|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  42 43 [44] 45 46   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Грчеви кај бебето- колики
7.7.2015 12:59:38   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaKiki


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Како што ми кажаа, исклучиво млеко, а после 2 месеци евентуално чајче. Вода не би давала, си внесува се што му треба преку млекото. Ако ти е за грчеви, пробај со друго средство, сепак. Нас ни помагаат еспумисан капки.




so grcevi pominavme epten strashno pokraj cajceto i jas davav espumisan 5 pati vo denot po 25 kapki i ne sekogas imavme posakuvana reakcija user posted image
sega go donesoja i kaj nas shurupce "nurse" kosta okolu 600 denari ama bilo mnogu poefikasno od espumisanot rodnini moi go koristea pred nekolku godini za bebeto mu go kupuvaa od germanija za najefikasno



_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 1076
   RE: Грчеви кај бебето- колики
13.7.2015 22:08:50   
Milicka 30
Драги мамички, денес малата прави 3 недели и имаше многу грчеви, неможеше да заспие цел ден од што ја болеше стомачето. Ме фати паника и и купив еспумисан капки не прашав педијатар и дадов досега 2 пати по 25 капки во ад млекото. Незнам дали на секое хранењр да ставам на упатството прочитав дека 3 пати можат да се дадат.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1077
   RE: Грчеви кај бебето- колики
13.7.2015 22:56:00   
Hopeful RR
Milicka 30, јас ставам по 20-25 капки во буквално секое шишенце АД, а ако е ептен мала количина, и помалку - околу 10 капки. Функционира без проблем, и кај двајцата - полесно прднуваат и полесно какаат, а грчевите им се значително намалени, скоро да ги нема. Нуспојави нема, педијатарката ни рече ок, и вака тераме повеќе од месец дена.

Е сега, пред некој ден, не знам зошто, решив да го пробам Nurse Harvey''s сирупот, и зажалив - прво за маките кај бебињата, а второ за парите. По 2-3 дена обиди со сирупот, веднаш се вративме на Еспумисан и од одма се гледа разлика. Е сега, се тоа е индивидуално - кај другарка ми скроз обратна ситуација, така што пробај и види.

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 13.7.2015 22:58:01 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1078
   RE: Грчеви кај бебето- колики
13.7.2015 23:03:20   
Milicka 30
Фала ти Хопефул за советите. Сега малку се потсмири. Ќе и ставам јас во секое шишенце. Ние досега немавме толку мака со грчеви, ги имаше ама со масажа и топли облоги се потдмируваше ама денес ми идешеи јас да плачам со неа. А пак педијатаротпретходната недела кога го прашав за грчеви ми вика само со масажа...и ќе поминат.Јас неможам да слушам како се мачи , анезнам зошто толку педијатрите се противат на користење на капки или сирупи?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1079
   RE: Грчеви кај бебето- колики
13.7.2015 23:26:15   
Hopeful RR
Зависи кој, генерално на Еспумисан му се замерува дека е демек хемија, ама се работи за чист симетикон, кој и претходно го имаме дискутирано, баш Neurotoxin има објаснето стручно, мислам. Тој помага да се разбијат меурчињата, да се намалат или да станат толку мали што ќе се исфрлат полесно, а самиот симетикон се исфрла од телото непроменет, и не влијае на ништо друго. Хемија - нехемија, повеќе имам доверба во тоа отколку во бабини деветини и непроверени тревки... Тој ефект на симетиконот се приметува одма - бебето си прднува повеќе пати по помалце, без никаков напор или болка.

