Хипоспадија (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Семејно здравје



Порака


vezilka RR -> Хипоспадија (16.4.2011 19:07:31)

Хипоспадијата е вроден дефект на пенисот кој најчесто ги има следните четири карактеристики:
• Отворот на уретрата, наместо на врвот, е лоциран на долната страна на пенисот и може да излегува било каде вдолж каналот, сé до скротумот.
• Отворот на уретрата е обично потесен од нормално.
• Целата покровна кожичка може да се наоѓа стуткана на горната страна на пенисот.
• Самиот пенис може да е искривен кон една страна.
Хипоспадијата е една од најчестите вродени аномалии. Според некои статистики се сретнува во однос 1:300.
Најчесто се дијагностицира на раѓање, но ако е од полесен степен може и подоцна.

Кои се причините за хипоспадија?

Причините за хипоспадијата не се познати. Изгледа дека постои генетска поврзаност, бидејќи машко дете, родено во фамилија со позитивна фамилијарна историја за хипоспадија има нешто поголема шанса да се роди со таа аномалија.

Како се лекува хипоспадијата?

Хипоспадија се лекува со хируршки зафат, најчесто на возраст меѓу 6-18 месеци. Целта на хируршкиот зафат е да се репозиционира отворот на уретрата на врвот на пенисот, да се отстрани абнормалната покровна кожичка (што му дава изглед на пенисот како да е обрежан), и да се корегира искривеноста на пенисот, ако е присутна, со што се обезбедува нормална сексуална функција во адултниот живот.
Репозиционирањето на отворот на уретрата е релативно некомплициран зафат, ако постои канал низ главата на пенисот. Ако уретрата излегува повисоко, може да има потреба да се направи графт, за што се користи покровната кожичка.
Затоа е важно да не се прави обрежување пред да се реши хипоспадијата, во случај да има потреба од покровната кожичка.




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (16.4.2011 19:12:51)

На Никола минатата недела му ја констатираа оваа состојба. Неделава бевме на специјалист, детски хирург, и ни препорача да чекаме да наполни 9 месеци, за да интервенираме. Ме интересира али некој знае нешто за ова, а уште повеќе ми треба препорака за добар детски хирург..сакам второ мислење.




mamamoni -> RE: Хипоспадија (16.4.2011 20:42:40)

незнам дали станува збор за истото, на синчето од мојата колешка му правеа интервенција минатата година, и беа во Белград кај некој доктор, сеуште сум на породилно но ќе се потрудам да дознаам нешто повеќе за тоа




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (27.12.2011 13:42:20)

Не сум пишала што се сличи со нашата хипоспадија. Операцијата ја направивме во октомври. Добро помина, резултатите од зафатот се одлични според докторот. Ама целиот процес за мене беше прилично трауматичен. Детето беше врзано за креветчето 24 часа ( морам да напоменам дека не мораше толку часа да биде врзан, имаше недоразбирање меѓу сестрата и докторот) и се одра од плачење. Не смееа да му датат појако средство за смирување бидејќи беше мал..тие се давеле од одредена возраст. И јас се скапав од плачење заедно со него оти никако не можев да му помогнам. Никогаш нема да го заборавам тој тажен поглед во неговите очиња. Викаат мали деца брзо забораават, ама јас не мислам така. Од тогаш почна да ми се буди ноќе на 40 минутки и вришти на бел мантил. Целиот процез изискуваше и 5-6 контроли кои исто така се прилично трауматични. Го носиме детето во амбуланта и таму механички, на живо му ја пробиваат кожичката на уретата со некој инструмент и во таа положба треба да го држиме 10тина минутки. Тој за цело време плаче, урла а при тоа треба ЈАС а не некоја сестра, да му ги држам рацете и нозете да не измрда нешто. Се тешам со тоа дека опрацијата е успешна и дека се добро зараснува. Утре сме на контрола повторно..се надевам последна, па потоа сакам повторно да појдам на второ мислење да видиме што сме направиле.




AnnaMolly RR -> RE: Хипоспадија (27.12.2011 14:06:13)

Везилка, со мене во соба имаше жена што по втор пат гооперираа детето од хипоспадија. Исто и тоа дете како Никола, 24 часа врзано за креветче, пишти плаче, а мајката не може да го крене во раце.
За разлика од првата операција на Филип, сега за вторава не сум задоволна од сестрите, ич не им се работеше. Требаше точно 40 минути да ги бркам по ходници и да ги молам температура да му измерат, а откако таа ми се развика во ходник и конечно му измери температура, излезе дека му е покачена.

