elenak -> RE: Частење на докторите и сестрите (31.10.2012 21:51:22)
|
За моето породување се почастија сите вработени на гинекологија за тие 5 дена што бев таму (па и останати оддели кај што си имавме работа). Не за да ми посветуваат внимание, туку онака од срце, затоа што се излезе добро и бевме задоволни од сите. Е сега небитно по колку евра си земаа докторите и од мм и од мајка ми имаа плус подароци (виски не купивме зошто претпоставувавме дека имаат големи залихи) ама не ми се веруваше дека еден д-р може толку да се спушти и сам да си бара. Човекот го видов прв пат во живот, ок ми се најде, да не беше тој мојот царски не знам кога и каде ќе се случеше, ама нити ми водеше бременост нити ме прегледа некогаш, па можеше да биде задоволен со јадењето и пиењето што беше донесено вечерта после породувањето. А дотичниот пратил сестра кај мене во 01 часот по полноќ, јас сеуште зашеметена од операцијата да ми бара број од мм. Сигурно дека се стрепнав, си реков да не нешто не е во ред а не ми кажуваат мене па го бара мм. Тој му се јавил да си порача виски, а мм му рекол ,, докторе па ви оставив пари во кесата што ви ја дадов, купете си,,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] А овој пак ,, не, не, ти купи и донеси ми виски не знам јас таму што си ми оставил,,. Е арно оти имавме купено за дома две шишиња да има па му го однел едното.
|
|
|
|