|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Манџи?
16.8.2011 12:32:22   
Pepelaska *

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR

Marko nejade retki mandzi , i supa nesaka saka da mu e gusto.Taka da mama se prilagodi kon negovoto meni ista hrana jademe dvajcatauser posted image


исто и ние,ако е ретко плука се гади а ако е густо маф правиuser posted image ,а инаку јас сеуште не му давам од нашето додуша ние повеќе пржено јадиме затоа не сакам да му давам.А од кога се става зачин во манџите,јас не сум му ставила ни сол ни вегета ништо а во многу рецепти што ги имам има зачини уште од 8 месеци

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Манџи?
16.8.2011 13:07:14   
arh_diz
Pepelaska jas ne upotrebuvam nikakvi zacini ni za sebe, stavam?Sol mu stavam otkako napravi godina no po malku.Nie sme cel den sami poradi toa jas se prilagodiv na detska hrana

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Манџи?
19.10.2011 18:43:52   
Felly RR
Матеа почна во последно време повеќе да јаде манџа, само со месото имаме проблем, ако е мелено - го јаде, ама друго на пр телешко, ако е потврдо и ќе касне 2-3 пати и после не сака месо, дуро и ако и подметнам со другото заедно, го вади од уста.
А инаку кога ќе ја прашаме во градинка што ручкале = манАџа user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Манџи?
20.10.2011 14:32:02   
JovanaJ
Omilena mandja grasok so meleno meso. A ne jade leka...za zal. Inaku pocnav da ne mu gotvam posebno mnogu kasno posle 3-ta godina bidejki bese mnogu tezok so jadenjeto. Maka macevme, ama sega veke ne....

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Манџи?
29.11.2013 14:01:09   
Mihaela 2010
Ako nema doma mandja M nema ni da jade....uste od mala ja naviknav na mandjicki i koga ima suva hrana,kako pire so riba primer nekako ne i e po kejf,zatoa i sekoj den skoro ima doma mandja em za nea em i nie da si iskoristime fin rucek

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот JovanaJ)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Манџи?
29.11.2013 14:17:41   
Bethany
оф и Ј многу сака манџи да јаде... мене ми се допаѓа тоа, нека јаде.
Најомилена му е леќата и грашок, ама и гравче сака user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Манџи?
29.11.2013 14:25:58   
sandriana RR
И за мене ручек без манџа или чорба/супа не е ручек, па и Т е навикната од градинка на манџа, па немаме проблем. Јаде се - грав, грашок, леќа, боранија, компир манџа - јанија...

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Манџи?
29.11.2013 14:35:15   
elenak
И Ј е по манџите, јас не готвам многу чорбесто сакам да е погусто ама суво не. Многу ретко јадеме пржено нешто а и тогаш за неа задолжително има нешто друго - манџичка.user posted image А кога правам нешто печено обично гледам да е сочно, ама ако ми се виде суво и додавам јогурт или к.млеко.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Манџи?
29.11.2013 14:45:56   
Bethany
и кај нас е исто Еленак. Јас пример правам мусака со модар патлиџан и компир и турам повеќе вода, го вадам од рерна да биде така сочно, да можам и лепче да му здробам, и така дојде ко манџичка. user posted image
Во ориз обавезно ставам тиквичка, да не биде многу суво и лепливо, или евентуално му додавам кис. млеко.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Манџи?
30.11.2013 7:03:12   
deluxe
Течна храна е задожителна.Ако денес јаде супа,утре манџа и така си комбинираме секј ден да има заuser posted image .Инаку тој си сака готвени течни јадења,бебешката храна ја јаде поретко,преку ден јаде тоа што јадеме и ние,само без зачини.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Манџи?
30.11.2013 22:13:55   
zzaa
Ако не е манџа, тогаш супа или некоја чорба, али мора секој ден да има таква течна храна

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Манџи?
1.12.2013 11:55:15   
AneLav RR
Веќе ги научив да јадат од нашите манџи со повеќе зачини. Инаку и претходно им правев манџи ама од зачини користев само веѓета и путерче...

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот zzaa)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Манџи?
1.12.2013 16:08:27   
AnnaMolly RR
Јаде манџи без проблем. Единствено зелка манџа не сака. Од пред да наполни година го префрлив на наша исхрана и супер се си прифати.
Е сега кај нас има друг проблем. На пример ако му речам дека за ручек има полнети пиперки и му дадам да јаде, не сака. А ако му речам за пиперките манџа дека има, јаде. Со финти :) Ако му е чудно името на ручекот не го сака ни да го види. Затоа ние дома секој ден имаме манџа :)
Само леќа, грав, грашак и компир манџа обожава и тие со нормални имиња ги викаме, другото се е манџа :) Мусака=манџа, боранија=манџа, турлитава=манџа :)))


< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 1.12.2013 16:09:57 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Манџи?
1.12.2013 16:38:33   
Mihaela 2010
I nie sme skarani so zelka mandja ama vo Gradinka velat deka super si ja jade.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Манџи?
2.12.2013 0:05:57   
Snowhite RR
Ми се чини за М откако престанав да готвам специјално за него и да му давам од нашите манџи почна да јади, пред тоа ич не сакаше да јади, а како што ми изгледа и со Ј така ќе биде, до скоро јадеше, ама последно време не ми ги јаде зеленчуковиве кашички и тие со месо блендирани.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Манџи?
2.12.2013 9:39:13   
Felly RR
Што убаво што вашиве дечиња сакаат манџички. Ние се некако со молење. А ете велат тие деца што одат во градинка, сакале манџи, ама кај нас не е така. ВО градинка јаде се, а дома многу пребира. Сарма и полнети пиперки не јаде никако, во градинка била поинаква сармата, мусака, или компир манџа - ќе го изеде само месото, а за компирче да касне треба да ја премолиш. Единствено леќа и грав си јаде без проблем.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Манџи?
20.5.2014 15:29:18   
Defne90 RR
М додека беше помал ептен многу јадеше манџи.Ние дека дома многу баш и не јадеме манџи за него посебно готвев.Е сега кога готвев и за нас и тој секогаш јадел.Ама во последно време се е со молење,протестира,од течни јадења сака само супа.И некако повеќе на суво почна да мава.Ние пак ќе си ја изедеме чинијата де ама мора да се моли да се лаже да се уценува или пак да го пуштиш да седи трисаати на компјутер додека да се најаде.Малото сега за сега е манџар.Си јаде ептен и од нашите му давам и кога немам дома зготвено пак само за него посебно правам.И повеќе сака да јаде манџи отколку нешто суво.Се надевам дека така и ќе остане и дека нема и тој да прејде кога ќе потпорасне на суво јадење.Инаку се ни е вкусно освен гравот,некако не сака ич да го јаде па не му давам многу често.А се друго си јаде со сласт.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Манџи?
22.5.2014 12:28:44   
bucko mal
Doma site se jademe.Golemiov sin si bara mandji,uste od mal gi jadeshe.Nie imame problem so jadenje ne so ne jadenjeuser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Манџи?
22.5.2014 13:02:06   
mommy_angels RR
Детево слатко ми руча манџи и се надевам дека така и ќе остане.Јас не ги ни правам ретки,како стариве што се научени да ги јадат ,а и мене така ме учеа да ги правам.Ама јас нели тврдоглава,па ретко слушам што ќе ми се каже user posted image и си ги правам по мој вкус.Мм се научи така и дури еден пат ја искритикува мајка му дека и е ретка манџата,а јас си молчев,ама нормално се прчев како некој паун user posted image
Еве и за денес на мени си имаме зелка манџа со пушено мевце user posted image

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Манџи?
22.5.2014 14:30:00   
elenak
Си го гледам постот од пред 6 месеци и морам да констатирам промени. user posted image Детево на две недели пред да наполни 2 години се промени скроз. Не дека не јаде манџи, јаде ама се почесто пребира. За ручек немавме никаков проблем, јадеше буквално се и ич не и се мислев, што ќе направев тоа јадеше. Е сега се е со лажење, маскирање, па во се ставаме или кечап или кисело млеко, дури и грав јаде со кечап. user posted image Брокула,карфиол,зелка не доаѓа во предвид. Пред некој ден одби и грашок манџа да јаде. Оризот веќе со сета мака го јадеме, со тон кисело млеко врз него.user posted image Не верував кога ми кажуваа дека од две години веќе им се менува вкусот и почнуваат да прибираат, јас мислев дека никогаш нема таков проблем да имаме. И сега што ми е уште потешко, кај секој ден треба да смислам што да готвам па треба да внимавам да е нешто што и она го јаде.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Манџи?
22.5.2014 14:31:25   
Defne90 RR
Да да имаш право мами,ни маж ми не може да ги јаде ретките оплавени манџи како што ги вика тој, на баба му а не пак децата.user posted image Јас пак кога таа ќе направи јадам само онака заради тоа што се трудела да зготви нешто и што ме одменила со јадењето.Ама и јас секогаш гледам да бидат погасти и баш заради тоа секогаш се препираме со бабчето доле,требало да бидат поретки па внатре во нив да може комотно да си се надроби цел леб.Ама и јас сум си иста мами не слушам совети од таков тип,како ни е слатко така и си правам.Еве баш сега довршивме со манџата со помалото.Тоа пак не сакаше ќофтиња и му правев посебно денеска телешко со ориз и зеленчук.Малку лепче внатре и чинијата се исчисти брзо брзо.user posted image user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Манџи?
17.11.2014 15:59:43   
Mila mamicka
За син ми готвевме посебно до пред 2-3 месеци. Ама пак му готвевме манџи. Сите ми викаа дека нема да сака да ми јаде од нашето јадење подоцна, ама јас не ги послушав. Причината поради која му готвевме посебно (зборувам во множина оти работните денови му готвеше се разбира свекрва ми), е тоа што, прво не сакав да му давам манџи со запршки, како што ги јадеме ние, а второ, заради тоа што внимавав двапати неделно да јаде телешко, двапати неделно риба, еднаш пилешко, двапати посна манџичка, со варено јајце изрендано во неа. Се разбира дека за нас не внимаваме колку пати неделно внесуваме некое месо или риба, па затоа сакав посебно да си јаде. Еден месец пред да тргне во градинка, значи на 2год и 4 месеци, почнав да му давам од нашите јадења и си ги прифати без проблем. И сега во градинка си јаде се.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Манџи?
17.11.2014 19:38:10   
AneLav RR
Ние со мм јадеме многу манџи, јас не правам запршки ама користам доста здрави зачини и се радувам што и децата ни ги јадат. Основни зачини ми се класика лук, кромид , патлиџан. И јас до окулу две години не им давав баш од сите манџи ама сега веќе јадат и убаво џвакаат, така што буквално од се им давам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Mila mamicka)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Манџи?
18.11.2014 0:01:13   
deluxe
Moite deca obozavaat mandzi,supi,corbi.Mm e golem ljubitel na vakva hrana,taka postojano kaj nas ima tecna hrana
user posted image Uste od malecki ,pred da napolnat 1 g.im gotvev specijalno za niv mandzi ,supi so malku zacin.Dene's si jadat od zaednickite supi,mandziuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 49
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2]
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?