Знам колку е трауматично да си го гледаш детето во таква состојба, нема нешто потешко од тоа.
Се надевам дека ќе биде се во ред на контролата и дека ќе ви се тргне таа мака од глава.

п.с. (малку офтопик, сори), ама ќе ти се јавам вечер да дојдеш на кафе, одам во старо маало!




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (27.12.2011 15:14:02)

Да и јас го имам истото мислење за сестрите..веројатно какви ќе се погодат на смена. И нив ги има од различни карактери како и нас, поработливи, помрзливи..хе,хе,проблемот е што нема кој да ги контролира тие помрзливите. Кога бевме на една од контролите, кога требаше да го започне докторот прегледот, во моментот во ординацијата немаше ниту една сестра, ниту некој од тие помладите докторчиња што му асистираат, а немаше нити материјал за работа..Кога се налути докторот, кога почна да вика по сите, ама да вика да се дере, а дертево ми лежи таму на креветот цело исплашено од викањето, а на па од прегледот. Се на се..стандард шема како по начиве болници..тажно!

Важи..ќе се чуеме, комшике[sm=smiley36.gif]




jnastova -> RE: Хипоспадија (6.3.2012 16:00:05)

Здраво рингерајки

Моето дете има две години и е родено со хипоспадија. Прв пат го однесов на специјалист кај д-р Мишовска на детска хирургија кога имаше 8 месеци. Тогаш ми рече докторката да дојдиме после 18 месеци. Се уште не сме отишле на втората контрола ама мислам дека ќе ни препорача да го оперираме следниот пат кога ке одиме. Затоа ме интересираат искуства околу самата операција.
Гледам дека вие Vezilka веќе сте поминале низ операцијата. Во државна болница ја правевте? И кај кој доктор? Колку дена лежевте и какви се условите таму и односот на докторите?
Ќе ти бидам многу благодарна ако можеш да ги споделиш овие информации.
Поздрав




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (7.3.2012 11:27:14)

Неи операцијата ја правевме кај др. Миле Петровски на детска хирургија во државна.Од стучноста на докторот сум задоволна, кај него отидовме по препорака од матичниот. Од односот не сум задоволна, докторит е малку така, неразговорлив, не објаснива многу, многу, па јас се што знам за состојбава е од читање на нет. Детска хирургија е прилично средена во однос на опременост и хигиена, а што се однесува на односот на персоналот, се знае како е кај нас по државниве клиники, има некои од сестрите фини, занчи зависи како ќе ти се погодат [sm=zmeden.gif] Ние имавме мал зафат оти имавме лесен степен на хипоспадија, односно дупчето требаше да се помести само милиметар и не требаше да се отвара нов канал. Но бидејќи дупчето беше високо, ни направија и графт, односно ни искористија дел од кожичката и сега сме обрежани.Останавме 2-3 дена. После операцијата одевме 6-7 патина контроли, прво секоја недела, па два пати во месец, па едаш месечно и сега ни закажа за 4 месеци. На секоја контрола му ја пробива кожичката на уретата за да не зарасне и контролира како оди заздравувањето. Долколку имаш уште некое прашање слободно прашај. Поздрав и со среќа на прегледот [sm=smiley31.gif]




jnastova -> RE: Хипоспадија (7.3.2012 11:51:59)

Ти благодарам за одговорот.
И јас повеќе знам од читање за сосотјбава бидејќии д-р Мишовска не ми објасни многу - само дека не е ни тежок ни лесен вид на хипоспадија и дека операцијата е комплицирана и доста се лежи после тоа. Кај нас отворот е најдолу на главичката на пенисот.
Јас сум повеќе исплашена како ќе се одвива заздравувањето, оти како и сите деца и моето е многу живо и не застанува. А мислам дека е клучно да мирува после операцијата. Како се справивте вие со тоа? И откако ве пуштија дома дали имаше некоја посебна нега и дали примаше лекарства?
Поздрав




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (7.3.2012 14:17:39)

