|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Напредни деца
25.6.2013 14:31:54   
Cipi Ripi
Ете дискусијата се насочи тука, убаво, фина тема. Јас ќе ви кажам од лично искуство дека познавав деца што прерипуваа години во основно бидејќи беа навистина интелегентни. Исто така од искуство од свекрва ми која што беше учителка во основно(се пензионираше лани во октомври) знам дека имала деца што прерипуваа одделение бидејќи навистина биле преамбициозни.
Мислам дека и до учителот е, треба да ги познае амбициите на детето и да каже на родителите. Тука не спаѓаат фалби и пофалби туку баш оние деца што кога се учи за нова равенка они ја решаваат задачата и без веќе научена лекција.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Напредни деца
25.6.2013 14:43:29   
niki
no toa pak ne e nisto poveke bidejki deteto pak vleguva vo grupa kade vladee prosek, samo se pogolemi od nego, pozreli i poveke vreme imale da sovladaat toa sto toa dete sovladalo za pomalku
nisto specijalno ne postoi tuka za talentiranoto dete vo sistemot, nisto poveke ne mu se nudi osven sto se skratuva vremeto
nesto poveke bi bilo koga deteto bi bilo smesteno so deca koi na ist nacin kako i toa rabotat ucat i funkcioniraat mentalno, talentirani site pa da ima konkurencija ramna na sebe

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Напредни деца
25.6.2013 14:45:46   
vezilka RR
Па богами можеби и имаш право, можеби системот оставил баш само на способноста на учителките да препознаат и да се снајдат во таа ситуација како знаат и умеат. Секако појдовна точка се учителките, тие се тие кои први треба да реагираат. Но што ако некоја учителка не реагира навреме. Не препознае дека се работи за екстра интелегентно дете. Бидејќи, нели децата кои се понапред од својата генерација, често, задачите во училиште не им се предизвик, бидејќи веќе одамна ги знаат, тие се невнимателни на часот и не работат со другите деца. Што ако во таква ситуација учителката, не ги разбере знаците и детето добие послаба оцена оти не внимавало. Наместо напред, ќе се врати назад. Затоа јас сметам дека треба да има посебни правила и прописи по однос на ова прашање. Места каде родителите би можеле да ги носат децата, за да им направат некои тестови со кои би се утврдило дека се понапред. Или може постои такво нешто? Ајде да подискутираме.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Напредни деца
25.6.2013 14:48:31   
rina13
user posted image user posted image user posted image Драго ми е кога слушам за просветни работници кои им помагаат на напредните деца и ги насочуваат во целокупниот систем.
Паметам дека во основно во 6то одделение  се спроведуваше некој тест за интелигенција. Резултатите не беа никогаш официјализирани им служеа најверојатно како некој показател за наставниците.
Конкретно за вакви стандардни IQ тестви сум многу против бидејќи нивната коцепираност се однесува за откривање на таленти во егзактни науки на пр математика.
Со ваков стандарден тест е невозможно да откриеш талент за општествени науки. Затоа работата на наставникот или професорот сметам дека е клучна за откриање на таленти.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Напредни деца
25.6.2013 14:50:46   
Pepelaska *
Ова ми е омилена тема. Дете со надпросечни способности веднаш се препознава.Учителка која пред да полага испити, методики и психологии читала од книгите кога ќе седне во катедра треба веднаш да го препознае таквото дете.
И нормално треба да работи со него затоа постојат дополнителна и додатна настава нели.Незнам дали денес се уште се работи така.Имав еден професор кој велеше не се само оние деца кои имаат недостатоци со посебни потреби, туку и оние кои се надарени.Нив им треба посебен третман и од страна на родителот и од образовниот систем.И не е исто надарено и напредно дете.

< Поракaта ја уредил Pepelaska * -- 25.6.2013 14:54:45 >

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Напредни деца
25.6.2013 14:53:40   
rina13
Еве на пример некое дете е извонреден талент за цртање, или вајање можеби за поезија, пеење. И тоа е вонсериски талент не е нешто кое сите го поседуваат, неможе да се открие преку тест туку само со работа со детето. Испаѓа дека со тестовите се фаворизираат само оние чие знаење може да се измери. Секако дека треба многу прецизно да се изработи соодветна програма која ќе им понуди посебни услови за работа за децата кои се напредни.

