден ден, толку чекаш сега, па уште еден ден...ама се надевам дека утре ќе можам да завршам работа. Те поздравувам

ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia

Јас по мое (не сум правник)
ама по мое мислам дека не е дозволено да скенирате и да објавите јавно пред сите
ако беше бесплатно на нивниот сајт ќе можевме да прочитаме

да не прекршите закон па да ве казнат

што се вика малите кривци се гонат некој ќе ограби банка и ништо, а некој ќе плати за еден лист

мое мислење


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

фала на сите, на еден или други начин тај правилник ќе дојде до нас

но најважно е што тој е коначно објавен, нема повеќе пречки за комисија да започна со работа

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Агнес го имам правилникот ,  сега еве ќе го скенирам и ти го праќам кога ќе ми пишиш  email адреса

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

кој има шанса нека прочита тој правилник ... сега ово е као евровизија има ПОЕНИ  ... укупно можеш да добијеш максимално 100 поени, а сега пример

- јас имам 33 години затоа добијем 5 поена, ако би имала до 30 примила би 6,5 поени
- зато што не ми е важна национачност добијем 0,5 поени
- пошто сакам да посвојим две или повеќе деца  добијем  0,5 поени
- за самоактуализација и ниво на аспирацици могу да добијам масимално 0,42 поени
-ако е мој стан блиски до градинка могу да добијем 0,30 поени
-ако планинарим могу да добијем 0,125 поени
- везенје, плетенје, шиенје, сликанје донесе ми 0,125 поени
- ако имам викендица (една викендица = 0,10 поени, две = 0,40 поени, повеќе 0,50 поени) за жал немам ни една викендица
- прифакање на посвојувањето без предрасуди донесе ми 0,20 поени

пуно фала за информации, многу инетересен е овај правилник

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

уште нешто ако е станот луксузно опремен добијеш 1 поен (ајме што значи луксизно опремен )

и што е најважније правилник влегува на сила наредниот ден од денот на објавувањето во службен весник

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Знаш шта Пенелопа, јас навистина многу сакам Македонија, ова е землја моје деце (се надевам) и затоа е землја мојих снова ... да није па зашто би толико времена учила да разбирам Македоснки, чекала, се надала, молила, плакала ... пошто Македонија има моје срце и не само едно, има два  

ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

потполно те разбирам и упам, упам да кончно летос се босте вси супај гушкали


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

Уште нешто, мислам дека многу е важан член 18

„При изборот на најсоодветен посооител приоротет имаат лица кои се во брак, кои се државлјани на Република Македонија и кои се со постојано место на живеење на територијата на Република Македонија.
При избор на најсоодветен посвоител за конкретно дете, системот нема да ги земе во предвид посвоителите кои:
- ја немаат потребната старосна разлика,
- прифаќаат дете од одредена националност,
- прифааќаат дете од одреден пол,
- прифаќаат исклучиво здраво дете,
- прифаќаат дете на определена возраст,
- прифаќаат исклучиво бебе (дете на возраст до ена година)„

Не сму правник ово е моје лаично мишлјенје, ако некој има само едно од овиих определенја примјер сака здраво дете, онда системот нема да го земе во предвид (не е важно дали конкретно дете здраво или не).

Како што ја разбирам, ако сакаш да системот уопште земе посвоител во предвид онда нема да се определиш за било што. Во пракса, најмногиу посвојители сакаат здраво дете и дете на определна возраст. 


ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia

2 викендици = 0,4
1човечност и немање предрасуди = 0,2
високо образование и култура претпоставувам 0,0 поени

добар ни е системов, баш по наша мерка и воопшто не ме изненадува

се надевам дека нема други парови во моментов што сакаат две деца без предрасуди за потеклото
и дека ќе бидете единствени во компјутерот што ги прифаќаат двете заедно

а агнес има ли правила за посвојување братчиња - сестрички, гледаат ли да ги остават девојчињата заедно ако има некој што ги сака заедно како вас, или можно е да ги разделат? 