Првите 24 часа беше врзан за креветот за да не може да мрда, мислам дека тоа ми беше најтешко да го гледам. Кога не пуштија не ни кажаа некои посебни инструкции, да мирува и слично, така да ние немавме таков режим. Никола си правеше се уште одма кога си дојдовме, нормално си се движеше, си лазеше, оти тогаш уште не одеше. Само првите неколку дена го болеше кога мочкаше. Од терапија имавме една маст, за евентуални инфекции и ни препорача два пати во денот да го бришеме со газичка натопена во камилица. Еве и после 5 месеци јас тоа го практикувам.




jnastova -> RE: Хипоспадија (7.3.2012 14:57:25)

24 саати... Не знам тоа како ќе го издржиме, се надевам дека се поспани од операцијата и не им се мрда многу. Може оти Марјан е над 2 години ќе може да прима нешто за смирување макар што тоа исто е штетно ко ќе видиш.
[sm=smiley19.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Хипоспадија (23.8.2012 14:38:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bebulino

Hipospadija kaj bebe, moeto bebence ima hipospadija i na 1 god. treba da odime na kontrola kaj
higurgot d-r Cadikovski.
Dali nekoj drug ima slicno iskustvo.

pozdrav






vezilka RR -> RE: Хипоспадија (24.8.2012 13:06:15)

Bebulino ние го пројдовме тоа. Лани во октомври ја направивме опрацијата, сега во јуни, бевме на последната контрола, и фала богу се е во совршен ред и завршивме со тоа. Ако ти треба било каков совет или имаш било какво прашање, повели пиши. Поздрав и со среќа.




bebulino -> RE: Хипоспадија (30.8.2012 11:39:23)

Ti blagodaram na podrskata Vezilka RR, samo sto gi procitav vasite iskustva so
postoperativnata nega na decata i iskreno strav me fakja, bidejkji dete kako
dete ne znae za miruvanje, a da si vrzan 24 h za krevet ne e prijatno za vozrasen pa
kamoli za dete-bebe.
Bas mi e milo sto kaj vas operacijata e uspesna i se e vo red,
pozdrav do tebe [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]





jnastova -> RE: Хипоспадија (16.10.2012 15:34:08)

Еве го и нашето искуство со операцијата.
После неколку одлагања, што ради одмори, што ради жешко, конечно на крај на септември не примија на операција. Од самиот почеток бевме кај д-р Мишовска, таа ни ги правеше прегледите и таа ја направи операцијата. Нашиот случај беше коронална хипоспадија.
Редот на детска хирургија е најмалите да бидат први оперирани и бидејќи моето беше најмало го земаа веднаш по визитата кај 9h. Завршија прилично брзо, за околу саат и пол веќе бевме во соба. Е сега не знам какви методи користеле до лани но кај нас(и кај другите што беа таму) користен беше snodgrass методот и децата лежат 6 или 7 дена врзани за кревет. Не сакам да ги исплашам мајките кои ќе одат на оваа операција ама подобро е да знаат. Јас очекував да бидеме врзани 24 саати, како што било кај Везилка ама ете лежевме една недела. Искрено јас се изненадив од моето дете, а исто го викаа и другите мајки. Деца што не застануваат дома ни 5мин таму лежеа мирни и не се бунеа. Ама стравот си го прави своето.
На 7миот ден ни го извадија катетарот, не почекаа да се измочкаме и не пуштија дома. Отокот спадна по 2-3 дена и одтогаш си стои исто. Се миеме со камилица и раствор од борна киселина а се мачкаме со гарамицин.
Досега сме биле на една контрола и беше се уредно, само бужирањето(протнувањето на метално цевче во отворот) пак го исплаши детето и 2-3 дена не сакаше да мочка.
Сега си седиме дома и не одиме во градинка, дури не помине еден месец од операцијата и се надеваме дека кога конечно ќе спадне отокот се ќе биде во ред и ќе заборавиме на се [sm=smiley1.gif]
Слободно прашувајте што ве интересира.
Поздрав




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (16.10.2012 15:46:07)

jnastova [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] за вас и мило ми е што сте добро. Иначе истиот метод се користеше и тогаш само ние бевме врзани за кревет 24 часа бидејќи кај нас зафатот беше минимален односно дупчето требаше да се помести само еден милиметар и не требаше да се буши мочниот канал. Инаку тие контролите навистина се незгодни и мене не ми се допаѓаа условите во кои се изведуваа, детето ти седи таму 10тина минути бужирано и вреска, а други чекаат пред врата да влезат и плус требаше сама да го држам за сето тоа време да не се измрда. Вакви контроли направивме 10тина пати, ама последните 3-4 пати немаше бужирање, туку самопреглед што се вели од „окативен“ метод