Е сега, заборавив да додадам и дека ако грчевите се предизвикани од нетолеранција на лактоза или слично, може да се проба и со Colief капки, или со пробиотици. Ние пробавме Colief, не помогна. Во меѓувреме, пробувам да намалам внес на млечни производи бидејќи приметувам дека и тоа им влијае - кога јадам сладолед, на пример... Има и едни други капки, комбинација на симетикон и пробиотик, мислам се Infacalm. Ова чисто како втора опција ако не помогне Еспумисан, но се надевам се ќе биде ок со него user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1080
   RE: Грчеви кај бебето- колики
16.7.2015 21:56:01   
gina
devojki i jas da se prijavam ovde baram golema pomos nie od vtor den doma se borime so grcevevi se vitka i crveni kako polzavce i neprekinato place denje sto mirno si spieme ama navecer oko ne sklopuvame vecerva go fatija od devet i koj znae do koga vcera vecer od 22 do utrovo do 8 satot toa place i jas zaedno so nego inaku sme na doenje mu davam Espumisan kapki pocnavme so 10 pa gi na golemivme na 15 pa sega mu dadov 20 pedijatarot mi rece po potreba i ne mnogu ama eve citam deka i po 25 im davate pa sekkoja vecer si placeme i utro si docekuvame i jas mnogu se sekiram bara pomos a nemozam da mu pomognauser posted image user posted image zedov i caj HIPP od komoraca mu davam po malku a dr. mi rece ne pa jas ne mu kazuvm ama nezna koga da go davam ili ic da ne mu davam so spric mu davam po
2-3 ml. mu stavam topla pelena ama nisto ne pomaga pa pedijatarot rece ako ne ce probame si sirup nekoj americki pa ce vidime
dali toplite oblogi gi stavate na golo mese ili preku obleka

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 20.7.2015 13:20:00 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1081
   RE: Грчеви кај бебето- колики
16.7.2015 22:03:58   
Hopeful RR
Топлите облоги обавезно преку облека, кожата е нежна и пази да не ја изгориш, и секако не се топли, туку млаки. Да пишам и тука - чај не давај, и почекај, потрпеливо со Еспумисанот. Ако нејќе, ќе пробаш со сирупот, сигурно мисли на Nurse Harvey's. Пробај нееежна масажа на мешето со рака, без притискање, со кружни движења во насока на стрелките на часовникот, затоа што движењето во дебелото црево оди така. Тоа на моиве им помага.

Знам дека ти е тешко, ама мора да прифатиш дека грчевите се нормални, дека поминуваат, дека нема да има никакви последици, дека ти не можеш скоро ништо да направиш во врска со тоа, и дека колку и да го гушкаш и мазиш, ќе ги има, за жал. Страшно е да го гледаш, знам, јас се изреметив и со двете бебиња, и плачевме заедно, и се уште плачеме кога ги имаат, ама се отрпнува, што да ти кажам. Понекогаш подобро е да го оставиш да се исплаче, да му олесни бар така, кога веќе ништо друго не помага...

Никогаш не мислев дека на гомце и прднување ќе се радувам, ама тоа е, пред некој ден едното бебе имаше запек и кога конечно се искака, со мм и се радувавме на пелената ко кретени user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1082
   RE: Грчеви кај бебето- колики
16.7.2015 22:58:46   
gina
devojki izvinete za greski mi koci internetot
eve pocnaa grcevite se posilniuser posted image se drzat so mm i sakav da ve prasam dali na 6 sati im davate kapki redovno jas mu davam koga ima grcevi mu dadov vo 9:30 20 kapki espumisan ama deka e mnogu malecko samo 1 nedela i 2 dena da ne se mnogu i sega duri vo 3 :30 nokeska da mu dadam uste nema ni prdnato a se kaka tecna stolica sto se cisti mi e strav da mu pravam masaza od papoceto uste ne mu e zatvoreno ili preku peleni pocnavme i so sirok povoj sto ic ne go sakam
dali ima tema sto treba da se jade a sto ne koga se doi znam za nekoi raboti zelka, grav....

