Bethany -> RE: Грчеви кај бебето- колики (1.9.2013 11:48:59)
|
Меланија , колку што разбрав му даваш Ад, така? Давај му млеко на секои 2,5 - 3 саати не порано, за да претходното млекце може да се свари, ако му даваш порано, само полошо станува и се создаваат грчеви. Чајче му давај помеѓу оброците, не многу, нека ти доза од 100 мл. биде распоредена во текот на еден ден. Не се плаши дека е гладно, нема шанси, не секое плачење значи и глад. Држи го на твојот стомак, неговото меше да биде на твоето, масажи и друго, ако не помага пробај и со капките. Во суштина , не може ништо да ги уклони грчевите целосно, може само да ги ублажи, и обично се појавуваат во еден одреден период од денот, кај син ми обично му се јавуваа во раните утрински часови па до пладне се мачеше. [sm=smiley13.gif] И знам кога имаше грчеви, бараше почесто да цица, па јас му давав, а не дека тој беше гладен, туку тоа му беше единствениот рефлекс, бараше утеха, а тоа беше полошо , се вртевме во круг, уште полошо му беше, ново на старо несварено млекце. Знам дека е исцрпувачки период ептен, ама знај дека ќе помине [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|