Уште еднаш мило ми е што сте добро и гушки и бацки до малото [sm=smiley1.gif]




makedonka1 -> RE: Хипоспадија (9.3.2013 10:21:03)

Драги мајки,

И ние го имаме истиот проблем-хипоспадија, само што не знам кој вид е, а и докторот на Детска хирургија многу не ни објасни, па сама морав да читам по интернет за таа аномалија и да дознаам нешто повеќе. Моето синче има 2 години и 1 месец и е родено со хипосападија, но за жал разбравме дури на 1,5 година кога не прегледа детски хирург-уролог во Скопје. И на нас ни кажа дека ќе морама да правиме операција, еве сега некогаш пролетта треба да договориме термин, меѓутоа јас сум ептен испаничена од тоа што го читам кај вас како искуство. Ние одевме на прегледи кај Д-р Симеонов, меѓутоа од досегашните коментари, можев да видам дека вие сте биле кај други доктори за операција. Не знам дали докторите се со успешни операции кај нас, еве прочитав некој имаше напишано за мајка кој по втор пат го носи детето на операција. Разбрав за некој доктор во Белград, кој работи и прави операции во приватна клиника Бел Медико, се вика Д-р Радош Џиновиќ, и кој има доста успешни оперативни зафати зад себе со хипоспадија. Таму ги изедуваат операциите о еден зафат, со тоа што го средуваат и естетскиот дел (доколку има потреба). Па сакав да ве прашам дали некој има искуство со тој доктор, кој инаку бил десна рака на покојниот Д-р Сава Перович, познат светски уролог - хирург од Белград. Ме интересира, бидејќи од тоа што го читав на интернет, разбрав дека децата постоперативно многу полесно, без трауми поминуваат со тоа што ги испишуваат од болница уште наредниот ден, носат катетар (не анонимен, туку изваден директно од мочниот меур) 10тина дена, не се врзани за кревет, како што е случај кај нас, и што е најбитно, имаат доста успешни оперативни зафати зад себе.

Ќе ве молам доколку некоја од вас има искуство со Белград, да го сподели со мене. Бебулино, ќе те молам доколку си се уште на форумот и ја направивте и вие операцијата, да ми кажете кај кој докотор го опериравте детето и како сте задоволни.




bebulino -> RE: Хипоспадија (9.4.2013 12:36:13)

Zdravo Makedonka1,

Nie ja pominavme operacijata kaj Dr. Cadikovski i zasega sme zadovolni, i nie bevme vrzani 7 dena za krevet ama se pomina ok, moeto since toa hrabro go izdrza moram da go pofalam  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] zatoa sto jas bev isplasena kako kje bide i kako kje izdrzime vrzan, no i toa pomina.
Zadovolni sme od odnosot na doktorot , a za uspehot od operacijata treba vreme zasega sme dobri no sepak zazdravuvanjeto e proces koj seuste trae.
A koga prebaruvav na net i jas go najdov dokotorot od Belgrad i citav deka sega vekje e pokoen covekot no negoviot tim koj e specijaliziran za ovoj problem i deka bez ogled za kakov tip hipospadija se raboti operaciite koi gi pravat se uspesni i imaat mnogu zadovolni pacienti, citav po forumi [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].

Pozdrav




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (9.4.2013 13:47:10)

makedonka 1 најпрво би сакала да ти посакам добредојде на форумот и се надевам дека убаво ќе се дружме.

Во однос на процедурата со хипоспадијата би сакала да кажам дека две операции се прават во зависност од тоа кој вид на хипоспадија е дијагностициран. Значи втора операција не секогаш значи и неуспешна опрација, туку за некои видовови на хипоспадија во Мк. процедурата име да ја направат опрацијата во два зафати. Инаку јас повторно ќе каѓам по не знам кој пат, јас сум задоволна од стручноста и спремноста на тимот во детска хирургија, само некако процесот а заздравувањеи е проблематичен и трауматичен. Ете ние кога правевме операција не ја знаев можноста за оприрање во Белград и за тамошната процедура на заздравување. Да ја знаев, можеби ќе се решев таму да ја праиме.

