RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Snowhite RR -> RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (11.4.2011 18:18:10)

Епа јас веднаш контра на директорот, дека јас ако беше работата да работам за да имам деца, до сега требаше да има 10 деца, зашто јас и додека учев, работев, откако знам за мене, работам




Lidina -> RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (13.4.2011 10:12:45)

I kaj mene go imase istiot komentar jas zabremeniv posle 8 meseci otkako se vrabotiv. I toa komentar od kolega koj samo sto go stavija pretpostaven. Se plasi da ne propadne firmava ako otideme zenive na porodilno( 4 zeni sme vo oddelot) Samo mu rekov da ne se pritresuva tolku ionaka porodilnoto mi go plaka drzavata, a za zamena, nie bevme primeni tim so 1 covek visok za ako nekoj ide na bolovanje ili e otsuten od bilo koja pricina da ima koj da go smeni.
Vaka li ke go zgolemime natalitetot vo drzavata? ako si zena posle 25 godisna vozrast ne mozes rabota da najdes zatoa sto prvo sto te prasuvaat na intervju e dali si mazena ili dali i kolku deca imas. Cista diskriminacija! Toa e moja privatna rabota i nema sto nekomu da mu se pravdam zosto i dali trebalo da ostanam trudna! I voopsto ne treba da se diskutira toa na intervju ili na rabota!!




vezilka RR -> RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (8.7.2013 12:09:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ

Ne najdov vakva tema, a ako ima ve molam nasocete me.
Se mislam koga da kazam na rabota za bremenosta. So prvata bremenost kazav vednas stom mi potvrdi lekar. Ne cekav voopsto bidejki smetav deka poradi rabotnoto mesto treba da znaat. Sega sum vo druga firma, pogolema, so vistinski HR tim i se mislam koga da kazam...dali na kolegite, dali na HR za da imaat vo predvid...navistina sum zbuneta
Bi sakala da gi slusnam vasite iskustva.





vezilka RR -> RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (3.10.2013 14:38:14)

За првиот пат сите знаеа уште пред да го направам тестот оти создавањето на таа бременост траеше цела година предходно со милјарда излегувања од работа заради прегледи и слично. И дента пред да биде тестот им кажав утре правам тест.Така да ме чекаа со прашалници сабајлето. Исто и овој пат, дента пред да го направам тестот, им викам јас денс купив тест уре ќе го правам. Овој пат малку беа зачудени оти нели не беше проследено со милјарда прегледи, ама позитивно изненадени. Дури една колешка која беше во страшна недоумица и самата да не е бремена, ми вика, лелееее сега во моментот го имаш?, давај ваму, на пауза ќе ти купам друг, хехехех. И двете среќни излеговме на крај, таа со негативен, јас со позитивен.




snowbool -> RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (12.10.2013 17:05:07)

Rabotam vo firma kade gazdaricata e majka na mnogudetno semejstvo pa sepak se plasev kako ke go prifati toa. Na pocetok ne kazuvav a imav i problemi i primav Utrogestan 200mg. Prethodno so mnogu problemi i pregledi na Gak znaese kolku sakav da imam [sm=duda.gif]. I taka se nablizuvaa letni odmori i raspredelba na lugeto kako ke rabotat i gledam deka se zgusnuva situacija, a nikoj nema pretstava jas sto pominuvam. I taka sobrav hrabrost i kazav deka mozebi i na patoloska ke odam i , imalo Gospod mi izlegoa vo presret i me razbraa maksimalno...[sm=bravo.gif][sm=smiley1.gif]




MMM27 -> RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (19.5.2014 9:50:29)

Девојки, Ве молам за ваше мислење. Ова ми е втора бременост и сега сум 12та недела и веќе ми се познава стомакот. На работа немам храброст се уште да кажам затоа што колешките немаат деца, имам и нови раководни лица од пред еден месец. Со претходната бременост не поминав баш добро, ме избркаа од работа од кога направи синот една година.[sm=smiley19.gif] Некако сум под стрес цело време, знам дека морам да кажам, треба да одам и на прегледи во работни денови и слично. Некако ми е глупаво во нашата држава, колегите гледаат на породилното како да е 9 месеци на одмор, таков впечаток имам од нивните коментари.




sandriana RR -> RE: Кога кажавте на работа дека сте бремени? (19.5.2014 11:53:56)

МММ27, нема веќе ни како да криеш, и да сакаш. Освен тоа, бременоста/мајчинството е право на секоја жена. Тоа што си во малку поинаква атмосфера на работа, не ти го скратува ова право. Што поскоро седни си со претпоставените/одговорните и соопшти, а воедно и договорете се за деталите околу твоите обврски кон работата, но и твоите права.
И јас работа во многу специфична фирма, но за 2рава бременоста му кажав на газдата уште веднаш кога го видов позитивниот тест, пред да појдам на лекар, за да имаме фора да се организираме и договориме.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]