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Напредни деца
25.6.2013 14:56:03   
niki
i mestata za nosenje koga bi postoele ne bi bile dovolni da sekoe dete dobie prilika, bidejki talenti ragaat i obicni luge roditeli neobrazovani i neinformirani ili nezainteresirani taka i na niv da e ostaveno vo mnogu situacii ke se sluci da se previdi
sistemot treba da ima nacini za prepoznavanje, testiranja koi ke gi vklucat site deca, i poinakvi ocenuvanja, ova brojcanovo ne e bas verodostojno bidejki od 5 do 5 ima razlika i vklucuva mnogu poveke segmenti od talent i znaenje, koga znaenjeto bi se vrednuvalo vo procenti na testovi togas sosem druga perspektiva bi se dobila

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Напредни деца
25.6.2013 15:03:11   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Еве на пример некое дете е извонреден талент за цртање, или вајање можеби за поезија, пеење. И тоа е вонсериски талент не е нешто кое сите го поседуваат, неможе да се открие преку тест туку само со работа со детето. Испаѓа дека со тестовите се фаворизираат само оние чие знаење може да се измери. Секако дека треба многу прецизно да се изработи соодветна програма која ќе им понуди посебни услови за работа за децата кои се напредни.

no decata koi poseduvaat takvi talenti bi trebalo da gi neguvaat vo soodvetni uculista, zaradi talent za crtanje nema da bidat prefrlani vo pogorna paralelka
sepak za da bide dete prefrleno vo pogorna paralelka treba da pokaze mnogu poveke od samo talent vo odredena oblast
edno e talent za umetnost, sosem drugo se napredni umstveni sposobnosti

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Напредни деца
25.6.2013 15:24:33   
vezilka RR
Еве ќе посочам еден пример од мојата околина, за да илустрирам што сакам да кажам дека ако се оставено само на моментот, што ќе направат учителките со тоа, понекогаш работата може да се утне. Детето сега е шесто оделение, и навистина е напредно. Во прво оделение решаваше задачи од шесто. Додека растеше и се развиваше, цело време беше мнооогу понапред од генерацијата. И сега што се случи. Кога тргна во училиште, тоа вече на големе знаеше и да чита и да пишува и се што другите деца допрва учеа. Нему навистина му беше здодевно. И тој беше тотално незаинтересиран за наставата. Учителката не препозна зошто е незаинересиран, мислеше дека е мрзлив. Ниту еднаш не го прати на пример кај психологот, да поразговараат зошто е незаинтересиран, па може таа ќе проценеше. Дури во пето оделение, ги пратија да отидат во МЕНСА на тестирање. И се тестираа, и сега што со тоа. Се си остана исто. Самиот систем нема процедура некоја о врска со ова.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Напредни деца
25.6.2013 15:32:43   
Cipi Ripi
Моментално системот во Македонија е сведен на казни, значи во која област и да се фатите од целиот наш општествен и уредувачки систем фрчат казни на сите страни. Тоа повлекува многу други проблеми на граѓаните што веќе секој гледа како знае да се снајде , да ја заврши работата додека е на работа па после да си тера живот. Така и во овој случај со наставниците, моментално е удрено накај нив. Имано минатата недела дојде кај свекрва ми колешка нејзина, млада жена, 6 месец трудна и беше страшно изнервирана бидејќи ја казниле со тоа што му се обратила на ученикот со ТИ! Немам збор за да ја објаснам оваа глупост!!! Исто така друга учителка е казнета со тоа што му рекла на ученикот ТИ НЕ ЗНАЕШ ДА ЧИТАШ! Казните се по 1000 евра! Епа како да се осврнат накај учениците, секој веќе гледа да пази само на себе, не го интересира ништо друго.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Напредни деца
25.6.2013 20:21:06   
Octavia
Препознавањето и мотивирањето напредни деца е цела наука и треба да биде составен дел од образовниот процес. Секако дека наставниците треба да бидат и соодветно едуцирани. Мои многу блиски луѓе живеат во странство, во еден сосема поинаков образовен систем. Едното дете посетува настава за напредни деца. Не е понапред од својата генерација, поинаку е решено таму тоа. Таму на децата кои ги сметаат за напредни им се нуди да полагаат некои тестови и потоа, зависно од резултатот, или си остануваат во стандардна паралелка или одат во паралелка за напредни деца. Значи, си останува со истата генерација, ама во паралелка за напредни, со поинаква наставна програма. Другото дете е позаинтересирано за математика и заради резултатите наставникот му предложил да оди во понапреден степен, ама само математика. Си имаат начин да го изведат тоа, очигледно. Ама таму и ги мотивираат да се обидат на различни полиња, спорт, свирење инструмент, уметност... па секако дека има големи шанси детето да се пронајде во нешто и да стане помотивирано.

