vezilka RR -> RE: Нашите баби и дедовци (13.3.2014 8:50:14)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR Јас би сакала да ја погледнеме темата и од друг аспект. Какво влијание имале на вас вашите баби и дедовци? Јас морам да кажам дека поминав едно од најубавите детства и иако одевме со сестра ми во градинка, за време на зимскиот/летниот распуст, не чуваа бабите и дедовците. Тие дружења се едни од најубавите што ги паметам во животот. Со нив учевме песнички популарни за деца од нивно време, ни раскажуваа приказни со кои ги плашеле/успивале, не учеа за многу работи во животот. Помалку не прекоруваа од родителите кога ќе направевме беља, па после кога ќе разбереа моите што сме направиле, ќе ни покажеа убаво и нив ќе им подвикнеа зошто толку не галат, иако моиве баби/дедовци не беа многу меки, нитумногу строги спрема нас. Со едниот дедо одевме во викендичка и таму поминувавме многу време по планините во лето. А пред нивните куќи секогаш игравме со еден куп деца, со кои и денес имаме контакти и спомени. Јас сум многу задоволна што имав можност да поминувам време со нив, сигурно многу работи на моите не им се допаѓаа што ги правеа дедовциве/бабиве, памтам дека им викаа и ги прекоруваа (како секоја мајка и татко кои се грижат за своите деца), но мене ми беше ептен супер со нив. Размислете и за овој аспект (освен кога има невозможни услови како кај Мартинс, Везилка и сл.), дали на вашите деца им е убаво со бабите/дедовците? ИЗВОРНА ПОРАКА: niki Jas mnogu si gi sakav roditelite na majka mi i kaj niv mi bilo sekogas prekrasno, no ne se sekavam da sum odela sama tamu bez barem majka mi do moja deset_a godina Moite dosle vo skopje koga sum se rodila i majka mi se do moi 10 godini bese domakinka i se grizese za mene i sestra mi, pocna da raboti koga nie dve bevme dovolno golemi da ostanuvame sami doma nikogas ne sum ziveela vo zaednica nitu so ednite nitu so drugite, nitu pak sme bile ostavani kaj niv na cuvanje bez nekoj od roditelite ili tetkite da bide tamu Baba mi pocina koga imav 12 godini i tuka negde se zavrsija cestite poset_i kaj niv Drugiot d3do go pocituvav mnogu , toj bese praveden odgovoren seriozen, ama i toj pocina brzo po baba mi, a negovata pak zena, majka na tatko mi bese njlosotija od site i nea nikoj ne ja sakase, pogan jazik kako na martins sveki, ne se sekavam da ne tepala no nikogas i ne se grizela za nas, ama sepak nekoi zborovi mnogu poveke bolat i od samari, i ko za maler taa ziveese najdolgo od site babi i dedovci Sto se odnesuva za kerka mi taa uziva so babite, no sepak zaradi nivnata starost i zdravstvena sostojba ne gi smetam za sposobni da ja cuvaat celo rabotno vreme, so sveki go raskrstivme odnosot vo toj pogled bidejki ne mozese da se snajde so deteto vo stranska zemja, kade ne mozese da ima oddiska vo vid na prijateli, i poradi to bese frustrirana pa mi se isturase na mene, i mozebi ke ja trpev uste mnogu ama koga doziveav da me sedne na razgovor pred maz mi i kerka mi i da me narekuva zlotvor idiot i slicni epiteti za da dokazela kolku e on a dobra a jas neblagodarna i losotilak Posle toj razgovor na maz mi mu rekov da si ja prati doma i za dete cuvanje da ne mi ja spomnuva, bez ogled na toa sto deteto go saka i relativno dobro se odnesuvase so nea sepak ne moze vo kuka da mi bide nekoj koj nema voopsto pocit kon mene i koj postojano ke mi servira kavgi za sekakvi gluposti pa uste ke me narekuva so pogrdni iminja ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR Мојата баба за мене беше светица, таа беше човекот кој најдобро ме познава, во неа имав најголема подршка, рамо за плачење, другарка за муабет,се’. Нејзината смрт многу тешко и ден денес ја поднесувам...