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia

а агнес има ли правила за посвојување братчиња - сестрички, гледаат ли да ги остават девојчињата заедно ако има некој што ги сака заедно како вас, или можно е да ги разделат? 



не е можно да ги разделат, деца (братчиња, сестрички) секогаш треба да ги остават заедно без разлика стари или нови закон, електронско посвојување или не

ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe

Agnes,ti ja pustam seta pozitivna energija za da go docekas denot koga ke bidete site zaedno na kup celo semejstvo,a  sigurna sum deka se blizi toj dolgoocekuvan den


ИЗВОРНА ПОРАКА: misticia

тогаш можеме да се надеваме дека нема да имате конкуренција и одма ќе ви ги дадат па ќе славиме сите заедно :)

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

се ќе биде во ред еден ден нели

Не разбирам најдобро како ќе нас префрле во ова распредела зато што во документи које напише социален работник во Сло нема информациа које траже путем овој правилник примјер:
- во наше документе не пише или наше моторно возило е во вредност до 5000 еур (0,10 поени) или во вредност над 5000 еур (0,15 понеи).
- не пише дали наша куќа има луксузна опрема (1 поен),
- нитко није код нас проверио дали наша куќа блиски е до трговски центар (0,10 поени), е блиски до домот до блиски пријатели (0,05 поени) ...

Поради сето ово јас сеуште мислам дека ние сме под стари закон.

Као што написав максимум е 100 поени, од тога:
- здравствена состојба (максимум 3 поени)

- психосоциален статус (максимум 35 поени) примјер: примјер емотивност, емпатија и алтруизам 0,42 поени

-материјални услови (максимум 18) примјер: деловен простор во големина до 50 м2 0,10 поени

- стабнеи услови (максимум 18) примјер: станот блиски до здравствена установа 0,30

- време на чеканје (максимум 10) примјер: чеканје повеќе од 4,5 години 10 поени, 4-4,5 години 9 поени, 3,5-4 години 8 поени етц.

-стапен на образование (максимум 3 поени)

- брачен статус (максимум 13 поени) примјер: живее во брачна заедница 13 поени, во вонбрачна заедница 4 поени, сам 1 поен



ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

- стабнеи услови (максимум 18) примјер: станот блиски до здравствена установа 0,30


а сега малку математика

Ако некој сака да добије максимално 18 поени не е доволјно да поседува куќа  со максимум станбени простор од 120м2 (12 поени):
-треба да поседува уште еден стан или куќа (2 поени)
-Станот или куќа треба да има луксузна опрема (1 поен), да се наоѓа во град (0,50 поени), да е блиски до градинка (0,30), игралиште за деца (0,30), здравствена установа (0,30), училиште (0,30), автобуска или железничка станица (0,05 поени), од домот на блиски родители (0,05 поени), од домот на блиски пријатели (0,05 поени), трговски центар (0,10), факултет (0,05 поени)
- треба да поседуваш повеќе од две викендици (0,50 поени) со луксузна опрема (0,50)

Ако поседуваш примјер само едена куќа во село без луксузна опрема добијеш 13,3 поени, можеби куќа блиски е до градинка (0,30) и училиште (0,30) = 13,9


ПС љубов кон дете = 2 поена


ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia

Ова сигурно го видовте веќе, ама мене многу ме нервира
Според новиот Правилник за посвојување, цели 36 поени идните родители можат да добијат ако имаат и стан, и ку­ќа, и дуќан. Посебно високо се бодираат лицата што сакаат да посвојат де­те, а имаат скапи коли и стан од најмалку 120 квадратни метри.
Наспроти тоа, помалку поени се добиваат ако посвоителите живеат во село (??).
"Кој може да ја измери 'добрината' на идните родители според нивите па­ри. И каква е гаранцијата дека тој што живее во град, ќе биде подобар ро­ди­тел од оној што живее во село. Затоа го дадовме Законот за елек­трон­ско посвојување пред Уставен суд", велат луѓето што подолго време ра­бо­тат на посвојување. На пр. Љубовта што идните родителите ја имаат спрема де­ца­та се вреднува само со 2 поена.

