baby_bump -> RE: Протести против полициска бруталност (15.6.2011 18:07:46)
|
Она на кое во иднина МОРА да се внимава е кој се се вработува како специјалец и да постојат посебни обуки каде тие специјалци покрај другото ќе се учат на контрола на бес и како да постапуваат во различни ситуации професионално а не како на овој начин. Потполно се сложувам со горенаведеното. Значи Господинот Груевски не треба да се симне од бина и да гледа на гравче, туку да си ја чукне малку главата и да внимава на овие работни места кого поставува, дали криминалци, психопати или наркомани, зашто за жал, такви се грото од специјалните единици алфи/бети/тигри/мајмуни.................. Мислам дека полицијата ги вработува од аспект што тие се малку “поблиску“ до подземјето, па мислат дека така со нивниот “криминален“ ум ќе успеат да ги фатат останатите криминалци како нив, но резултат на тој тренд се: се повеќе истепани, повредени и УБИЕНИ луѓе, а како што можам да забележам НЕМА драстично намалување на криминалот. Тие што избрале да се занимаваат со таква професија самите тоа го избрале, никој не ги натерал, убаво е напишано погоре. Никој не им е крив, секоја професија носи некаков ризик а мислам и дека се баш добро платени и покрај тоа што се 28 дена во месецот на работа. (впрочем во мојот град има луѓе по конфекциите кои се по 30 дена на работа за бедни 100 евра, па никој не ги жали). А за чесните и психички стабилни поединци на овие единици, секоја чест!!
|
|
|
|