RE: pomos (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Весна -> RE: pomos (12.9.2009 2:47:07)

Јухуу, златнички еве ме...
Еве вака: Кој ѓавол само ме натера да идам на дежурна гинекологија, ауф!
Еве како беше и што (ништо) не се случи (барем она што ми текнува баш сега од дијалогот-накратко):
јас: добро вечер!
д-р: што ти е?
јас: имам болки еве тука (покажувам два прста под папокот) веќе некое време. И натаму објаснувам што како.
д-р: и што сега?! соблечи се да проверам да не си отворена.
јас: ама прерано е, 24 и пет дена сум бремена.
д-р: па што.
Ме гледаат, вика не си отворена, ама имаш кандида. Кажувам дека знам, дека почнав со терапија и исто знам дека не е ризично за предвремен пораѓај. И оваа: Е не знам тоа, може може да биде. Занемарувам. И она продолжува:  ете не знам, и што сега, сакаш да останеш?
јас: па ако треба, нормално дека би останала.
д-р: ама па што и да останеш, што ќе ти правиме, до 27 недала бебињата не преживуваат.
јас: ама нешто не е во ред со бебето?
д-р: не ма, бебето си мрда и тоа пуно, ама тебе те боли.
јас: Е знам дека ме боли, ама не знам какви се породилните болки, прва бременост ми е, а и не верувам дека е нешто такво бидејќи умерено ме боли, не јако. Можно ли е од мрдањето да ме здоболува баш на тоа место?
д-р: епа зошто дојде?
јас: за да проверам дали се’ е во ред со малото и со мене, болката значи предупредување за нешто. И еве да ви ја опишам болката е како кога желудник тапо боли.
д-р: па да те пратам на гастрологија (како и да беше зборот).
јас: ама јас нема проблеми со желудникот, ни со ништо слично. Само сакам да знам дали е се’ во ред, бидејќи се исплашив малку.
д-р: аха, значи исплашена си, еве пишувам Б6. Друго?
Е тука сфатив дека џабе дојдов, и баталив да барам некаков одговор и причина за болката, која откако видов дека малата си мртка, ми се намали, барем сега за сега.
Ајде да не должам многу-многу (не џабе маж ми ме вика Шолохов [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ) па утре ќе видиме како ќе биде. Ќе го побарам матичниот, па во понеделник здравје боже да направам уринокултура, брисеви, анализа на крв, што и да треба.

Сега ве гушкам и лека ноќ мамички и бебушки! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]





Палешка РР -> RE: pomos (12.9.2009 8:13:51)

Супер Весна што се добро се заврши [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Кажи ми кога ти е терминот јас сум во 24-та недела [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Еца -> RE: pomos (12.9.2009 10:37:17)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]браво за тебе Весна, а ова е за докторот на гинекологија[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley34.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley11.gif[/image]срамота.




Весна -> RE: pomos (12.9.2009 12:37:49)

Добро утро, добар ден, ах убав ден! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley4.gif[/image]
Не боли више ич. Никаде. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] И малото цела ноќ беснееше и еве сега истото, ви се радува, ве поздравува и таа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley2.gif[/image]
Е арно, ама сега друга мисла ме јаде, да не претерано многу мрда, просто со саати не престанува, кога спие, што прави таму [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
ау колку сум швркнато, ама не знам колку е вообичаено/природно да мрткаат наши мешљаци [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden2.gif[/image] Како е кај вас?
Инаку, Палешка, денес сум точно 24 недела и шетти ден, па здравје таму крај на декември, 27-29 е терминот. Пријателите мајтап си тераат со мене и викаат да стиснам до Нова година, таман ТВ да добиеме и визита од владарците. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Леле, само уште 15 недели ни останаа и на двете [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Радостиииии




profesorica -> RE: pomos (12.9.2009 12:42:05)

Па нормално е ако мрда не му се секирај.Штом мрда значи добро е.Може и твоето некое боксерче ке испадне [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




niki -> RE: pomos (12.9.2009 12:45:07)

Ako ne mrda grizi se, ako mrda kolku saka neka mrda nema tuka merka, odreden broj na dozvoleni mrdanja, si spie toa koga mu se spie ic ne mu se sekiraj.




Весна -> RE: pomos (12.9.2009 12:59:48)

Ој колку силно ве гушкам за поддршката и позитивноста!
Леле колку само јако [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] ууууиј!




nadica -> RE: pomos (12.9.2009 16:01:35)

мило ми е што си ок браво за тебе и малото а за др немам коментар




mami -> RE: pomos (12.9.2009 16:19:08)

јас каснам ко никој :)))) не се секирај , и мене така ме здоболуваше на периоди...и биди смирена додека клоца, кога ке се смири тогаш треба да се загрижиш...
не за џабе и јас мразам да одам на дежурен..и уште во државна..фуј, таму само ако не дај боже нема каде




Палешка РР -> RE: pomos (12.9.2009 18:33:42)

Аааа, баш овие денови и моето бебе збеснува во стомак, ама не престанува да мрда, се прашувам дали спие некогаш [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]. Веројатно бара нова местоположба. Тоа воопшто не ме загрижува, баш сум happy [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Уживкај си Весна, се е во ред [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Весна -> RE: pomos (12.9.2009 20:59:53)

Е, Палешка само да знаеш колку сега ме успокои. Изгледа баш рака под рака идеме со развојот. Јас ептен се радувам кога удира, ама ова де фудбал игра [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] рефлексно скокам од кревет [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image], а и маж ми покрај мене. Го збудалев миличкиот мој [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/love.gif[/image]




Сани -> RE: pomos (22.9.2009 14:09:51)

мрдањето да не те загрижува, се мислам некој ден дали ке биде фудбалерче или косаркаче зависи дали удира горе или долу.
Читав дека и бебињата се како и лугето секој ден не им е ист некои денови сакаат повеќе да спијат некои да лудуваат.
мило ми е што се завршило добро во државна и колку и да се катастрофа а ужас се, сум лежела на патолошка. од Систина пак ме препраија таму во случај да дојде до предвремено раѓање само таму имале услови за такво нешто. Барем да ја отвореа новата се надевам таму ќе биде подобро.




