|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
29.11.2013 22:31:25   
kapina
A kade go ispituvate toj amh hormon

(Одговор на членот koki12)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
30.11.2013 9:03:25   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Summer

Zdravo devojcinja hrabri.
Eve da vi pisam po podolga pauza. Znaci vaka-AMH se ispituva samo vo dve privatni laboratorii kaj nas, vo Analizis i vo Adrialab, vo analizis vi e poeftino i cini 4500den, dodeka vo dr laboratorija e 6000den. nekade pogore procitav deka visok AMH znaci deka e namalena rezervata na jajce kletki. Toa ne e tocno, sto e pomla vrednosta na AMH toa se pomali rezervite na jajce kletki. Preduslov za ispituvanje na AMH e ako imate pokacen FSH na 3 den od ciklus. no ima i slucai, kako na primer jas, koga FSH e normalno no za zal AMH e nizok. pozz


Kapina, хормонот колку што знам се испитува во Адриалаб а овде читам дека има и во Авицена и во Анализис, се праќаат резултатите во Германија и потоа те известуваат. Но, мој совет е доколку од Фондот не ти бараат, да не го правиш, зошто е стресно и во секој случај не е показател за дали жената ќе остане бремена или не. Има жени кои останале бремени и со низок АМХ. Така да не се замарај. Позз

(Одговор на членот Summer)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
1.12.2013 3:27:33   
MademoiselleNina
Дали овој АМХ се испитува некаде на државно? Бидејќи ако го бараат од фондот мора да се испитува и на државно, бидејќи колку што прочитав во нивните упатства и правилници, сите испистувања кои ги бараат може да се испитаат и на товар на фондот. Е сега дали тоа значи дека ако се испитува во прив. лаб. ќе има поврат на средства од страна на фондот или не?

И прочитав дека покрај АМХ треба да се испита и инхибин б протеин или хормон кој влијае на развојот на фоликулите.
Дали некој знае дали кај нас испистуваат некаде инхибин б? и колку чини?

И уште нешто прочитав, дека кај жените со поголем боди мас индекс имаат понизок АМХ
Само не сватив дали диета би помогнала да се покачи нивото на АМХ...user posted image

(Одговор на членот koki12)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
1.12.2013 15:14:49   
koki12
AMH se ispituva samo na privatno za zal.Vo avicena e najevtini 4200 den.Koga otidov vo fondot i ja prasav devojkata dali ima smisla toa sto mi baraat da napravam ispituvanje koe kosta po 6000 den i koe nikade ne se pravi na drzavno,zosto plakam jas zdrastveno osiguruvanje,nejziniot odgovor bese:te svakam duso ama znaes nitu edna labalatorija nesaka da skluci dogovor so fondot za ova ispituvanje.Vo nasava drzava nisto nema smisla.Ti kazuvaat deka ti davaat vaucer za besplatno IVF a sega ke me prinuduvaat da go prifatam samo so donirana J.kleka.Kako mozat tie da odlucat za mene.Neznam dali samo jas minuvam niz ova i prostete zabegav so temava ama mnogu sul luta neznam za sto jas plakam osiguruvanje,za na kraj tie da odlucuvaat za mene.Sramota.

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
1.12.2013 23:13:26   
MademoiselleNina
A dali FSH i Estradiol ti se vo granicite na normalata?
Vo pravilnikot pisuva FSH 12,5 i Estradiol povisok od 60 na 3 den od ciklus.

Inaku samiot pravilnik im se kosi so ona sto go objavile kako izvestuvanje za javnosta deka - osigurenikot moze site ispisituvanja da gi pravi so plavo kartonce i upat od maticen lekar, a od druga strana vo prvilnikot da napisat deka ako FSH i E se povisoki od nekoi vrednosti, se pravat dopolniteni ispituvanja koi ne se na tovar na fondot!!!

A be uzas!!! I sega ostavnuva pravno da gi gonis, bidejki se kotradiktorni!

