|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Моето или неговото презиме??
10.10.2013 1:45:33   
Snowhite RR
Ајдее до кај отидовте вие, зарем љубовта се мери со тоа кој чие презиме ќе го стави?
Мене воопшто не ми беше толку битно тоа, макар што јас многу си го мразев моето презиме, многу ми беше тешко за изговор и се немаше случено некој од прв пат да го разбере, мораше барем два пати да повторам, кај еднаш едвај ќе го изустев, па кога ќе ми речеа Како? еее смрт ми беше и едвај чекав да дојде моментот да го сменам. Сега малку ми е криво, можеби требаше да го задржам, зашто е единствено презиме во Македонија, ама па имам брат, а и братучеди ќе го продолжат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 226
   RE: Моето или неговото презиме??
5.6.2014 18:35:55   
Defne90 RR
Јас на почетокот кога се регистриравме со мм,многу сакав да си го задржам моето моминско презиме,и ми беше многу криво што не го сторив тоа.Ама сега како што минува времето всушност и не ми е воопшто криво што не го задржав.Ем ќе ми беше покомплицирано за скратен потпис,ем на крајот на краиштата само јас ќе си го носев.Немаше да се додаде на презимето на моите деца.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 227
   RE: Моето или неговото презиме??
5.6.2014 19:05:25   
LoveableMe RR
И моето и неговото.user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 228
   RE: Моето или неговото презиме??
5.6.2014 19:50:00   
scared RR
Moeto go zadrzav i go dodadov negovoto vo original epten ubavo zvuci user posted image sledam moda user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 229
   RE: Моето или неговото презиме??
5.6.2014 20:26:39   
Hopeful RR
И моето, и неговото. Не ми се допаѓа идејата скроз да се одрекнам од презимето, тоа е дел од мене и воопшто не ми е опција. А додавањето го направив затоа што сама сакав, немаше никакви притисоци. Е сега, кога морав да менувам документи, и двајцата се нервиравме со процедури и трошоци и баш мојот прогресивен феминистички настроен сопруг беше тој што ми рече - ич не требаше да го додаваш, што има врска user posted image За деца, здравје кога ќе имаме, би сакале да ги имаат и двете презимиња, зошто да не, па ќе видиме.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 230
   RE: Моето или неговото презиме??
7.6.2014 21:47:01   
princessa
Никогаш немав размислувано во живот за презимето, си терав едноставно по традиција и си го земав на мм и ич не ми е жал. Нека се знае дека сме фамилија и сите да носиме исто презиме и децата секако. Некои што не го земаат презимето на сопругот нема да познаеш дали се во брак или не, најискрено.

_____________________________

All of us have our own beliefs, opinions. These inner assumptions rule and govern our lives. A suggestion has no power in and of itself. its power arises from the fact that you accept it mentally!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 231
   RE: Моето или неговото презиме??
20.6.2014 16:10:22   
Leichka
Јас го земав презимето од сопругот затоа што така ми е наједноставно, а и тоа со две презимиња малку не ми звучи убаво. Нормално секој си има свое мислење и го почитувам тоа. user posted image

(Одговор на членот princessa)
Непосредна врска до пораките: 232
   RE: Моето или неговото презиме??
20.8.2014 12:50:48   
tincule
јас си го додадов на моето презиме неговото, дури и мм инсистираше user posted image Не сакав да го земам неговото и да го отфрлам моето ем зашто немаме машко у фамилија да го продолжи и плус јас сум била таа цел живот само затоа што ќе се мажам не значи дека треба да се откажам од старата јас и да се сменам, јас така го сваќам тоа. Влагаш у друга фамилија и со презимето нивна си сега,(тоа ми го имаа искоментираноuser posted image ) оф како па да не го зимам само човекот што го сакам, презимето на свекор ми па ич не го сакам а тој па што човек е пу пу скраја да ви е од таков табиет. Јас сум си таа само сум си ветила љубов со човекот што го и сакам да си го поминам остатокот од животот. Презиме ради адреса, улица поради пошта, прстен ради верност, папир ради државата, така да кога ќе видиш тоа ништо не ми даваше некое големо значење епа зашто и да си го отфрлам моето презиме. А детето кога ќе ми порасне може да го носи кое сака или и двете нека одлучи само, сега го има само на татоuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Leichka)
Непосредна врска до пораките: 233
   RE: Моето или неговото презиме??
30.11.2014 20:11:05   
caciana
Jas ke go zemam negovoto... Ako bila fintata da go zadrzam moeto togas nema potreba od mazenje user posted image . A vo nikoj slucaj nema da go zemam vo maski rod... mn mi se prosti tie preziminja user posted image

(Одговор на членот tincule)
Непосредна врска до пораките: 234
   RE: Моето или неговото презиме??
1.12.2014 10:55:45   
Hopeful RR
Се слагам со tincule. Тоа со влегување во нивна фамилија врска нема - со бракот јас и сопругот си создаваме своја фамилија, не влагам јас во нивната, ниту пак тој во мојата. Да, има пошироко семејство, но тоа подеднакво ги вклучува и моите и неговите, а не дека јас сега ќе им бидам ќерка. Од тие причини, инсистирањето на неговото семејство за презимето ми е многу безврска, и фала богу кај нас немаше такви притисоци, ни муабети, до толку што и свекрва ми си го има задржано нејзиното моминско презиме и додадено од сопругот. Немаше да има никаков коментар и ич да не го додадев, но ете, јас сакав.

А тоа дали некој на улица ќе знае дали сум мажена или не според презимето ми е скроз небитно. И прстенот не го носам секогаш, ни сопругот не го носи, и тоа не ни значи многу. Бракот не е за покажување пред комшии или колеги, туку за нас двајца, и не гледам зошто да покажувам и докажувам нешто во јавност.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 235
Страница:   <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]
Оди на:






Анкета

Dali ste humani luge?
Jana9

Dali ste humani luge?

Da (33%)

Ne (0%)

Ponekogas (67%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!