|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 1:04:36   
baby_bump
Кога ги известивте претпоставените на работа дека сте бремени и каква реакција имаше? Имавте ли проблеми, во смисол да се добие преместување на др. работно место, закана за отказ, отказ, или се си беше во ред.
Ова го прашувам од аспект дека низ приватните фирми во Мк, а бога ми и во државните, ако немате решение, на бременоста и породилното отсуство, не се гледа баш најсјајно, иако владата се бори за зголемување на наталитетот, сепак односите не се баш најхумани. Знам конфекции низ Штип во кои газдата пред да те прими на работа те условува во наредните 5 години да не раѓаш.
Јас работам во приватна фирма, странско претставништво во Мк и кога дознав дека сум бремена, веднаш му кажав на шефот, од преголема среќа а и зашто требаше да заминам на службен пат, а датата сеуште не беше извесна, па моравме да ја прецизираме малку порано, за да не влезам во поголемите месеци.
Шефот се постави доста добро со оглед на тоа што знаеше колку долго чекаме бебе, но и тој (а и јас) се плашеше од ракцијата на газдата (странец, од една од најразвиените земји во Европа), но сепак се беше во ред, придонесите платени, не бараа од мене прекувремена работа, иако имаше потреба од тоа па јас на моја одговорност останував да си ја завршам работата до крај, едноставно сите беа коректни, обучив човек за замена и заминав на породилно.
Единствено малку ме погоди коментарот од таткото на газдата, кој дојде на посета во фирмата скоро при крајот на мојата бременост, па демек на шала ми рече ај роди го ова, па после на стерилизација, може не беше злонамерно, но мене ме погоди.
Какви се вашите искуства?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 6:46:37   
mamicki
Ме насмеа Беби-Бумп... Јас кажав уште на почетокот од трет месец, кога не се познаваше, затоа што морав да му објаснам на директорот зошто одбивам да работам надор од работно време (требаше да подготвувам програма на учениците за патрон празник на училиштето о кое што работам). Реакцијата беше невоспитана! Потскокна од место со зборовите: Кој? Ти?! А јас мртва ладна: Зошто, па не сум машко, да му се невиди!!! А тој, засрамен поради реакцијата: Не, не, ама дека имаш големо дете.... (првиот син има 15 години) А јас пак во офанзива: Па што? Јас и мажот ми си го пораснавме, не ни го порасна некој друг! И конечно: Е, ајде, со среќа нека ви е...Леле, што ќе правам сега за патронатов?user posted image  

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 8:33:52   
vesna1
Jas kazav uste vtoriot mesec. Pred toa edno bebe go izgubiv zatoa sto sefot me trease da dojdam posle amniocinteza na rabota, odnosno posle bockanjeto pravo na rabota i mi pukna vodenjakot i go izgubiv bebeto.
Posle ostanav pak bremena i si rekov koj gi vrti, prokrvarev malce vo vtori mesec i go iskoristiv toa da si zemam patoloska. Gi ostaviv vo guzva no moeto bebe e najvazno. Mi se pogodi patoloskata si se odmoriv doma. No posle sleduvase nova sistematizacija, i me premestija na novo rabotno mesto. No licno mene mi e poubavo na novoto rabotno mesto.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 9:11:23   
mamamoni
јас кажав уште првиот ден и веста user posted image беше супер примена од газдите, немав никакви проблеми, до крајниот термин одев на работа, и јас си обучив човек за замена и заминав на породилно, уште три месеци се враќам на работа

_____________________________

Daughters are another version of yourself, but only better !

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 10:28:45   
skorpijana
odma bev samo eden mesec bremena super ja prifatija vesta seka sum bremena no koga doznav deka se bliznaci i kazav na koleska mi i taa koga vikna od radost ja slusnaa site site me prasuvaa vistina li vistina li odev do 8 mesec na rabota i potoa zemav odmor pa na porodilno i sute dva meseca na rabotaaaaaaaauser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

