Крв во матката (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> После породување



Порака


Еца -> Крв во матката (2.9.2009 20:07:44)

До овие компликации доаѓа кога матката не се собира нормално, па се задржува крвта во неа и кога згрутчената крв го блокира излезот. Собраната крв ја зголемува болката, предизвикува грчеви и тешкотии. Понекогеш е можно да се истисне згуснатата крв со силно притиснување директно над матката, а ако ова не успее се извршува аспирација.


Денес бев на прв гинеколошки преглед после породувањето. Поминаа 40 дена и викам ајде да појдам да се прегледа и да направам еден пап по породувањето. И...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Кога докторот ме прегледа со вагинално ехо, има што да види, матката полна крв, среќа што сум отишла на преглед.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] Веднаш ми препиша три инекции синтоцинон и антибиотик. Малку сум исплашена, но што е тука е. Дали некој од вас имал вакво искуство?

Инаку не приметив некои други симптоми освен силни главоболки последните денови и од време на време нагон за повраќање. Исто така морам хитно да ставам мидер и тоа два броја помал за да ме стегне силно.Треба да се носи преку ден, а ноќе да се вади.




mother 29 -> RE: Крв во матката (2.9.2009 20:09:59)

aman bre?!jas prv pat slusam za ova??






mother 29 -> RE: Крв во матката (3.9.2009 11:20:40)

elena kako si?




mother 29 -> RE: Крв во матката (3.9.2009 11:36:55)

a eve si ?i sto bidna? kako e?




Еца -> RE: Крв во матката (3.9.2009 11:55:38)

Бев на инекција, пијам амоксиклав, па ќе видиме за два дена.Си купив мидер, едвај седам во него, ама ако треба уште еден ќе ставам само нека биде се како треба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley29.gif[/image] Фала што мислите на мене[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mother 29 -> RE: Крв во матката (3.9.2009 11:57:48)

a od sto ti kazaa deka e?pricinata?ne dobar carski?(ti so carski bese ako ne se lazam ?)




Sara -> RE: Крв во матката (3.9.2009 12:00:05)

Елена а ти беше со царски рез породена така?
Јас баш прашував дали се носи мидер после царски, еве ти од искуство значи д-р ти рече треба одма после пораѓај требало да се носи така?
П.С. Мислам дека денес се затекнавме кај д-р, сега се сетив ти ги донесе флаерите, јас тогаш излегував од кај него, сигурно не си ме промашила со балон-стомак хахах. Поздрав




Еца -> RE: Крв во матката (5.9.2009 14:37:48)

Да, да мидер веднаш после породувањето, инаку онака низ магла ми е, нели имаше една трудница што седеше, ти беше таа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]јас дека со Мартина бев, па многу и не приметив кој како е внатре[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ете имаше прилика да го видиш Брзи Гонзалес[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Sara -> RE: Крв во матката (5.9.2009 14:41:53)

Е да јас бев таа душа измачена хаха.
Можам да замислам колку те испокарал докторчево за тоа.
Инаку јас ако можам деновиве док сум дома сеуште ќе прошетам да си најдам некој мидер, ако не здравје ќе ја ангажирам мајка ми како и за се до сега. Па чим се вратам од болница веднаш го ставам, имало и полоши случаеви од тебе што сум начекала кај докторов, последици од царски, гноење чуда, ај да не се паничам пред време. Добро е се што ќе се открие на време.




Еца -> RE: Крв во матката (5.9.2009 14:46:19)

Да, но ова не е компликација од царски, едноставно матката се опуштила и бидна тоа што бидна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]инаку компликации настануваат и вака и така, само нека е со поминување[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Страница: [1]