Како и да е ти посакувам со лесно да си поминете и што побрзо да се опоравите.




makedonka1 -> RE: Хипоспадија (17.4.2013 0:13:18)

Bebulino и Vezilka RR ви благодарам на одговорот.
Ние се уште ја немаме направено операцијата, бевме на уште еден преглед кај Д-р Чадиковски, за второ мислење, поминавме поубаво, повеќе ни објасни и поразговаравме подолго, значи се работи за некој умерен степен на хипоспадија, дупчето за мокрење се наоѓа веднаш под главичката на пенисот. Е сега сум во забуна, бидејќи при првиот преглед ни беше кажано дека за операцијата ќе биде потребно да го мачкаме детето со Андрактим гел, цел еден месец пред операција, а д-р Чадиковски кажа дека според него нема да има потреба од мачкање со тој крем, бидејќи си имало како што кажа тој "доволно материјал за работа". Таа крема е инаку хормонска крема на база на тестостерон, и ја нема во МК, ние ја порачавме од Белград. Се мачка за да се зголеми пенисот пред операција, и да може полесно да се изведе операцијата. Бидејќи кремата е хормонска може да направи и несакани реакции сигурно, да предизвика предвремен пубертет со никнување на влакна, задебелување на гласот кај детето и др[sm=smiley13.gif] Не сакам ни да мислам што може да се случи. Нека ми пише некоја од вас ако имала искуство со тој крем.
Во меѓувреме стапив во контакт и со д-рот во Белград, Радош Џиновиќ, па решив да го однесам детето и до тамо да видам што ќе ми кажат. Сега за месец дена како и да е, треба да одиме и во Белград, да направиме и таму еден преглед па ќе се одлучиме каде за операција. Знам дека времето брзо минува и сакам што побрзо да го завршиме и ние тоа, ама се решивме да одиме и во Белград.
Везилка, напиши ми ако сакаш кој беше вашиот доктор што ве оперира, иако прочитав дека кај вас било лесен степен на хипоспадија, не е како нашиот случај-фала му на Бога што и кај нас сепак не е од најтешките[sm=smiley1.gif]




makedonka1 -> RE: Хипоспадија (17.4.2013 0:35:57)

Vezilka RR само што го најдов одговорот на моето прашање погоре, во ред е, прочитав кај кој доктор сте ја направиле операцијата[sm=smiley1.gif]

Bebulino, на вас ви посакувам брзо закрепнување и заздравување после операцијата[sm=smiley20.gif] Сигурна сум дека се ќе биде во ред [sm=smiley1.gif]

Ќе ве информирам кога ќе имам нешто ново во врска со нашио случај.

Поздрав




makedonka1 -> RE: Хипоспадија (29.6.2013 1:48:56)

Dragi majki,

Eve me mene povtrono so nasata hipospadija. Bevme vo Belgrad, i zasega sum najzadovolna od toa sto mi bese kazano od D-r Djinovic. Mi ja kaza tocnata dijagonoza, znaci kaj nas se raboti za koronalna hipospadija, i rece deka ne e neophodna operacija, nemame nikakvo funkcionalno poremetuvnje. Deteto i koga ke porasne ke moze normalno da mokri i da gi obavuva site drugi potrebi normalno kako i sekoj drug. Megutoa ni napomna na psiholoskiot kompleks koj moze da se javi kaj nego za vreme na pubertetot i da napravi problem. Jas dolgo razmisluvav i citav povtorno okolu ovaa anomalija, citav za razlicni iskustva, no sepak vo konsultacija so mojot soprug, bas poradi toj kompleks sto ne daj Boze moze da se javi kaj deteto koga ke porasne, se odlucivme za operacija. Jas iskreno se nadevam deka ja donesovme pravilnata odluka i deka nema da zgresime.