Кој го правел правилников треба да се преиспита себеси каков родител е. Значи, немаме дуќан, имаме автомобил стар 10 години и живееме во стан помал од 120 квадрати... Автоматски, јас и мм не сме добри родители??



ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

мене новиов закон пак ми се допаѓа. И да, не е се во парите, ама сите ние ако можеме би избрале да имаме по 2 стана па да сме станбено обезбедени и ние и децата.

Не знам, можеби грешам ама ако се поаѓа од фактот дека сите можни посвоители сакаат деца, некаква селекција мора да се направи. Ако можат да имаат подобри животни услови, зошто па да не...

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

јас исто така видов ова
линк до статија КОН­ТРО­ВЕР­ЗНИ КРИТЕРИУМИ 120 квад­ра­ти за посвојување дете

120 квад­ра­ти за посвојување дете Според новиот Правилник за посвојување, цели 36 поени идните родители можат да добијат ако имаат и стан, и ку­ќа, и дуќан. Посебно високо се бодираат лицата што сакаат да посвојат де­те, а имаат скапи коли и стан од најмалку 120 квадратни метри user posted image Имо­тот кој го поседуваат потенцијалните посвоители ќе носи најмногу по­е­ни при посвојување дете. За воведувањето на електронското пос­во­ју­ва­ње деца, што треба да стартува овој месец, Министерството за труд и социјална политика донесе нов правилник за критериуми и начин на из­бор на идните родители.
Из­бо­рот на посвоители ќе се врши преку компјутерски систем каде што прет­ход­но сите ќе бидат бодирани според нивната материјална и станбена си­ту­и­ра­ност, време на чекање, брачен и психосоцијален статус.
Це­ли 36 поени идните родители можат да добијат ако имаат и стан, и куќа, и дуќан. Посебно високо се бодираат лицата што сакаат да посвојат дете, а имаат скапи коли и стан од најмалку 120 квадратни метри. Наспроти тоа, помалку поени се добиваат ако посвоителите живеат во село или, пак, ако стриктно назначат дека сакаат машко или женско дете.
"Кој може да ја измери ''добрината'' на идните родители според нивите па­ри. И каква е гаранцијата дека тој што живее во град, ќе биде подобар ро­ди­тел од оној што живее во село. Затоа го дадовме Законот за елек­трон­ско посвојување пред Уставен суд", велат луѓето што подолго време ра­бо­тат на посвојување.
Спо­ред правилникот, парите кои ги имаат потенцијалните посвоители се мно­гу поважни, дури и од нивната здравствена состојба, зашто мак­си­мал­ни­от број што двајцата идни родителите може да ги добијат за нивното здрав­је е три поени. Љубовта што идните родителите ја имаат спрема де­ца­та се вреднува само со 2 поена.
"Ком­пју­те­рот избира пет потенцијални посвоители со соодветни ка­рак­те­рис­ти­ки од регистарот на посвоители, под шифри. Со електронската рас­пре­дел­ба го исклучуваме субјективниот фактор, зашто со години наназад се зборуваше дека има корупција во оваа областа", вели
министерот Џељаљ Бајрами.
Ис­пол­не­тос­та на критериумите ќе ја утврдуваат тимови во центрите за со­ци­јал­на работа кои, заедно со стручните лица од Министерството го из­ра­бо­ти­ле правилникот. Оттаму велат дека Македонија е единствена зем­ја во светот каде што се воведува електронско посвојување.
Цен­три­те за социјална работа ќе можат да им дадат максимум 5 поени на двај­ца­та брачни партнери за нивните морални вредности, самоконтрола и толеранција.
Не­га­тив­ни поени од -5 следуваат ако посвоителите тврдат дека сакаат да зе­мат дете за да си го зачуваат бракот или да бидат прифатени од сре­ди­на­та.
Ли­ца­та што се во брак имаат предност при посвојување, зашто тој до­ку­мент им носи 13 поени. Ако живеат во вонбрачна заедница, добиваат 4 по­е­ни, а ако посвоителот е самец, тогаш добива само 1 поен.
Во моментов во Македонија за посвојување чекаат 370 лица, а има само 33 де­ца кои може да бидат посвоени. Половина од нив се целосно здрави. Ос­та­на­ти­те се со одредени пречки во развојот.

