Зелена глина (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Убавина и мода



Порака


profesorica -> Зелена глина (1.9.2009 10:29:56)

Дали сте користеле зелена глина и какви се вашите искуства?
Пребарувајќи на Интернет најдов многу податоци за зелената глина, со зачудувачки број на користи кои ги има таа , мулти наменска супстанца , која се користи за лечење на многу болести со векови.




mother 29 -> RE: Зелена глина (1.9.2009 11:25:45)

jas pred izvesen period ja stavav kako maska na liceto ...zelenata glina od vitalia.....liceto posle mi bese osvezeno...nisto posebno i dolgotrajno

taka sum ja koristela ,samo nadvoresno




natasha -> RE: Зелена глина (1.9.2009 14:09:58)

jas ja imam pieno za slabeenje i procistuvanje na organizmot od toksini i sum prezadovalna i toplo ja preporacuvam na sekogo,i pokraj toa sto ima vkus na zemja,efektot e poveke od ekstra[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




ripce -> RE: Зелена глина (6.12.2009 10:16:41)

Лековитата глина

Природната убавина доаѓа одвнатре. Ова е најдобриот начин да се опише делувањето на природното лековито средство, познато уште од дамнина.

Природната глина ја користеле уште лекарите на древните култури на Индија, Вавилон и Египет. Таа морала да биде чиста, без штетни бактерии, па затоа се ископувала на многу големи длабочини. Зависно од подрачјето од кое доаѓа зависи и составот на природната лековита глина.Освен на запад популарната кафеава глина, кај нас најчесто се употребува зелената лековита глина. Таа има широк спектар на делување благодарение на својот изразито богат минерален состав. Глината содржи значителни количини на калциум, калиум, магнезиум, железо и натриум. Лековитата глина најчесто се користи за секојдневните здравствени проблеми, но и за да му ги обезбеди на организамот потребните и важни минерали. Еве за што сé можете да ја употребите глината:
Киселини во желудникот
Глината го неутрализира вишокот на желудочна киселина, па доколку имате вакви проблеми пред или после оброкот напијте се чаша вода во која ќе растворите една лажичка глина.

Дијареа
Една до три лажички глина растворени во билен чај неколку пати на ден ефикасно ќе го решат проблемот.

Мрзливи црева
Ситните честички на глина ги чистат цревата, ги врзуват мастите и токсините, па така ја потикнуваат работата на системот за варење.

Непријатен здив
Глината ги апсорбира гасовите и токсините во желудникот, па со тоа го елиминира непријатниот здив во усната шуплина.
Алергија
Редовната употреба на глина ги намалува алергиските реакции, а помага и кај неуродермитисот.

Опаѓање на косата
Минералите во глината го поттикнуваат растот на косата и го подобруваат квалитетот на влакното. И надворешната употреба на глината дава одлични резултати, па затоа и често се користи како козметичко средство.

Маска за лице
Маската од глина се користи за чистење на лицето. Помешајте малку глина со малку вода и смесата нанесете ја на лицето, оставете да се исуши и после 15 минути измијте со млака вода.

Топла купка
Купката од глина ја намалува мускулната напнатост, тегобите и болките во зглобовите и ја прави кожата на телото многу посјајна и поздрава. Во када со топла вода ставете половина килограм глина, останете во кадата околу 15 минути и при тоа повремено мешајте ја водата за да не спадне глината на дното.




Bogdancanka -> RE: Зелена глина (6.12.2009 10:23:34)

ripce a kaj moze da se najde ova glina?




ripce -> RE: Зелена глина (6.12.2009 10:49:03)

Јас знам за онаа што е на Виталија...
[image]http://vitalia.com.mk/WBStorage/Articles/7D54D52F27926C4F84E727EEE5B35801.jpg[/image]
Зелена глина во прав за лице и тело

[image]http://www.vitalia.com.mk/WBStorage/Articles/68982652D47FB34BB2E9DD014ADEFC0A.jpg[/image]
Зелена глина во прав за орална употреба




Еца -> RE: Зелена глина (6.12.2009 10:58:12)

И јас ја користев зелената глина како маска за лице, еднаш месечно. Ете потсетување пак да си ја купам, а и не е скапа околу 200 ден




Bogdancanka -> RE: Зелена глина (6.12.2009 18:33:35)

фала рипче еве сега видов ќе побараме сестра ми има проблем со опајгање на косата за неа ми е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




profesorica -> RE: Зелена глина (7.12.2009 8:55:23)

браво рипче за информацијата.еве и јас ќе ја пробам за лице и тело.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Страница: [1]