етерични масла (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


mami -> етерични масла (2.9.2009 10:13:42)


Либидото односно желбата за секс не секогаш е подеднакво изразена кај двата партнера. Постојат периоди во кои либидото е мошне изразено, додека понекогаш мислиме дека воопшто го нема.

За среќа пости начин како да го подобрите својот сексуален живот и тоа по природен пат со помош на есенцијални масла.

1.Иланг-иланг,, Цвет над цветовите“

На малезиски иланг-иланг значи сензуалност. Ова етерично масло се подготвува од билка која што се собира во раните утрински часови кога нејзината арома е најсилна. Топлата и слатка есенција на билката е особено заводлива. Мирисот стимулира сексуално и потсетува на тропско цвеќе.

2.Пеперминт

Во 1957 година Џон Герард верувал дека мирисот на пеперминт го поттикнува машкото срце да чука побрзо. Денес е познато дека маслото од пеперминт ги изострува сетилата и го зацврстува телото. Неговата освежителна арома може за кратко време да го подигне расположението.
3.Бергамонт

По еден стар обичај младите брачни парови на главата носат круни од испреплетени цветови од портокал. Во некои случаи паровите и се прскаат со вода од цвет од портокал. Освежителното масло од бергамонт е идеално за првата брачна вечер, но и за сите други ноќи полни со страст.


4.Кедар

Мирисот од ова дрво поттикнува внатрешна хармонија и помага во намалување на стресот. Но, уште попознат е како стимулативно средство за богат и страсен сексуален живот.




mother 29 -> RE: етерични масла (2.9.2009 12:35:20)

Со етерични масла против уморот [image]http://www.hrana.com.mk/gallery/2009/06/statii/etericni-masla1.JPG[/image]


Доколку пред крајот на денот Ви опаѓа концентрацијата и работната способност, решението може да го пронајдете во етеричните масла. Против уморот најдобро делува етеричното масло од цимет, бор и рузмараин, а за подобрување на концентрацијата етерично масло од мандарина.

Неколку капки етерично масло капнете во ароматична ламба наполнета со вода.  Доколку ја немата таа ламба или пак не Ви е при рака, можете да ја замените со стаклена чаша со подебело дно која потоа ќе ја ставите на радијатор. Освен што миризбата ќе ве поттикне на подобра работа, просторот ќе делува посвежо и поугоден.  Немојте етеричните масла да ги замените со електричните освежувачи на воздухот, бидејќи етеричните масла се најконцентрираната течност добиена со специјална постапка од билките, а мирисот го испуштаат постепено и нималку агресивно.




evgenija -> RE: етерични масла (5.9.2009 11:13:33)

zemav edno bas pred nekoj den. veli deka e za otstranuvawe stres...pa ke vidime vecer[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mami -> RE: етерични масла (7.10.2009 14:52:29)

кориси ли некој етерични масла во својот живот?

- убави се за масажа, за топла купка, едноставно да согорат под пламенот на свеќата...




mother 29 -> RE: етерични масла (7.10.2009 15:01:08)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]јас користам во животот мој[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


лаванда,гумбир,горчлив протокал,....за масажа главно




mami -> RE: етерични масла (7.10.2009 15:03:05)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

и кое ти изгледа вака најубаво? најубав мирис или нешто? јас и немам некое искуство а сакам да земам да пробам




marchi -> RE: етерични масла (1.11.2015 21:07:54)

Јас сум слушнала за миризливи стапчиња и миризливи свеќи. Свеќите ги имам користено и се пријатни но верувам дека не се колку и етеричните масла. Нив не сум ги користела но би сакала да ги пробам




Страница: [1]