Da bese poeftino toa ispituvanje ke ti recev povtori go na pretiot den od ciklusot ..., ama...
Veke mozes barem da se javis i da gi prasas dali ek gi refundiraat parite za ispituvanje na AMH, bidejki edinstveno taka ima logika da go baraat toa ispituvanje.

Inaku kolku sto procitav, AMH moze da varia od ciklus do ciklus ...
I da se rasprasas za IVF na privatno ....
Ti ja pustam celata srekja na ovoj pat ...

(Одговор на членот koki12)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
2.12.2013 14:03:56   
LoveableMe RR
Нина, ете денес бев во Фондот и ми кажаа тој хормон се испитува само доколку ти го бараат во документација и доколку имаш покачен FSH, така што не се замарај да трошиш пари нерви и време за џабе. Позз

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
2.12.2013 18:00:01   
koki12
Kaj mene Fsh bese pokaceno zatoa mi pobaraa da ispitam AMh.Nemojte da go ispituvate po vasa zelba.Citav po srpskite forumi deka vo nekoi zemji ne go ni isituvaat kako sto e Kanada i deka mnogu cesto izleguva so mnogu niski vrednosti,zatoa ne e tolku merodaven.Nina fala ti na ubavite zborovi.bev vo fondot i mi rekoa deka nema da mi gi refundiraat sredstvata.toa e nasata mila drzavicka i tolku se nasite prava.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
2.12.2013 21:17:57   
LoveableMe RR
Коки пробај со рецептот што го имам напишано овде со суви смокви и маслиново масло, може ќе ти помогне. Читам и перуанска мака е добра за тоа, па може да се среди о наново да поднесеш документи во Фондот, па може ќе ти прифатат. Позз

kapina, твојот пост го префрлив во Лечење неплодност со билки, па таму и ќе продолжиме да дискутираме за перуанската мака.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 3.12.2013 10:37:07 >

(Одговор на членот koki12)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
3.12.2013 10:34:48   
Kvisko
Коки имам читано дека за намалување на ФСХ помагаат суви смокви потопени во маслиново масло. Пробај намали ја така вредноста па потоа дај ги документите за да не мора да се малтретираш.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 3.12.2013 10:48:13 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
3.12.2013 12:33:44   
koki12
Devojki vi blagodaram na podrskata samo ve molam ovoj recept nekako da mi go prepratite ni kaj edna od vas nesaka da mi go otvori a imam citano nekade za nego deka ja podobruva plodnosta.Inaku cekam da dobijam ovie denovi i povtorno da gi ispitam FSH i LH pa ako se slucilo nekoe cudo i da se namalt ke probam pak preku fondot.Pozdrav!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
3.12.2013 13:48:24   
Kvisko
Постовите се поставени во делот Рецепт за зголемување на можноста за забременување.
јас го имам читано дека треба да се потопат 40 смокви во тегла со маслиново масло (ладно цедено) и стојат 40 дена на светло, ама не на сонце. Потоа секое сабајле се јаде една до две смокви на гладно и 20 минути потоа не се јаде друго. Другата опција е побрза за да не се чека. Се ставаат по две смокви во масло навечер и се јадат сабајле.
LoveableМе стави малку поинаква варијанта на јадење на смоквите. Пред секој оброк по една.
Пробај може да ти помогне.

(Одговор на членот koki12)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
4.12.2013 12:49:10   
LoveableMe RR
I LOVE, постовите ти се префрлени во Хормонална рамнотежа услов за бременост. А на линковите погоре кај мене и кај Квиско можеш да видиш рецепт со маслиново масло и суви смокви, преземи го од таму. Многу си млада, не знам зошто се брзале со ИВФ. Позз



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 5.12.2013 14:20:11 >

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
5.12.2013 14:08:57   
LoveableMe RR
Koki 12 и валери, вашите постови се префрлени во Хормонална рамнотежа услов за бременост, бидејќи ова е пост исклучиво за Анти-милеров хормон.

