Hopeful RR -> RE: Колкава месечна плата би и дале на жената за работата во домот и околу децата? (1.12.2014 16:06:52)
|
Се согласувам со ники во поголем дел од ставовите. Работата го прави човекот, и мислам дека апсолутно секој треба да работи и да придонесува колку-толку во заедничкото живеење. И притоа, не се работи само за парите што жената би ги заработила, туку и за менталниот и когнитивниот нејзин развој и лично усовршување. Не ги осудувам домаќинките, но во денешно време за мене тоа не е опција. Знам дека и тоа е работа, и тоа без работно време, и знам дека нема никаква сигурност - и тоа го знам по баба ми, која цел живот ја воспитувала мајка ми да биде самостојна и да заработува за себе, да не зависи од никого. Но, кога сме го добиле тоа како цивилизациска придобивка, зошто да го отфрламе? Дека треба да се вреднува домаќинската работа - треба, но денес, во денешното општество, не гледам начин за тоа. Извинете ако генерализирам или навредувам, но се слагам со ники - зарем моите даноци и придонеси да ги покриваат оние што се мрзливи или неедуцирани и не можат да најдат работа? Не, драги мои - секоја жена треба да работи, прво за себе, а потоа за своето семејство. Зарем вашите ќерки ќе ги воспитувате да не учат, да не сакаат кариера? Најдобро е воспитување преку пример. Исто така и муабетот за нас, вработените - да не ќе добијам плус плата за обврските што ги правам дома после доаѓањето од работа? Единствено не се слагам со ники во однос на работата на сопругот - ако со мојата плата можеме комотно да живееме, а мојот сопруг има нестабилна или нестандадрна професија како што има, јас со задоволство би одела на работа, а сопругот да биде поангажиран околу децата и домот [sm=smiley1.gif] Но јас да не работам - нема шанси. Мојата професија и работа се дел од мојот идентитет и не поддржувам неработење.
|
|
|
|