Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 10:55:02
Snow Queen
по желба на мајка ми, кумот бил другар на татко и и им рекол ваше си е детето вие цел живот по име ќе си ја викате затоа вие изберете си. и така мајка ми ми го избрала името,кое мнооогу си го сакам
_____________________________
07.04.2006........до ден денес со саканиот сме лудо вљубени
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 12:26:53
Yummy Mammy
Jas sum trebala da se vikam Aleksandra po dedo mi, ama koga sum se rodila i koga site pocnale da me vikaat taka baba mi pocnala da mrci zasto po dedo mi, a ne po nea i togas majka mi presekla i rekla "e pa cim taka nema po nikoj da se vika, ke si ima svoe ime". I togas me krstile po devojceto na nivnite prijateli koe e 2-3 godini postaro od mene, a imeto ne e bas taka cesto kako Aleksandra. za mama
_____________________________
There are no strangers, just friends you haven''t met yet!
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 14:34:12
Pepelaska *
по желба на мама, гледала некоја серија и имало глумица со моето име па си рекла така ќе си ме крсти, бидејќи сум 85 серијата била српска така да и моето име и не си го сакам баш, после некое време видела дека на 30 септември е празник Софија, Вера, Нада и Љубов па се покајала што не ме крстила Софија
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 15:12:36
AnnaMolly RR
Името ми го дала братучетка ми којашто тогаш имала околу 3 години. Рекла дека вујна во стомачето има машко бебе и дека ќе се вика Иринче. И кога сум се родила мајка ми ме завикала Ирина и благодарна сум и за тоа зашто многу си го сакам името.
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 15:31:56
bombica
По некој си филм "Капетан Наташа "што го гледале татко ми и мајка ми кога била 7 ми месец бремена со мене. Многу им се свиѓал и филмот и глумицата и кога излегле од кино се договориле ако е женско да се вика Наташа.И би женско
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 19:46:17
temjana
Омилено име на мајка ми, сите кукли и се викале така. Кога се запознале со татко ми дознала и дека починатиот татко на татко ми се викал така (нормално машка верзија од името) и тоа било не размислувале. За жал на сестра ми која е прва баба ми го избрала името и ја унаказила,па сестра ми на 7 години си го смени името. Незнам што им е проблем на старите ама за среќа денеска ние не молчиме и недозволуваме по секоја цена да ни се мешаат особено не за ваква работа кога е во прашање името на твоето дете.
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 20:43:43
Annet
еее моето име татко ми ми го дал,имало Билјана,Даниела и уште некое,но решиле да влечат имиња напишани на ливче,и Испаднало моето-Анета,арно ама сите биле напишани со моето име,од после на мајка ми и кажал..тоа е хаха ама многу си го сакам именцето
RE: Како сте го добиле вашето име? 15.1.2012 20:49:55
Melanija RR
По желба на братми, така се викало девојчето во градинка со кое најмногу се дружел
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
RE: Како сте го добиле вашето име? 16.1.2012 9:49:42
Calypso
Po pesnata na Srebrna Krila, ANA... brat mi sakal taka da se vikam, a i majka mi sakala nekoe pokratko ime, za da ne mi vadat prekari (a denes nikoj ne me vika po ime, se nagaleno ). Isto sum imala i nekoja prababa Ana... ama ne mi kazuvale mnogu za nea.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
RE: Како сте го добиле вашето име? 16.1.2012 12:00:48
mama toci
Imeto sum go dobila po zelba na dvete tetki po tatko.Pred da se porodi majkami pratile telegrama so ime za masko i zensko.Majkami za ater i za mir vo kuka-prifatila.Sekogas koga ke gi prasav od kade im teknalo za imeto vikaa-onaka imale zelba,iako javna tajna bese deka go isprevrtele od imeto na majkaim(baba mi)koja umrela mlada.Mnogu si go mrazev imeto,no koga sozreav svativ deka imam edinstveno ime(barem jas ne poznavam drug so vakvo ime),prepoznatlivo,i sega mnogu si go sakam.A da-javno ne priznaa no zatoa imam mnogu privilegii i od dvete tetki-koga renovirav mi go podarija ureduvanjeto na spalnata soba i mnogu drugi pomali podaroci.....
RE: Како сте го добиле вашето име? 21.9.2012 23:01:08
pucilda
imeto sum go dobila po baba mi(na tatko mi majka),kumot mi bese srbin od bosna i mnogu ja sakal peackata Silvana Armenulic i rekol taka da se vikam,am tetki te se pobunile i posle toj rekol Mirjana,ama pa tetka mi se vika taka i na kraj rekol e ke se vika po babai...
RE: Како сте го добиле вашето име? 21.9.2012 23:16:39
elenak
По баба ми. А татко ми е од Делчево и таму таков адет нема и не знам зошто мајка ми се запнала да го тера Многу и било убаво името. Баба ми уствари беше Јелена, да ми го ставеле во оригинал сто пати поубаво, вака не ми е по ќеф, ама мое си е и си го носам
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
RE: Како сте го добиле вашето име? 22.9.2012 10:00:56
sandriana RR
Од скромниот список на младиот кум, со три имиња, мама ми го одбрала едно од најчестите имиња за периодот на раните '80- Александра. Другите две биле Терезина и Габриела. Мислам направила добар избор (најуниверзалното име го одбрала)