виа Вест


ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Агнес линкови се забранети од други медиуми  ете ја целата статија па нека чита кој сака, мада за мене вест од таблоид и не е некоја вест ...Не мора да се критикува се однапред без да знаеме дали ќе функционира


ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

На веб страни од Министертво за труд и социална политика ( http://www.mtsp.gov.mk/ )  од јучер има правилник (ворд формат).
„Изборот на посвоители на деца отсега ќе се врши по електронски пат, со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување, изјави министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, укажувајќи дека ова прашање е регулирано со Правилникот за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоител по електронски пат.... user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77

ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Не мора да се критикува се однапред без да знаеме дали ќе функционира



Јас имам своје мишлјење за овај правилник, но безразлика се соглашувам дека сега можеби не е време да се критикува ама е време да видиме дали ќе нови закон и правилник функционира. И да функционира во најдобар интерес на децата, ова е најважно нели

целосна статија од министерство:

„Изборот на посвоители на деца ќе се спроведува по електронски пат
Изборот на посвоители на деца отсега ќе се врши по електронски пат, со цел да се избегнат евентуални злоупотреби и влијание на човечкиот фактор во процесот на посвојување, изјави министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, укажувајќи дека ова прашање е регулирано со Правилникот за поблиските критериуми и начинот на избор на посвоител по електронски пат.
user posted image Изборот на посвоители ќе се врши преку компјутерски систем, кој ќе избира пет потенцијални посвоители со соодветни карактеристики од регистарот на посвоители. Карактеристиките на петте брачни двојки, потенцијални посвоители, под шифри ќе стасуваат до Комисијата која ќе донесува одлука за изборот на посвоители.

"Листата од првите пет посвоители се креира врз основа на добиените бодови за исполнување на критериумите коишто се однесуваат на материјалните и станбените услови, степен на образование, здравствена состојба, време на чекање, психосоцијален статус и брачниот статус на потенцијалниот посвоител", појасни министерот Бајрами.

За да се избегнат можностите за злоупотреби составот на Комисијата којашто брои 15 членови, пришто на денот на самата седница кога треба да се одлучува за посвојувањето компјутерскиот систем ќе ги избере петте членови коишто ќе одлучуваат по одредениот предмет.

"Измените предвидуваат само одредени лица да можат да ги дополнуваат податоците за евентуалните посвоители, но притоа да запишат и кој и кога ги извршил промените, без притоа да ги бришат оние коишто претходно биле внесени. Досега не се знаеше кој и кога ги менувал податоците", рече министерот Бајрами.

Во моментов има околу 370 потенцијални посвоители, а 33 деца за посвојување од различни националности, возраст, пол и здравствена состојба.„

виа МТСП




_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Проблеми со носење и имплементирање на за...
1.4.2011 22:18:14   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: agnes77



Идните родители кои ќе сакаат да посвoјат дете од домовите за деца без родители, ќе имаат можност тоа да го направат и по електронски пат

Оваа новина е дел од Предлог измените на Законот за семејство, кој треба да се усвои во собраниска процедура.
„Кога ќе има дете за посвојување ќе се  избираат пет потенцијални посвоители од регистарот за посвоители. Карактеристиките на петте брачни парови под шифра ќе се доставуваат до Комисијата која што ќе донесе одлука за изборот на посвоители“, се вели во предлог законот.
За да се избегнат можностите за злоупотреби, планирани се измени и во составот на Комисијата која ќе брои 15 членови со двогодишен мандат, наместо досегашните пет члена, кои имаат мандат од пет години.
Во измените  на законот се предвидува и одземање на родителското право на лица, кои што оставиле деца во домови за деца без родители, но не се откажуваат од родителското право, поради што децата не може да се дадат на посвојување.
Веќе е извршена обука на лицата коишто ќе ги спроведуваат предвидените новини, а изготвен е и специјален компјутерски софтвер. Во Македонија годишно се посвојуваат од 60 до 80 деца.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?