Во другата тема има информации за хормоните кои Ве интересираат и за совети што да се прави за нивно подобрување. Позз

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
16.12.2013 21:19:30   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadezda15

Zdravo idni mamicki...najprvo vi posakuvam da vidite na site za brzo vremeuser posted image ...jas sum nova na forumov pa imam problem sto sakam da go spodelam so vas...jas so mm se obiduvame zauser posted image veke edna godina no neuspesnouser posted image ....bevme na ispituvanje kaj d-r petanovski vo remedika i kaj mm bese se vo red i kaj mene no samo mi kaza da proveram AM hormon nekoj ne znam koj e toj pa sakam da mi kazite nesto se odlucuvam za inseminacija ne znam zosto izgleda oti nemozam da cekam pa dali ima nekoj sto e uspesen kaj dr petanovski ili ne?pozdravce i cekam vase mislenje....user posted image


Надежда, овде можеш да прочиташ за Анти-милеровиот хормон, но верувај тој не е пресуден за забременување. Во темата Кој доктор за ИВФ? имаш искуства за сите доктори. Во секој случај, си избрала еден од најдобрите доктори во РМ, се надевам ќе имаш успехuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
18.1.2014 16:14:49   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: kate..


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Упат од гинеколог (за жената), упат од интернист (за мажот) и со тие упати на Имунологија и хумана генетика (на Клиника). Зависи што точно ќе испитуваш, но отприлика 2000-4000 денари е преку Фонд (за еден). Позз

FSH bidejki e 9,3


кате.. АМХ се испитува во Адријалаб, на било кој ден од циклус. Имаше и други лаборатории, можеш тука да прочиташ, а погоре има и корисни линкови со рецепти како да се намали природно со терапија ФСХ. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
10.3.2014 21:02:17   
sesilia

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cooper

i jas go plativ 100 evra..nema veza koj den od ciklusot e..kaj mene bese ispituvanje za da znaeme so stimulacijata kolku jajcekletki da ocekuvame...bidejki imav visok FSH(vo norma ama na gornata granica)i za sekoj slicaj da znaeme so da ocekuvame koga ke ja pocneme postapkata invitro..pozdrav

Само за инфо Авицена е 4000ден а овие го праќаат во Германија ,којзнае како! И има разлика во цена 2000 ќе направиш и други испитувања!

(Одговор на членот Cooper)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
16.9.2014 17:34:55   
Milicka 30
Здраво девојки, гледам темата баш не е активна во последно време.

Испитував Анти мулериан хормон, и вредноста ми е 0,6 а минимално било 1. Наредната недела сум на контрола па ке видиме што ке ми каже докторот.
Ептен се разочарав зошто досега сум била на многу гинеколози и никој ме нема натерано да го испитувам, ниту пак се имаат спосомневано во тоа.
Ме интересира дали некој е имал ваква вредност и успешно инвитро?

(Одговор на членот Cooper)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
16.9.2014 18:21:40   
kapina
Milicka a fsh kolku ti bese na treti den od ciklusot

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
16.9.2014 18:28:09   
sanosan bebe
ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Здраво девојки, гледам темата баш не е активна во последно време.

Испитував Анти мулериан хормон, и вредноста ми е 0,6 а минимално било 1. Наредната недела сум на контрола па ке видиме што ке ми каже докторот.
Ептен се разочарав зошто досега сум била на многу гинеколози и никој ме нема натерано да го испитувам, ниту пак се имаат спосомневано во тоа.
Ме интересира дали некој е имал ваква вредност и успешно инвитро?


Немој воопшто да се замараш со АМХ. Мене во 2012 ми беше 0,31 и според еден лекар требаше за неколку месеци да не добивам, да влезам во менопауза. Јас од тогаш направив 3 ин-витро постапки(првата со 4 фоликули, втората со еден -на спонтан циклус и третатта во март оваа година исто со 4 фоликули. FSH ми е нормално и и самите лекари потоа ми кажаа дека тоа ја покажува резервата на јајце-клетки која е намалена меѓутоа не е ништо страшно. Овој хормон може да варира познавам и жени кои со помала вредност на АМХ останале природно бремени.
Поздрав

< Поракaта ја уредил sanosan bebe -- 16.9.2014 18:29:37 >

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
16.9.2014 20:14:47   
Milicka 30
Капина овој пат не испитував Fsh ама пред 2 месеци ми бесе 3,7 ... и ми кажаа дека ми се ок резултатите.
Наредната недела сум на предлед па ке видиме др. што ке ми каже.