< Поракaта ја уредил gina -- 16.7.2015 23:00:10 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1083
   RE: Грчеви кај бебето- колики
16.7.2015 23:26:35   
lukajana RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

devojki konecno da vi pisam defekt ni bese intrernetot
jas se porodiv na 07.07 nokta vo 23:50 na GAk rodiv zdravo masko bebence i eve sega se prilagoduvame malku ni e tesko i bi pobarala pomos da ne lutam po forumive noke ne spieme ic imame jakj grcevi od 10 navecer do 8 sabajle



ИЗВОРНА ПОРАКА: vanessa30

Zdravo gina, se e dobro koga dobro ke se zavrsi.
Sto se odnesuva za maloto za grcevite stavaj toplo na meset____o i imas eden kup cajcinja sto mozes da mu gi dades , jas za prvoto koristev Espumissan kapki , ima za deca, i samo tie malku mu gi smiruvaa grcevite. Vidi kaj forumot za bebe. Inaku taka e nema mnogu spienje ali samo prvite 40 dena posle im se smiruva stomakot oti si formiraat svoja mikroflora.
Inaku se doite ili go dohranuvas. Ako koristis adaptirano, vidi probaj so nekoe drugo. Dali redovno si kaka?


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

vanessa30 se doime samo prvite dva dena mu davaa dohrana ma pravime masazi stavame i toplo i od Espumissan kapkite mu davam ama ne mu pomognaa malu mu davam hipp cajce od komoraca ma pedijatarot mi rece ne neznam kako da mu pomognam na moeto malecko samo place
moize da go premestite na druga tema


ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

За грчеви имаш избор од Колиеф, Еспумисан, Инфакалм, и сирупче Нурсе Харви. Пробај колиеф, може има мака од лактозата во млекцето, ако тоа не бива, тогаш може и сирупче. Нас тоа најмногу ни помогна.

Пробај термофорче, white noise fan звук од јутуб, голо на голо меше на меше со тебе, ке минат грчевите. Држи го често да те осеќа и оа е тоа. Ке си го најдете чарето/.

Огромно НЕ за чајчиња. Тоа само ке ја наруши флората во цревцата. На доено бебе до 6 месеци му треба само млекце ако доиш, кога сака и колку сака.

И најважното, уживај во периодот, брзо мине не се враќа.


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Точно знам како ти е, и еве да ти го кажам нашето искуство - Колиф капки не ни помогнаа, ни масажи, ни топлина, ни бутур, мооожда малку меше на меше, ама краткотрајно, и ни помогна Еспумисан. Со нив треба да се биде редовен, не се откажувај прерано. Ако не помогне ни тоа, Nurse Harvey''''s знае да помогне.

За чај и јас не сум, искрено. Почнав да им давам тек со полни 2 месеци, и тоа кога кенкаат демек гладни, а точно знам дека не се гладни бидејќи не цицаат, него им е топло. Чајчето не ни помага за ништо посебно, можеби за хидратација.

Друг совет - бидејќи доиш, внимавај ти на твојата исхрана. Сигурно знаеш и сама што треба, а што не треба, е сега само намали млечни производи освен јогурт и кисело млеко, и пиј пробиотици. Се надевам дека нешто од сето ова што ти го пишавме ќе успее, но ако ништо не помага, стисни заби и стрпи се, тоа е...



< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 16.7.2015 23:29:44 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1084
   RE: Грчеви кај бебето- колики
16.7.2015 23:39:21   
lukajana RR
Gina grcevite se normalna rabota za bebinjata i nema pravilo sto moze da pomogne deka na sekoe bebe razlicen lek mu pomaga,probajte so Espumisanot ili ampuli Prolife i vnimavaj na ishranata eve Tema vo koja mozes da procitas sto smees da jades.Guskajte se i uzivajte prvite denovi se stresni ama i mnogu ubaviuser posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1085
   RE: Грчеви кај бебето- колики
17.7.2015 0:00:30   
Hopeful RR
Gina, капките давај му ги како што вика докторот, сепак е мал синко. Моите се на доење со АД на секој оброк, и капки ставам во секое шишенце, така што им доаѓа на 2 часа. Е сега, понекогаш се заситуваат од цицање и не пијат АД, па така тогаш немаат капки.