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Напредни деца
25.6.2013 22:46:24   
niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Еве ќе посочам еден пример од мојата околина, за да илустрирам што сакам да кажам дека ако се оставено само на моментот, што ќе направат учителките со тоа, понекогаш работата може да се утне. Детето сега е шесто оделение, и навистина е напредно. Во прво оделение решаваше задачи од шесто. Додека растеше и се развиваше, цело време беше мнооогу понапред од генерацијата. И сега што се случи. Кога тргна во училиште, тоа вече на големе знаеше и да чита и да пишува и се што другите деца допрва учеа. Нему навистина му беше здодевно. И тој беше тотално незаинтересиран за наставата. Учителката не препозна зошто е незаинересиран, мислеше дека е мрзлив. Ниту еднаш не го прати на пример кај психологот, да поразговараат зошто е незаинтересиран, па може таа ќе проценеше. Дури во пето оделение, ги пратија да отидат во МЕНСА на тестирање. И се тестираа, и сега што со тоа. Се си остана исто. Самиот систем нема процедура некоја о врска со ова.

znaci se ostanuva na roditelot, za zal
ako e nekoj zainteresiran ke iznajde nacini da go motivira i stimulira nadvor od ucilisteto, no ako roditelot ne znae kako da mu pristapi na deteto i da go nasocuva toa ke se izgubi vo prosekot
a nastavnicite se najmalku vinovni bidejki i da prepoznaat i da ne prepoznaat mu doaga na isto, tie edinstveno sto mozat da ponudat se dodatni casovi a deteto za da go formalizira svoeto obrazovanie mora da posetuva i redovna nastava koja nema da mu bide predizvik i ke bide samo gubenje vreme za nego