Саносан бебе и јас исто читав по форумите, дека и покрај тоа што многу жени имале ниска вредност на АМХ сепак имале успешно инвитро. Она што многу ме исплаши е дека читав дека е и наследно а мајка ми на 42 години влезе во менопауза....се си има некоја поврзаност а јас имам 31, па ме плаши тоа некако.


(Одговор на членот sanosan bebe)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
16.9.2014 21:29:24   
kapina
Milicka pa ti si kako mene znaci jas uste malku vo noemvri ke polnam 30 utre sum jas na pregled kaj lazarevski pa ke videme sto ke kaze prv pat ke odam kaj nego kaj menefsh bese9,40 na treti den a se nad 10 na treti den ne. e vo red. a na prvoto IVF imav5 jk so primeni27 menogonI

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
17.9.2014 13:02:13   
LoveableMe RR
Еве најдов нешто на нет, па да споделам со вас и може да продискутираме со искуства околу тоа:

"Бидејќи АМХ се произведува во малите оваријални фоликули, нивоата во крвта на оваа супстанца се користи да се измери бројот на растечки фоликули кај жените, а со тоа преостанатите резерви на јајце клетки -оваријалните резерви. Со зголемување на возраста на жените, бројот на миркоскопски фоликули се намалува, како и бројот на оваријални антрални фоликули. Жените со многу мали фоликули и тие со полицистични јајници имаат висок АМХ хормон, а жените кои се блиску до менопауза исто имаат нисоки новиа на АМХ.

Во однос на шансите за временост при ИВФ и вредноста на АМХ, жените со висока вредност на АМХ подобро реагираат на стимулацијата на јајниците за ИВФ и имаат повеќе јајце клетки при пункција и со тоа ја зголемуваат шансата за успех. Сепак, АМХ не кажува за квалитетот на јајце клетките, туку само за нивниот број, а при ИВФ доволно е еден квалитетен ембрион во матката за успешно ИВФ. Д-р Шербан има направено истражување за ИВФ успехот и нивоата на АМХ и неговото истражување покажало дека:

• висок АМХ ја зголемува шансата за повеќе јајце клетки при ИВФ и со тоа за успех
• низок АМХ не значи дека ИВФ постапката ќе биде неуспешна или не кај жени под 35 години
• паровите треба да се обидуваат за ИВФ и со низок АМХ бидејќи има успех во ИВФ постапките и со низок АМХ

--------------------------------------------------------------------------------

Што е нормално ниво на АМХ?

Има проблеми за толкување на висината на АМХ бидеќи не се истражува многу години релативно нова постапка е, па затоа не е јасно дефинирано кој е висок а кој низок АМХ. На пример нивоата меѓу 0.9 и 1.1.ng/ml иако ги става жените во различна граница, не е многу голема разликата за потенцијалот на плодност.

За жени под 35
Висок (често PCOS) над 4.0 ng/ml
Нормален 1.5 - 4.0 ng/ml
Низок нормален 1.0 - 1.5 ng/ml
Низок 0.5 - 1.0 ng/ml
Многу низок помалку од 0.5 ng/ml

------------------------------------------------------------------------------

Сепак, за да биде методот попрецизен, се користат и други тестови со кои се доаѓа до поконкретен резултат. Иако возраста е важна, сепак има жени со 42 години и добар квалитет на јајце клетки и плодност, а има жени со 25 години со лош квалтиет на јајце клетките и неплодни (ако не толку често). Еден од методите за допрецизирање на АМХ, е тест на хормонот ФСХ фоликулно стимулирачкиот хормон кој произведува јајце клетки во јајниците. ФСХ и ЛХ се произведуваат во хипофизата, а кога жената оди накај менопауза се намалува бројот на фоликули во јајниците, при што мозокот насетува дека има средина со низок естроген и сигнализира кај хипофизата дека треба повеќе ФСХ хормон да се произведува и така се зголемува неговата вредност. Таа вредност ќе се зголемува со годините, затоа жените во менопауза имаат високи нивоа на ФСХ над 40mIU/ml на 3-ти ден од циклус. Кога ќе престанат да имаат фоликули, ФСХ продолжува да биде висок и потоа ќе престанат да добиваат менструација. Ако се случи пред 40-тата година, тоа значи преран недостиг на фоликули и предвремена менопауза.