фали[sm=smiley19.gif]. И со дедовците и другата баба ми било супер, сите ми кажувале како внуците се сакаат повеќе од децата и баш затоа ме чуди што ете вака е во моето сегашно семејство. [sm=smiley13.gif] ИЗВОРНА ПОРАКА: miana ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR Мојата баба за мене беше светица, таа беше човекот кој најдобро ме познава, во неа имав најголема подршка, рамо за плачење, другарка за муабет,се’. Нејзината смрт многу тешко и ден денес ја поднесувам...фали[sm=smiley19.gif]. И со дедовците и другата баба ми било супер, сите ми кажувале како внуците се сакаат повеќе од децата и баш затоа ме чуди што ете вака е во моето сегашно семејство. [sm=smiley13.gif] Кај мене е исто..Мојата баба е сеуште жива ( фала му на бога ) и таа е за мене светица. Јас многу често знам да се расплачам од помислата дека еден ден ке ја нема, а незнам како ке се понашам кога навистина ке ја снема..Ја сакам повеке од мојата сопствена мајка, ете верувале вие или не.. Имав само една баба, дедоми е починат три дена пред да се родам, а од страната на таткоми не контактирав со тие баба и дедо, такада, јас имав само ЕДНА АМА ВРЕДНА баба. Неможела да ми пружи многу како што некои баби им пружаат на децата, но таа беше таа која што ме носеше на лекар, на забар. Таа беше таа што ми раскажуваше приказни, што ме караше кога требаше и никогаш ме нема удрено. Ете тоа е мојата баба. Горда сум на неа, таа заслужи да ја наречам херој, зошто таа навистина е херој во правата смисла на зборот. ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR Овде и јас имам што да се пофалам.Јас и сестра ми израснавме со дедо.Родителите ни одеа на работа,така да ,тој беше тој што секое утро ни палеше оган пред да станеме за да ни биде топло,тој се грижеше секогаш да има топла вода кога ќе станевме за да не ни биде ладно.Едно од најубавите сеќавања ми е кога во ладните зимски денови ќе се вратевме од училиште на маса ме чекаа топли компирчиња со сиренце или компир манџа.Од дедо ми ја научив и да ја правам [sm=smiley1.gif].Со дедо ми секој ден одевме на лулашки,дедо ми не мазеше малку повеќе од што треба,иако како родител бил многу строг,баба ми била таа што баланситала.Е нејзе ја изгубивме кога јас имав 3 ггодини,а сестра ми немаше ни една.Не ја имавме срќата да растеме со неа,а сите кажуваат дека била прекрасна личност.Дури и мајка ми,а снаа и беше [sm=jezicek.gif].Со дедо ми игравме разни игри,ни раскажуваше приказни и т н Сега веќе е подостарен и ме мачи и самата помисла дека ќе го изгубиме.Ама прекрасни сеќавања од детството имам со дедо ми. Затоа сакам и моето дете да расте со баби и дедовци и навистина мислам на лето да поминува по некое време со нив. Другите баба и дедо не ги спомнав дека живеа далеку од нас,одевме на лето и за празници кај нив и убаво си поминувавме,ама најверојатно поради далечината ја немав таа блискост со нив. ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR Јас имам емоционална дупка по однос на прашањето на баба и дедо. иако живеевме заедно цел живот, не бевме блиски воопшто. Никогаш никаде не не носеа. Дури и кога требаше некој да не носи или зема од училиште, доаѓаше чичко ми од другиот крај на градот, тие, не. Не се сеќавам дека некогаш некаде сум била со некој од нив, ниту дека некогаш сум добила нешто од нив. Се сеќавам на чувството дека им завидував на другите деца кои си ги обожаваа бабите и дедовците, и секогаш се потпираа на нив. Мене не ми беше јасно зошто моите нас не не сакаат, така го сваќав тоа. Тие не не караа, ниту не тепаа, едноставно со нас се однесуваа како да сме туѓи деца, како да сме приморани да живееме тука на ист простор, а баш не се сакаме. Можеби до некаде и така и беше. И беа токму такви, не се имаа со сопствените деца, па камоли со внуците. Она нашто најмногу се сеќавам во врска со нив, е чувството на страв, неправда и тага кога ќе ги слушнев од нив погрдните зборови упатени на мајка ми.[sm=smiley13.gif]
|
|
|
|