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Напредни деца
26.6.2013 0:07:23   
masa
Za zal i jas sum vakov primeruser posted image vo osnovno sama gi resavav zadacite od dopolnitelni spisanija,no uste vo prvo-vtoro otkriv deka nema potreba da ucam doma,domasna pisuvav uste na odmorot posle casevite bez dopilnitelno da ucam i isto i odgovarav bez da ucam doma.Za zal roditelite mi bea zafateni so rabota i toa sto sekogas gi imav site petki im bese dokaz deka nemam problem so ucenje I nikogas ne me proveruvaa ili stimuliraa da ucam.Pismenite po makedonski gi pisuvav na casot koga imavme pismena bez prethodna podgotovka.I fizika I hemija mnogu sakav i ednas duri zaboraviv da otidam na uciliste vezbajki hemija.Seto toa bese samo vo osnovno koga I zaradi losite I mrzlivi nastavnici koi ne rabotea so mene prestanav da odam I na natprevari.Kaj ne rabotea so mene pa im bese tesko I dopilnitelna literatura da mi najdat.Vo sredno zavrsiv na jazicna gimnazija,kade na prirodnite nauki ne se obrnuvase vnimanie i vo 1- va gi narediv site 5-ki i do 4-ta bev na stara slava.Mozam slobodno da kazamdeka vo sredno nisto ne nauciv,edinstveno sto citav knigi.Duri I mislam deka nadarenite deca zavrsuvaat poloso od onie prosecnite zosto profesorite stavaat 5ka i zavrsuvaat so niv za toa tromesecje,ako ne i polugodie.Ova so novive reformi vo obrazovanieto,eksterno testiranje,proekti,iako neznam kako funkcionira vo praksa ovaka teoretski dobro mi zvuci.Vnukot se zali deka mnogu imaat za ucenje,no mene me raduva,ako decava se na mene da steknat navika za ucenje od mali.Jas I na fax kaj profesori dobri predavaci polozuvav ispiti samo so citanje,a kaj drugite ke padnev zosto bitni raboti ne objasnile na predavanje,pa naredna sesija so malku ucenje ke dobiev 8-9.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Напредни деца
26.6.2013 7:49:26   
Snowhite RR
Работава кај нас изгелда е како она Знаеш да возиш авион? Можеби знам, немам пробаноuser posted image
Значи ако не го насочат во различни активности, уметност, спорт, општествени или природни науки како ќе знаеме за што некое дете е талентирано?
Ако редовните професори не можат да оценат дали и за што е некое дете талентирано и надарено, тогаш нека се состави комисија која ќе ги тестира сите или оние кои професорот мисли дека вредат и да се открие талентот и потоа да се работи со тие деца во посебна паралелка со друга наставна програма

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Напредни деца
26.6.2013 8:12:35   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: masa

Za zal i jas sum vakov primeruser posted image vo osnovno sama gi resavav zadacite od dopolnitelni spisanija,no uste vo prvo-vtoro otkriv deka nema potreba da ucam doma,domasna pisuvav uste na odmorot posle casevite bez dopilnitelno da ucam i isto i odgovarav bez da ucam doma.Za zal roditelite mi bea zafateni so rabota i toa sto sekogas gi imav site petki im bese dokaz deka nemam problem so ucenje I nikogas ne me proveruvaa ili stimuliraa da ucam.Pismenite po makedonski gi pisuvav na casot koga imavme pismena bez prethodna podgotovka.I fizika I hemija mnogu sakav i ednas duri zaboraviv da otidam na uciliste vezbajki hemija.Seto toa bese samo vo osnovno koga I zaradi losite I mrzlivi nastavnici koi ne rabotea so mene prestanav da odam I na natprevari.Kaj ne rabotea so mene pa im bese tesko I dopilnitelna literatura da mi najdat.Vo sredno zavrsiv na jazicna gimnazija,kade na prirodnite nauki ne se obrnuvase vnimanie i vo 1- va gi narediv site 5-ki i do 4-ta bev na stara slava.Mozam slobodno da kazamdeka vo sredno nisto ne nauciv,edinstveno sto citav knigi.Duri I mislam deka nadarenite deca zavrsuvaat poloso od onie prosecnite zosto profesorite stavaat 5ka i zavrsuvaat so niv za toa tromesecje,ako ne i polugodie.Ova so novive reformi vo obrazovanieto,eksterno testiranje,proekti,iako neznam kako funkcionira vo praksa ovaka teoretski dobro mi zvuci.Vnukot se zali deka mnogu imaat za ucenje,no mene me raduva,ako decava se na mene da steknat navika za ucenje od mali.Jas I na fax kaj profesori dobri predavaci polozuvav ispiti samo so citanje,a kaj drugite ke padnev zosto bitni raboti ne objasnile na predavanje,pa naredna sesija so malku ucenje ke dobiev 8-9.

Ете за ова зборував. Ова се случило којзнае колку пати, и којзнае колкав потенцијал останал неискористен. Држава со кампања образованието е моќ, не би смеела да го „испушта“ потенцијалот на ваков начин.

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Напредни деца
26.6.2013 9:37:52   

Заклучок: Моли Господ да му се падне на твоето дете учител кој ќе го спознае капацитет на детето, кој е желен да работи со деца, а не онака ради реда колку да вика дека оди на работа! И нормално не малтретиран со казни и инспекции.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 41
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?