Не се плаши и нека не те фаќа паника, се ова е нормално. Ајде, јака си ти, колку маки истрга додека да дојдеш до ова, па едни грчеви! Гледам дека си извадена од памет, но реално не е толку страшно како што ти изгледа, и верувај ми, тебе повеќе те боли од него. Синко си е во ред, се е ова нормално, и брзо ќе помине. Пуштај му музика, пуштај му white noise - вентилатор, фен, правосмукалка, побарај на нет звуци од матка и пуштај ги тие многу гласно, ова се уште неколку работи што ги најдов кога ние имавме мака и ги испробувавме.

И уште нешто - издржи ја ноќва, и утре денски пробај да поспиеш, ти треба одмор. Мора да се грижиш сама за себе за да можеш да се грижиш и за него. Само полека, ден за ден, а ние на РР сме тука за се што треба user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 1086
   RE: Грчеви кај бебето- колики
17.7.2015 9:54:51   
gina
eve devojki sinko moj duri sega se smiri nokeska se smiri pospa do 1:30 i koga stana do sega mu dadov uste dvapati kapki ama ne mu pomognaa pocica malku ama eve pocnuva pak kenka mu pustam relaksiracka muzika ama ne mu pomaga


< Поракaта ја уредил Felly RR -- 20.7.2015 13:22:43 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1087
   RE: Грчеви кај бебето- колики
17.7.2015 11:16:12   
jasmina 25
gina kako prvo vnimavaj na ishranata i pij kolku sto mozes caj od anason i kim i davaj mu na bebeto nas toa mnogu ni pomogna imame grcevi no ne tolku jaki se podnesuva i vidi probaj so sirupot COLIC BABY mene i kaj dvete deca mnogu mi pomogna koga ke mu dadam odma prestanuva da place ke se isprdi i si zaspiva,pravi mu masaza na meseto dvizi mu gi nozinata kako da vozi bicikla i toa ni pomaga prdi koga taka mu pravime...stom ne mu deluvaat epsumisanot probaj go sirupov dobar e...

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1088
   RE: Грчеви кај бебето- колики
17.7.2015 14:22:06   
lolla RR
gina има и апликација за бели звуци, пробај и со неа. Нас ни помагаше и кога ке почне да плаче додека цица, го кревав вертикално и неколку минути го шетав да смени па пак на града. Исто треба убаво да фати да не голта многу воздух и да има помалку гасови. Јас по цела ноќ си дежурав и кога ке чуев дека во мешето има гасови му ги крревав нозете и го вртев лево десно да се испрди. Тоа ни беше ритуал на мене и мм секоја ноќ.

За будење, Л го будевме на 3 часа ако затераше до 3 месеци бидејки е роден предвреме. Мислам и 4 часа не е страшно ако е 1 во денот ама мислам за новородени е 3 часа.

и најгланото клише, мораш да бидеш ти со самодоверба (јас уште работам на тоа да ја стекнам) кога има мака, оди во друга соба исплачи се извикај се и врати му се на бебчо смирена, оти бебињата се емпатични суштества. Ајде ке мине, ке најдете капки сируп што ви одговара и терајте. И немој да го преоблакаш, топло е, па може и склет да му е.