Како се мерат нивоата на ФСХ на 3-ти ден?

Некогаш може жени со низок степен на ФСХ, а сепак да имаат намалена оваријална резерва, особено за жени во нивните 40 години. На пример, жена со 44 години и нормален ФСХ (на пример 6) може сепак да има многу мала веројатност да забремени со ИВФ или со друг програм за неплодност поради возраста.

Толкување на ФСХ на 3-ти ден на циклус

Нормален ФСХ се смета секој што е помал од 9. Доколку е покачен, се прават испитувања на АМХ.

Помал од 9 - нормален ФСХ
Од 9 - 11 - ок, гранично нормален и намален
Од 11- 15 - намалена оваријална резерва.
Од 15 - 20 - намалена реакција на ИВФ и квалитет на јајце кретки, ниска стапка на раѓања
Над 20 - никако ИВФ многу слаба резерва и низок процент за стимулација/јајце клетки

Млади жени под 35 со висок ФСХ подобро реагираат на ИВФ и имаат поголеми шанси отколку постари жени.

Сепак, да биде уште померодавно, се прави тестирање на нивото на естрадиол на 3-ти ден од циклус за потенцијално да се октрие дали жени со нормален ФХС имаат намалена оваријална резерва. Како? Доколку ФХС е нормален, но нивото на естрадиол е покачено, тогаш често високо ниво на естрадиол (над 80) е сигнал за супресиран ФСХ и тоа го контролираме во неколку последователни циклуси. Доказите досега покажуваат дека висок естроген над 80 покажува проблем со оваријалната резерва.

Се прават тестови и со кломифен така што на 3-ти ден се тестираат ФСХ и естрадиол, се пијат по 2 таблети кломифен (100мг) на 5-9 ден од циклусот и се повторува тестот за ФСХ на 10-ти ден од циклусот. Нормален резултат треба да покаже низок естрадиол и ФСХ на 3-ти ден и низок ФСХ на 10-ти ден."

Извор: advancedfertility




_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
17.9.2014 13:03:40   
LoveableMe RR
Еве женички се потрудив да најдам нешто на нет, сега останува на вас да пишете дали имате низок ФСХ, а висок естроген над 80 на 3-ти ден од циклус и дали потоа ви покажало на АМХ исто ниска оваријална резерва? Ајде, чекаме искуства. user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
17.9.2014 22:44:38   
Milicka 30
Loveableme фалааа ти најмногу, ептен си девојка од акција, незнам што би правеле без тебе.
Еве сега ќе ви ги кажам моите резултати од 3 ден:
ФСХ-3,7 (фоликуларна фаза 2,8-11,3; фоликуларна фаза 2-3 ден 3-14,4)
Естрадиол-122 ( фоликуларна фаза до 160, фоликуларна фаза 2-3 ден до 84)
АМХ -0,6 ( од 1 до....тоа не разбрав)

Ги напишав и параметрите за да може да споредеме.
А останатите хормони
Т4-1,4
ТСХ-1,71
ПРОЛАКТИН 18,5
ЛХ 5,7

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Анти-милеров хормон - AMХ
17.9.2014 22:52:48   
Milicka 30
Значи имам низх фсх ,висок естрадиол и низок амх, ете ти проблем user posted image
Аман човек на раат никако да не биде.
Затоа и др.Таше сакаше да испитувам амх за да знае со каква терапија да почнеме. Наредната недела ке завршам со микрогинонот и треба да одам на 2 ден од циклус па да видиме.
Се надевам дека има начин да го решеме ова.
Сега ќе барам по нет за дали може некако да се покачи фсх а да се намали естрадиолот, сигурно има начин .

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?