baby_bump -> RE: Грчеви кај бебето- колики (21.12.2010 10:30:07)
|
Можно е, ние сме со истиот проблем, јас на почетокот кога се роди, мислев дека тоа се грчевите што се појавија кога беше неколку недели, а сега со 2 месеци старост дури видовме што значат колики, со силно плачење навечер без престан, дури по неколку часа. Косата ми побеле веќе од загриженост и бевме на доктор, па докторката рече дека вистинските грчеви почнуваат околу вториот месец и може да траат неколку месеци [sm=zmeden.gif]..... Пробавме се и не се смируваат, Еспумисан Л, Саб Симплекс, нема помош, сега докторката ни препиша едни капки Prolife Lactobacilli, па ќе пробаме, вчера имаше малку смирување од нив но сепак многу плака навечер.
|
|
|
|