(Одговор на членот jasmina 25)
Непосредна врска до пораките: 1089
   RE: Грчеви кај бебето- колики
17.7.2015 18:05:24   
Bethany
Da go kazam moeto mislenje vo vrska so sirupot Nurse Harvey s.
Jas go imam zemano za moeto bebe, ona e vekje mesec dena, ama ne bi go preporacala na bebe malo kako na gina.
Sirupot se dava od eden pa maksimalno do 6 pati vo tekot na 24 saata, po potreba.
Po preporaka na pedijatar jas pocnav po 2-3 pati dnevno da i davam.
Ona sto ne mi se dopagja i zosto ne bi go preporacala posebno na novorodencinja od nekolku dena e militraza koja se dava. 5 ml e premnogu za tako mal zeludnik.
se dava posle cicanje primer, ama sepak kaj nas se slucuvase da i e premnogu i toa, pa bljucka i uste povekje se nagolta vozduh
Pa moevo bebe vo bolnica koga se porodiv ne mozese da ispie povekje od 10 ml mleko koga mu davaa so spric, pa neli e mnogu 5 ml sirup plus?
Nejse, prestanav da i davam i na mojava bidejki namesto podobruvanje primetiv deka povekje e naduta od tolkava kolicina dodatna tecnost.
Ova barem moeto iskustvo.

Prethodno davav espumisan ama pa treba i toj redovno da se koristi za da ima efekt. Kaj ke davam po 25 kapki na sekoj podoj, ne mozev da sledam toj ritam koga bebe se uste cicase duri i na saat?

Sega bataliv se, samo i go masiram meseto koga pocne da stenka i js digam nozinjata da gi isfrli gasovite i toa. Ima grcevi ama ne do stepen da vristi. Nas ni pravat problem so cicanje najmnogu sma toa e vekje druga tema.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1090
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 14:30:57   
lolla RR
Јас давав 4-6 пати сирупче дневно, а при крај и по 1-2 во денот не по 5 мл, туку колку што збира во лажичката и пак кај нас имаше најголем ефект. Значи дозирањето не мора да е толку многу. Колиеф не помагаше, Еспумисан 3 недели беше ок после иста песна.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1091
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 18:18:26   
gina
devojki nie od vcera pocnavme so sirupce Nurse Harvey s na 6 sati po 3ml i po pola ampula Prolife vcera dvapati a od denes samo navecer po pola i vcera sinko si spiese mirno si stanuvase samo za cicanje go oblakam samo bo bodi so kratki i pelenite i corapcinja
a inaku jas pijam caj mesavina od majcina dusica,kim, bosilek,grcko seme i anason
a kako da go budam za cicanje koga ne se budi uste vbolnica padna na kilaza a posle doma za 4 dena krena 140 gr.i znam deka koga cicame mnogu prima vozduh duri fati i jas mnogu placam ova malo sustestvo bese se sto posakuvav a jas namesto da bidam srekna jas placam otkako sme doma si vikam kakva majka sum jas koga neznam da se grizam za bebeceto kaj mm e posmireno jas mnogu se sekiram i me sekava mnugu se custvuvam neubavo user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1092
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 18:47:31   
Hopeful RR
gina, мило ми е што функционира сирупот, значи се најде решение user posted image

Инаку ќе се навикнете еден на друг, без гајле, и кај да е, ќе биде посмирено кај тебе, ќе видиш user posted image Нормално е да имаш постпородилна тага, и мене ме фати, заедно со страв, паника, анксиозност и што се не, но ќе се нормализира, ќе се запознаете и ќе се опуштите со синко. И јас плачам со синковци, па кога почнаа да се смеат, мене ми се смееја, си знае секое бебе која е мама user posted image За воздухот, нормално е и тоа, и по цицањето обавезно подигни го да ждригне, држи го исправен 10-15 мин. Ако не се буди, пробај соблечи му ги чорапчињата, закачај го по лиценцето (само немој да го скубеш, како што некои од старите медицински сестри прават), пресоблечи го, размрдај го и ќе се разбуди.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1093
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 19:48:11   
gina
user posted image fala i tuka sto mi davate podrska Hopeful neznam zosto samo se tresam i srceto mi lupa eve samo sto cicavme okolu pola sat i sam si pobara na 4 sati kenkase ama jas go zedov da go dorazbudam ubavo se naloka i sega pak spie ama pak vozduh zema fati pusti prvi na bradavicata smokni pa pusti pa pak lapni i se taka duri pocne ubavo da cica user posted image da go cuvam dodeka da zdrigne rekov ce legnam dodeka spie ama nemozev da zaspijam si rekov za vecer da imam sila samo mi e strav dodeka cica odvaj gi drzam ocite otvoreni da ne go zadusam se nadevam i vecerva ce pomineme ubavo


sakav da ve prasam dali im davate lazacki cucli jas dva dena mu stavav koga placese mnogu pa sega ne mu ja stavam mi e strav pa posle gradata da ne si ja misli lazacka