zivej go sekoj dena kako posleden

(Одговор на членот mamamoni)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 10:47:09   
heba
Mamicki i i jas rabotaam vo obrazovanie i ne kazuvav na nikoj do tocno 5 mesec ...a posle site me provalija vo eden den!! vo ponedelnikot nisto vo vtornikot pola nastavnici me prashaa so e stomakov neso nabreknat a vo cetvrtokot site deca doznaa mislam deka mi porasna stomakot za dva dena preku nokj. vo nashava zemja e navistina teshko za nas zenite...edvaj kje se vrabotis pa posle kje ti mrchat ''zashto ''kako , i porano pred site vraabotuvanja me prashuvale dali imam deca i dali sum mazena tos sigurno ne gi prashuvaat mazine na razgovor za rabota.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 10:50:20   
mimi*
Јас непланирав да кажам додека не почне да се познава. Некако незнаев како да кажам, ми доаѓаше како фалење и ми беше незгодно. Не се мислев за тоа како ќе го прифатат бидејќи кога јас разбрав дека сум бремена колешката само што беше замината на породилно и цела бременост се беше ок со нејзе и со односот на претпоставените кон неа. Арно ама бидејќи струката ми е таква еден ден ме пратија да работам во систем сала. Се симнувам јас со колегите и знам дека ќе има работа таму повеќе дена, а јас некаде во 2 месец. Во систем салата сервери, кабли ормари со електронски уреди, два еркодишна кои држат константна температура 19 степени. Прво викам ајде ладно па си ја земав јакната а таму со јакна неможеш да се свртиш. Клекни стани пред позади ормарите приклучи исклучи кабли келкни стани цело време. Кога еден колега вика леле овде да измерат којзнае колкаво зрачење има. Јас останав со подотворена уста. Не ми текна во ниеден момент дека има зрачење. Се плашев од ладното од клекни станиод прашината ама на зрачење не помислив. Одма закажав кај одговорниот во институцијата и влегувам и му викам. Вака и вака, јас сум бремена 2 месец а долу е ладно прашњаво тесно цело време клекни стани. Он кога се насмеа, вика па што не ми кажа одма од сабајле. Аааа како ти долу па не седи на биро и кажи на колегите дека сум ти дал друга работа. Му викам јас несакав да кажувам ама морав, он вика не се секирај на никого не кажувам. Од тогаш се беше во ред и кога ќе ме види во ходник ми вика како си одиш ли на прегледи  кажи ако треба нешто. Ептен ме расположи што видов дека позитивно е расположен. Другите колеги незнаеа барем не додека не почна да ми се познава. Шефот ме праќаше повеќе пати наваму натамуајд еова она јас си одам и си ќутам. кога почна да ми се познава и да ме прашуваат колегите разбрал и тој и вика леле и ти ништо не рече ќутенката се си работиш. А човекот беше сочуствителен бидејќи женаму само што се имаше породено.
И ајде да не ги фалам многу има уште мнгу до крај user posted image кој ги знае какви ќе станат.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 11:37:08   
zapce
Јас кога дознав дека сум бремена и кога ми потврди гинекологгот малку се мислев дали да кажам или не, приватна фирма како ке реагираат, работата ми беже да средувам роба по маркетеите да дополнувам , подредувам, и еднаш собрав храброст и му се јавив на шефот, седиштето на фирмата е во Скопје и му кажав, значи немаше никакви проблеми, значи беше ептен ладен некако, ми честита му кажав дека ке се трудам да ги извршувам работите како што треба, дека ке работам колку можам и дека кога треба да отидам на породилно ке обушам некој друг како да го прави тоа. и си работев до седми месец, па дури и вработените во маркетите му викаа на сопругот ајде до кога ке работи женати. А пред да влезам во осми ми излезе шанса да се вработам како наставник и немаше никаков проблем трудна осми месец почнав нова работа, но на договор со гаранции дека ке ми го продолжуваат договорот, и после само еден месец ми кажаа дека не ми го продолжуваат договорот, и така кога влегов во деветти месец јас останав дома без работа и без можност да земам породилно