Весна -> RE: pomos (22.9.2009 19:55:31)

Ете знаев, знаев... само што ми ги добив резултатите од анализа на крв и урина.
Крвта ми е супер (за живо чудо, бидејќи цел живот сум анемична), арно ама во урина сум имала доста бакрерии. И мажот ми си прашал дали е во ред, и му кажале дека покачени бактерии во урина на трудниците било сосема нормално. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Ама ајде ти се молам, така на ќерка си да и’ каже, лошка една. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
А пред да забременам имав е.коли, пиев микс од чаеви од билна аптека и секако антибиотска терапија, и се куртулив, и плус и плус постојано и пијам чај од брусница. Во 14 недела си правев пак уринокултура и тогаш се’ беше -цаком памок- [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Е што е сега со овие бактериишта. Утре/поутре идам на дополнителна анализа на уринокултура, а до тогаш ќе си се чудам. Ох, аман више, на раат да не си.
Кажете, можно е да не е страшно?!




srekna mama -> RE: pomos (22.9.2009 19:59:56)

точно е дека трудниците имаат повеке склоносткон урино инфекции.после уринокултура врз основа на антибиограм се зема антибиотик.може слободно cefalexin ili nitrofurantoin.чајот од брусница продолжи го и пиј многу течности.ништо страшно,не се секирај,




Еца -> RE: pomos (22.9.2009 20:13:23)

Весна и јас на почеток од бременоста имав доста бактерии во мокрачата, пиев само чај од брусница.  Но во осми месец се беше во ред.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Ти провери си, ама не се плаши уште од старт.




kiki_riki -> RE: pomos (22.9.2009 20:31:48)

vo tekot na prvata bremenost imav bakterii i mnogu se plasev no vo razgovor so drugi zeni i mnogu procitani stranici od se i sesto razbrav deka se javuvaat poradi toa sto e stesnet prostorot vo stomakot, pa morav da pijam i po litar uvin caj dnevnio BLJAK, no mi pomogna, a so antibiotici ne izbrzuvaj dokolku ne ti gi preporaca doktorot




mis. -> RE: pomos (22.9.2009 20:53:56)

Весна и на мене неколку дена пред да се породам,на самиот последен термин имав бактерии во урината и др.рече дека сум пред породување и нема простор за никаква терапија и остави се како што е и бебето се роди со бактерија во очите.




Весна -> RE: pomos (22.9.2009 23:01:43)

Ех, мечка страв, мене не! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/lev.gif[/image]
Ахаааам, само што не! Милион мисли ми леткаат, па ми светна... дали може, за да не би се ризикувало, да си закажам со царски да се породам. Дали тоа би било некаква превенција за бебето од каква било моја уринарна инфекција? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Палешка РР -> RE: pomos (22.9.2009 23:10:33)

УУуууу Весна, па ти си била и бетар од мене [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Вака: Јас во 12 недела ѓомити имав бактерии во мокрача, па на уринокултура излезе дека немам ниту една. Можеби и кај тебе е исто [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Во меѓувреме се консултирав со докторката, таа ми кажа дека не е ништо опасно.
Мислам дека немаш причини за грижа, но сепак направи уринокултура.




ostoun -> RE: pomos (22.9.2009 23:24:55)

Не се секирај не е ништо страшно скоро сите трудници имаат уринарни инфекции направи уринокултура и ако има бактерии ќе пиеш антибиотици ако не ништо . Со царски некогаш можеш да имаш повеќе компликации  затоаако нема индикации за тоа не би ти го советувала.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley4.gif[/image]




Весна -> RE: pomos (22.9.2009 23:51:07)

Уринокултура секако дека ќе направам, утре земам упут и во четврток правац во Пролеќе.
А Палешка, и јас си се чудам за паранојава што ме мава, па божем не бев ваква, ама пуст страв да не нештетам на некој, а посебно не на моево мешљаче. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]  
Ај, барем сум позитивна и покрај паничноста, ме здрмнува, па ме пушта [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley4.gif[/image]




Mamicka3 -> RE: pomos (3.10.2009 15:17:29)

Мамички ајде кажете ми ..после царскиот ме боли раната од десната страна повеќе дали е нормално и дали заздравува раната а инаку околу раната од долната и горната страна е многу тврдо.Кажете што да правам. 




mother 29 -> RE: pomos (3.10.2009 15:22:18)

да е тврдо ,е.се секавам дека и кај мене беше така.јас после 40 дена ,бев на преглед.ме гледаше само на ехо,да се види матката дали почнала да се собира?!
сега ,потсети ме колку има од твојот?!




Mamicka3 -> RE: pomos (3.10.2009 15:28:35)

14 дена откако сум породена ама почна да ме боли од некни инаку не ме болеше




mother 29 -> RE: pomos (3.10.2009 15:37:27)

па отиди нека те погледне на ехо,да не му ја мислиш!а сигурно ништо страшно не е!да не си кревала потешко ,па те заболело?




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>