Felly RR -> RE: Бонбони и мастики (16.8.2012 22:26:01)
|
М бонбони јаде секакви, освен тие тврдите, ама мастиките ги голта и затоа не и давам. Пред некој ден сакаше тетоважа, и во продавница имаше само мастики со тетоважа, па реков да купам, дека поголема е може нема да ја голтне. И кажав неколку пати, дека мастиките се жвакаат и се плукаат, не треба да се голта зошто ќе ја боли мешето. Пак ја голтна. Зедов јас една, ја џвакав, па ја фрлив во кантата за да види дека и јас така правам, ама таа цела ужалена, стоеше пред кантата и ми велеше да си ја земам пак. Не знам како да и објаснам дека не треба да ги голта.[sm=zmeden.gif]
|
|
|
|