(Одговор на членот mimi*)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 11:57:20   
AnnaMolly RR
Јас на работа прокрварев 5 дена откако го направив тестот и морав да кажам за да ме пуштат да одам на лекар.
Тогаш уште не бев пријавена, а работам во приватна фирма.
И следниот ден газдите ми викаат: Ирина, што ќе правиме сега со тебе?
Јас од памет се извадив, мислев ќе летам. Ама тие ми предложија што поскоро да ме пријават за да имам право на породилно и излегоа мнооогу фер спрема мене. Ете сега си се вратив на работата, која ја обожавам.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 12:11:42   
podarok
Edna koleska znaese sto se vika od prviot somnez, pred da napravam test i koga toj bese pozitiven taa na site im pobara mustulok i im kaza. Bese super site bea srekni . Nekoj ke rece deka rabotam vo drzavna firma pa porelaksirano e no mislam toa sto sme zaedno skoro 18 god  e presudno, se raduvame i taguvame zaedno skoro kako familija sme. E za pretpostavenite tie i taka se menuvaat so sekoja vlada a inaku me zaboravija i nikako da mi ja unovcat diplomata, ova so porodilnovo dobro i im dojde.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 12:14:35   
Maca25
Кога кажав дека сум бремна, ми рекоа дека повеќе не одговорам за работното место. Јас и така планирав да дадам отказ. А не бев ни пријавена. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот podarok)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 13:07:17   
Lokica1
Koga doznav deka sum bremena kazav samo na 1kolega, pretpostavenite neznaeja, rabotam vo privatna firma, i koga veke pocna da mi se poznava i nemase potreba od dopolnitelno zborenje, interesno bese samo koga direktorot me prasa kako napreduvam jas mu velam uste malku vleguvam vo 6-ti toj ke padnese od stolot vika lelele brgu da raspiseme oglas da barame zamena, user posted image toj si mislel deka sum 3-4 posto imav malo stomace i ne izgledav kako za 6-ti.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 13:55:53   
Lidina
Bidejki sum hemiski inzener vo fabrika morase da kazam smesta! Ne daj boze pa mene na rabota me demnat opasnosti od prasina, od hemikalii, od zracenje. Me sednaa vednas vo kancelarija i nema mrdanjeuser posted image  Inace se e  regulirano i sega za sega ok se ponasaat so mene.user posted image

(Одговор на членот Lokica1)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 14:18:02   
mimi*
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Кога кажав дека сум бремна, ми рекоа дека повеќе не одговорам за работното место. Јас и така планирав да дадам отказ. А не бев ни пријавена. 


ЦЦЦ па прави ли нормален човек таква работа. Тоа го прават само луѓе со искривени морални вредности. Хм денешни газди user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 14:34:44   
Pepelaska *
Јас бев на работа кога закажав преглед и морав да кажам на двајцата колеги каде одам, user posted image  после радосна одма им кажав ама само тие знаеја, по некое време разбраа сите пошто имаше кревање, тегнење , прашина, клима и сл, е сега газдите се од Ск и не им кажав , дојде еднаш едниот на состанок и сам праша што има ново, што правиме сега, кога ќе одиш на породилно, фер беа со се , само што јас морав да заминам уште од 4 месец на боловање е сега што книговодителот се зеза со документите и уште немам пари тоа  е друго, а инаку не сакам да се вратам ја мразам таа работаuser posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот mimi*)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 18:15:02   
blond
Јас одма кажав на еден колега кој ми е многу близок, како татко ми е. Иако само две цртички имав, ниту потврда од гинеколог ниту ништо.
Откако потврдија дека сум бремена, кажав на поблиските (вујко, чичко).
Но, мојата професија е малце специфична, опасна по живот, па кога ми ја потврдија бременоста, веднаш кажавна претпоставениот што ми е (за да избегнам теренска работа). И од тука сите муабети се раширија, видоа колегите дека постојано седам во канцеларија и им стана јасно user posted image . А плус по една недела откако потврдија дека има бременост, бев прокрварила по втор пат (а бев на работа), па одма си заминав од работа.Потоа се вратив уште 2-3 дена, па зедов боледување од матичниот, па потоа и комисиско.
И така муабетот се рашири user posted image од колега на колега. И кога решив дека дојде време да кажам на главниот на цела служба (ај да го наречам директор) тој само ми кажа: ееееее јас знам, жена ми ми кажа (а со жена му јас не се ни познавам).

Туку да не забегувам многу со пишување, зборот ми беше дека уште немаше ни срцева реакција, а сите знаеја за мојата бременост.
А на работа сакам да се вратам, баш добро ми минуваше времето таму (особено последните неколку работни дена), само си седев во канцеларија и речиси ништо не работев, само некоја евиденција.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 20:38:04   
bombica
Uste prviot den mu kazav na sefot i izlegoa mnogu bezobrazni, trebase da me osiguraat toj mesec i ne me osiguraa.Ama ako nema veza sekako ne mi se svigase rabotata . Jas izlegov fer a mozev da ne ima kazam da cekam da me osiguraat.E sega ne primaat nov vraboten se nadevaat deka ke se vratam jas ama izgleda samo nadezta ke im ostaneuser posted image

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
8.4.2011 20:45:21   
mama26
user posted image user posted image eh ova e druga prikazna,jas i mm rabotevme na slucaj ama ne se osekav za bremena [ nikakvi znaci nemav] ...i na rabota koleska mi vika da ne si bremena? postara bese od mene me poznala po liceto user posted image
se iznasmeav i sl nedela na lekar navistina bremena ispadnav..opasna koleskauser posted image


_____________________________

СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.