< Поракaта ја уредил gina -- 18.7.2015 20:03:33 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1094
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 20:27:46   
Hopeful RR
gina, ми кенкаат и двајцата па набрзина ќе ти пишам, после подетално - фати пушти прави дека е мал и уште не знае асално да фати и да цица. На некои им треба помалку,на некои повеќе време, ама ти секако држи го на града и кај да е ќе почне добро да цица. Моиве, Ј почна порано, а М тек пред некој ден, замисли, и пак послабо цица од Ј. Не гледај на саат колку време цица, остави го додека сам не се тргне, тоа значи дека е најаден. Колку кг родилна тежина имаше и колку има сега? Слободно буди го барем првиов месец, после ако си напредува добро, само следи ги неговите барања и дој го кога ќе побара. Не дозволувај да поминат повеќе од 4 часа меѓу подои за да не дехидрира, тоа обавезно.

За спиењето, нема спиење user posted image што да ти кажам, тоа е, прифати го тоа дека ќе спиеш во интервали од по 2 саати, и ќе се зачудиш колку добро може да се функционира ненаспан, за жал. Пробај да спиеш кога тој спие, ама како што гледам, не иде тоа баш така. Јас имав прво шок со тоа, па се навикнав, макар што секое сабајле сум крш, тоа ми е најголемата слабост, ама се издржува. И јас дремам додека цицаат, знам како ти е user posted image

Лажливки не му давај од одма, бар нека почне малку подобро да цица. Почекај некоја недела. Моиве прво нејќеа, па откога им купивме друг вид цуцли, ги прифатија и дури почнаа подобро да цицаат, изгледа им се извежба рефлексот за цицање. Сега им давам секогаш кога ќе посакаат и веќе секој си има омилена цуцла user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 18.7.2015 20:29:11 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1095
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 20:32:19   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

Јас давав 4-6 пати сирупче дневно, а при крај и по 1-2 во денот не по 5 мл, туку колку што збира во лажичката и пак кај нас имаше најголем ефект. Значи дозирањето не мора да е толку многу. Колиеф не помагаше, Еспумисан 3 недели беше ок после иста песна.

ne znaev deka moze i taka. Mislev samo dozirano kako sto e prepisano kje ima efekt. Toa e poprifatlivo sekako, so lazice nekolku pati na den.


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1096
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 20:59:03   
gina
ce probuvam na brzina da go dojam inaku koga i da bara stalno go stavam na grada a lazackata taka silno ja cuva kako so cucla da bil vo mese
no zagrizena sum dali treba da se odmolzuvam jas ja menuvam gradata pri sekoj podoj sega ne ako e na 10 min.ako e na sati
e sega mi se pomeki ama mleko ima sveh\krvami mi vika samo da ne se laze kako meki gradite da ti se da ne ne mu e dovolno ama koga se se stegnam istekuva e nekogas si tece i po mene
se rodi 3400 ne ispustija so 3140 pa za 4 dena krenavme na 3280 so moe i tri sisenca hipp pa za nekoj den pedijatarot treba da dojde da go meri