Kaj nas, hipospadijata e propratena i so uste edna druga anomalija, za sto d-rot vo Belgrad ni kaza deka se toa tie go resavaat vo edenoperativen zafat, vklucuvajki go i obrezuvanjeto. Rekonstrukcija na kozickata toj ne preporacuva kaj pacienti so hipospadija, smeta deka e podobro posle rekonstrukcijata na uretrata, kozickata da se obreze. Znam deka kaj nas ja ostavaat kozickata ako ne daj Boze ima potreba za vtora operacija, no vo BG kaj toj doktor znaci toa ne e praksa. D-rot izgledase dosta smireno i samouvereno i dobiv vpecatok deka resavanjeto na hipospadijata na niv tamu im e samo edna najobicna rutinska operacija. Dodeka nie cekavme vo holot vo klinikata za pregled vidovme luge dojdeni od razlicni zemji: imase Arapi, pacienti od Rusija, Koreja, Avganistan, Ukraina.

Pregledot ne cinese okolu 55-56 evra, a operacijata im e 3000 evra. Znam deka se mnogu, no sakam moeto since da pomine sto e mozno pobezbolno, polesno i netraumaticno. I sakam toa da go nadmine so edna operacija, a ne da go traumatizirame deteto nekolku pati (mislam na obrezuvanjeto, sto kaj nas go pravat kako vtor operativen zafat)
Znaci treba da ostaneme vo BG okolu 10-14 dena, vo bolnica se lezi samo 1 den posle operacijata, se odi na prevrski na 3-4 dena, deteto moze da se dvizi slobodno, ke ima katetar direkto izvaden od mocniot meur i od tamu ke mokri. Iskreno najpoveke mene me bese strav od toj postoperativniot period, deka deteto treba da lezi vrzano za krevet 7 dena posle operacijata, a vo BG ne go praktikuvaat toa. D-rot rece deka celta e da se fiksira penisot, a ne deteto.

I taka nie se odlucivme za operacija vo Belgrad. Koga bevme krajot na mesec maj na pregled kaj nego, d-rot ni rece da si razmislime dali ke sakame da pravime operacija i dokolku se resime za operacija da se javime i da dogovorime termin. Nie toa go napravivme pred 1 nedela, ama bidejki fakaat odmori, a i dokotorot dosta cesto odi na patuvanja, simpoziumi, a ima i drugi veke napraveni rezervacii, nam ni zakaza za operacija na krajot na mesec oktormvri. Ima uste mnogu vreme do togas, pa zdravje Boze da se nadevame deka se ke bide vo red. Ni rece deka treba da mackame so andractim gel 2xdnevno, 20 dena pred operacijata, mi pokaza na koe mesto kade i kako da go mazeme deteto. Se na se, prezadovolna sum od doktorot, i ne se kaam sto pobarav i treto mislenje.

Se nadevam deka ovaa infromacija ke posluzi i na nekoj drug sto go ima istiot problem kako nasiot.
Pozdrav [sm=smiley1.gif]




dani4ka86 -> RE: Хипоспадија (12.8.2013 19:45:08)

Zdravoo mami4kiii prcitav dovolno iskustva i jas sum vo istata situacija so dijagnoza hipospadija no nas doktorot od prilep ni preporaca vo sistina da ja napravime potrebnata intervencija,no me zagrizuva cenata za edna vkkva operacija kako pominavte vie i kolku kostasee i na privatno ili na drzavnoo ....[sm=smiley13.gif]




vezilka RR -> RE: Хипоспадија (12.8.2013 23:53:45)

Ние правевме на државно и не не кошташе ништо бидејќи.сеуште немавме ни годинка. На приварно мислам дека беше околу 1500 евра во Ремедика, ама не ме фаќај за збор, не сум многу сигурна.




dani4ka86 -> RE: Хипоспадија (13.8.2013 9:44:41)

Epa nas urolgot sto ni preporaca e da odime vo sistina pa ke videme kako ke bide, tamu imalo najspremni doktorii urolozi, pa ne znam dali voopsto da se obideme da odime vo drzavna bolnica dali se spremni doktorite?,mnogu se plasam uzasno se custviuvam[sm=smiley19.gif] se dodeka ne se sredi se.sega imame 5 meseci na 6 meseci treba da odime da ja otvorat kozickata pa tek koga ke napolni godinka da mislime za operacija.no v seta ovaa rabota moram da gledam pozitivno zatoa sto ima resenie sepakkk ....od seto ova sto go procitav uste poveke se plasam za traumata sto treba da ja preziveam zaedno so nego no podobro e dodeka e malo za da ne se sekavaa na toa sto ke se slucii....
[sm=zmeden.gif]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>