(Одговор на членот bombica)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
9.4.2011 9:03:42   
darfil
Немаше потреба да кажам,уште првите денови ми беше "подуен" стомакот.Беше очигледно user posted image

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
10.4.2011 17:56:22   
Snowhite RR
Јас не кажував почетокот ми беше незгодно, затоа што само по еден месец откако се вработив забременив, ама потоа поминуваше времето, мене првиот договор ми беше на 4 месеци, морав некако да му кажам на директорот за да ми го продолжи за да имам право на породилно, арно ама не знаев како да му кажам, прво ми беше срам, второ тој многу, многу не се врткаше в канцеларија, а кога ќе дојдеше што побрзо да му кажам, дали битни работи во врска со работата, дали за бременоста. Интересно беше, тоа што прво и кажав само на една колешка, а чистачката не знам како, ама ме сети сама и еден ден, чистеше нешто кај нас в канцеларија и нешто за јадења зборувавме и таа ми вели „да не ти остани во мисла“, јас се изненадив од каде сега ова, се погледнавме само со колешката и таа се изненади. До ден денес не сум ја прашала како ме сети. Како и да е, на тој начин најверојатно се раширила веста и директорот еден ден дојде и ми вели, абе како да те прашам сега, срам не срам, ти бремена си, така зборуваат жениве?user posted image Јас, да, му викам И така, потоа ми рече распрашај се, се што треба, како е најдобро за да земаш породилно, така ќе направиме, фер беше. А пред тоа, јас и кажав и на другата колешка, таа се изненади, па уште кога и реков дека веќе сум 4 месеци, зашто стомакот ич не ми се познаваше, а после разговорот со директорот, правевме попис во ресторан и куварката од нигде никаде, што се вели, ми вика, бремена си? те познав по очите. Ме познала по очите, како не, сигурна сум дека знаеше од пред тоаuser posted image
А директорот не ја пропушти шансата да ме пецни као ете се вработи и одма забремениuser posted image

< Поракaта ја уредил Snowhite -- 10.4.2011 17:59:19 >


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот darfil)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
10.4.2011 22:08:45   
Тања РР
Двете цртки ги видов во понеделник а прокрварев во сабота. Во неделата бев дежурна и една колешка случајно помина да ме види. Јас таква никаква, нерасположена со солзи о очи и кажувам дека денес од стол не ми се станува и таа се сети. „Да не има нешто ново“? -рече, и јас морав да и признаам. Утредента кога дојдов на работа (бев 2 смена) директорката веќе знаешеuser posted image

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
11.4.2011 8:45:26   
anedespo
I za dvete deca kazuvav posle 3-tiot mesec. Ete za posigurno. Ljubomorni ispadi kako i sekade i tuka imase. Iako ostanav bremeno posle edna godina od vrabotuvanje, imase komentari eve samo sto se vraboti a bremena. A za vtoroto iako mi se 3 godini razlika, komentarite bea: eve ja pak e trudna.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
11.4.2011 12:57:28   
baby_bump
А директорот не ја пропушти шансата да ме пецни као ете се вработи и одма забремени


Jas vo ovaa firma rabotam veke 4 godini i pak ne izostanaa komentarite od ovoj tip, no od kolegite, ne od sefot.
Stvarno ne mi e jasno do KOGA i zosto na sekoja zena ke i se komentira ova?
I pokraj emancipacijata i navodno razvojot na opstestvoto i svesta na lugeto, sepak uste postojat vakvi komentari, koga sekoja zena pokraj rabotnik e i zena cija funkcija megu drugite e i reprodukcijata.
Ednostavno rabotava e kalimero nema pravda, poveke ke rabotis od maskite kolegi, pomalku plata ke dobivas, a sekogas nekoj ke te potceni, kako nivnite zeni da ne gi rodile decata tuku gi donel strkot.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
11.4.2011 13:11:17   
blond
Пфффф, јас точно 10 месеци како работев, па никој ништо не спомна за тоа дека само сум чекала да се вработам и да останам бремена (добро можеби е подруго бидејќи моево е државно).

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени?
11.4.2011 13:25:56   
anedespo
A sto e najzalno, komentarite doagjaa od zeni!!!

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

kolicka
kaja123

Ve molam pomognete. Dali nekoj od vas koristel NEONATO knlicka i kako ste zadovolni? Ve molam za komentar.

da (33%)

ne (67%)


Број на сите гласови: 46

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!