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1097
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 21:55:43   
lolla RR
гина, градите треба да се меки, не дозволувај да се стврднуваат. Филозофијата е дека во градите има сензор така кажано, колку почесто о подобро се празнат тоолку повеќе ке се полнат. НЕМОЈ никој да дозволуваш да ти се меша во цицањето, ама баш никој, тоа си е посебен момент меѓу тебе и твојот син и во никој случај немој да слушаш приказни од типот дали млекото е доволно јако, дали имаш доволно итн.... До 6 недели се регулира лактација до тогаш бебето само ке си ги нагоди градите колку да се полнат на колку време. За некој ден само ке си се буди повеќе, а ако заспива на града додека цица, пробај со компресии има видеа на јутуб. Мене ме советуваа да го голицкам, кубам, штипкам, ама тоа е безвезе, само ако му протече млекце ке мора да голтне и да биде свесен да цица.

За лажливка, јас сум против, не сме користеле, ама знам дека препорачуваат по 6 недели, додека се регулира млекцето.

И мајка тешко е, јас го доев навечер во дневна, намерно со пуштен тв, за да не задремувам. Или и мт нека учествува, ти дој, па потоа тој нека го држи обавезно да ждригне. и УЖИВАЈ, брзо мине времето.

А за депресија, јас 10 дена освен за бањање не го изнесов од спална, го криев бебуш д сите, мајка ми после месец дена прв пат го зеде во раце. Цело време го гледав и плачев од среќа што го имам, од тага што се роди малечко, од нервоза дали правам се што можам.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1098
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 22:24:57   
Hopeful RR
Сите сме исти будали, изгледа user posted image јас се уште мерам колку ги давам во раце бебињата на други луѓе освен на мм, нормално, тука мислам на мајка ми, свекрва ми, другари другарки. Дури љубоморна сум ако им се насмевнат на други, иако претходно мене ми се смееле user posted image хормони се ненормална работа, а посебно пак со претходен стерилитет, гледам ќе имаме проблем со посесивност user posted image

Да не офтопикувам, Гина, ти најдобро си знаеш што му треба на бебето, тоа е и хормонално, и интуитивно - па до вчера бевте едно тело! Се слагам со lolla, ич не дозволувај некој друг да ти кажува за доење, си знаеш сама, или ако не, наскоро само ќе ти се каже. Синко ти има супер тежина, супер напредува, така што тоа значи дека добро правиш. Со таква тежина, мислам дека не мора да форсираш на 2 часа доење, но слушај го педијатарот, не нас. Не додавај АД ако добро напредува, и набрзо доењето ќе ти стане големо задоволство. Ќе почне да те гушка, да те гали, да те гледа... Ќе си знаеш и колку цицал, колку испразнил, и дали е најаден.

Инаку, праша за измолзувањето, не ти пишав - доколку сакаш да зголемиш количина, добро е да се измолзуваш после секое цицање додека не ја испразниш секоја града. Тоа само ќе стимулира нова количина млеко. Измолзеното чувај го за ситуации во кои можеби нема да сака или може да цица, па да му го дадеш со шишенце, чисто како резерва. И исто така, измолзувај секогаш кога ја осеќаш тврда и преполна градата, дури и ако е измеѓу цицања или ако синко спие и не му е време за јадење. Градата менувај ја како што ти одговара и како што осеќаш - која ја чувствуваш пополна, понуди ја, ако се најаде од неа, следниот подој другата, или ако не, на пола доење смени го на другата, па на следен подој обратно. Имаш какви сакаш комбинации, најди некоја што вас двајца ќе ви одговара.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 1099
   RE: Грчеви кај бебето- колики
18.7.2015 23:22:26   
sandriana RR
Девојки, пошто муабетов се расплинил, морав да префрлам и бришам делови од муабетот - па така она што се однесува на време за доење е префрлено во темата Доење на саат или по барање на бебето = ТУКА.

Дел од муабетите се префрлени и во темата за Постпородилна депресија-ТУКА.

< Поракaта ја уредил sandriana RR -- 19.7.2015 0:02:25 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1100
Страница:   <<   < Претходна страница  42 43 [44] 45 46   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  42 43 [44] 45 46   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?